Промовирани огласи »

Како што веќе најавивме, Скопје на 18.07 го добива својот прв Retail Park - POINT Retail Park. Еден од најубавите концепти за пазарување во светот, кој повеќето луѓе го обожаваат пред се поради лесниот и единствен начин на пазарување на принцип Stop & Shop, наскоро ќе биде презентиран и кај нас.

По повод отворањето предвидени се голем број на забавни активности како за најмладите така и за повозрасните. Големи акции, попусти и најважно од се, Late Night Shopping во кој посетитителите ќе можат да уживаат до полноќ купувајќи ги своите омилени парчиња на гардероба или нешто за својот дом.

Забавата е предвидено да започне за најмладите уште во 12 часот со песни и забава, а ќе можат да уживаат во убави песни, фотографирајќи се со омилените картолини и да играат на професионалните играчки за деца кои ќе бидат поставени за нив.

Од 19 часот е предвидено и свеченото отворање на Point Retail Park каде се очекуваат голем број на луѓе и гости. Сите посетители во Point Retail Park ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ, Д Спортска према и други. Во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, , игрoетка и продавница за деца на површина од 2500 м2.  Point Retail Park се простира на површина од 9500 м2 и ќе има 300 паркинг места. Инвеститор на Point Retail Park  е компанијата Али Тобако.

Не заборавајте дека на 18.07.2019 започнува со работа првиот Retail Park кај нас.Запомнете ја датата.

Промовирани огласи »

Јапонските компании се познати по долгите, строги работни часа, но сето тоа наскоро ќе се промени. Неколку компании избраа да пробаат нов распоред што на работниците им овозможува да работат само 4 дена во неделата и да уживаат во подолг викенд. Но, условот е секој вработен да работи 10 часа.


Причината зошто оваа промена е добра е тоа што на работниците им дава поголема флексибилност. Работниците имаат повеќе време да се релаксираат благодарение на долгиот викенд. Посреќни работници исто така значи дека имаат помалку веројатност да дејствуваат на деструктивен начин.

Јапонија сè уште е далеку од четиридневната работна недела во секоја компанија. Сепак, на тие што работат во услужни дејности или во полето на медицината најмногу им се потребни овие промени за да бидат поенергични и подобро подготвени за работниот ден.

Промовирани огласи »

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија доплер радари за означување дозволена и ограничена брзина на булевар „Србија“. 

Досега се поставени 8 доплер радари (по 2 на булевар) на булевар Србија, булевар 8. Септември, булевар Словенија, булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, а набрзо ќе бидат поставени и на булевар Борис Трајковски.

Промовирани огласи »

Цената на биткоин се опорави кон крајот на јуни, при што го достигна највисокото ниво во 2019 година од речиси 14000 долари (26. јуни). Вкупната пазарна вредност на биткоинот сега изнесува 202,8 милијарди долари, што е за околу 67,1 милиони долари повеќе од вкупната вредност на сите останати криптовалути заедно.

Fortrade, за сите оние кои што се заинтересирани да научат како да тргуваат со цената на Биткоин на онлајн берза (т.н. CFD-и) или оние кои вложуваат во себе и едноставно сакаат да го прошират своето знаење, подготви бесплатна е-книга "Како да тргувате со цената на Биткоинот". Книгата е прилагодена на секое ниво на знаење и можете да ја преземте преку линкот подолу.

Бесплатна е-книга "Како да тргувате со цената на Биткоинот" преземете ја овдека.

Интересот за биткоинот и криптовалутите помеѓу некои од најголемите технолошки компании на светот како што се  Facebook и Apple, укажува на се поголема доверба во биткоинот, криптовалутите и (blockchain) технологијата.

Уште една од причините за ценовното закрепнување од дури 200% во оваа година е т.н. "halvening", со кој наградата за рударење на биткоин се смалува за половина. Моменталната награда за завршен еден блок изнесува 12,5 биткоини. Наградата за рударите се намалува за половина на секои неколку години, со цел инфлацијата да може да се држи под контрола. Во мај 2020 годинанаградата ќе падне 6,25 биткоини. Помалата вредност ќе го намали производството на биткоинот, што пак од друга стрна ја зголемува и неговата вредност. Помалата награда ќе го намали производството на биткоин, што пак ќе ја зголеми неговата вредност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »