Од денеска (1 јули 2019) домаќинствата и малите претпријатија кои не излегоа на либералниот пазар на струја, добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач.
Станува збор за ЕВН Хоум, субјект кој произлезе од ЕВН Македонија, кој победи на тендерското поддавање што го организираше Регулаторна комисија за енергетика.
Инаку цената на струјата под овој снабдувач останува непроменета и останува истата како и до сега до 1 јули следната година.
Потрошувачите нема да потпишуваат никакви нови или дополнителни договори за снабдување и понатаму ќе добиваат една фактура зад која ќе стои ЕВН Хоум.
Компанијата ќе ги снабдува корисниците кои нема да излезат на отворениот пазар во наредниве пет години,а анајвени се подобри услуги како кол центар достапен 24/7 на три јазици, електронско плаќање и друго.