Промовирани огласи »

Еколошката категоризација на возилата нема да биде задолжителна, туку факултативна, но возилата што нема да бидат категоризирани нема да смеат да се управуваат во забранетите зони за движење на возила што ќе ги прогласат локалните власти во услови на зголемено загадување на воздухот и ако ги исполнуваат условите за добивење зелена еколошка налепница. Во деновите кога има забрана ќе можат да се возат само возилата со зелена маркичка.

Ова беше заклучено на денешната амандманска расправа на матичната собраниска Комисија за економски прашања за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила во второ читање на која беа прифатени четири од поднесените 13 амандмани.

Зелена еколошка налепница ќе можат да добијат возилата што го исполнуваат стандардот ЕУРО 5 и повеќе, но и возила со ЕУРО 4 и ЕУРО 3 стандард во кои е вграден плински или метанов уред, како и хибридните и електричните возила. Од категоризацијата се изземаат возилата на војската, полицијата, пожарната и брзата помош, како и возила во кои се возат лица со попреченост. Тие ќе можат да се движат и во зоните каде има забрана за движење поради загаденост на воздухот. Трошокот за еколошката налепница ќе биде на товар на граѓаните, а за издавање на погрешна еколошка маркичка предвидена е глоба од 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице во техничката служба.

Во законското решение се предвидени 170 милиони денари за субвенционирање на вградување на плински и метанов уред во возилата со ЕУРО 4 стандард и помалку, како и за купување на ново возило по системот старо за ново. Првично овие средства беа предвидени за субвенционирање на набавка на нови хибридни и електрични возила, но со амандманите е преиначено решението. Сепак, оние што ќе купуваат хибридни и електрични возила ќе можат да користат субвенции од програмата старо за ново возило.

Имплементацијата на законското решение ќе стартува 12 месеци по стапувањето на законот на сила со цел да се усогласи со останатите закони, а во првите три години од спроведувањето на законот ќе им се овозможи на сопствениците на возила со ЕУРО 4 стандард да добијат зелена еколошка налепница доколку побараат.

На седницата на Комисијата беа прифатени само амандманите поднесени од пратеници од владејачкото монзинство, а не беа прифатени девет амандмани поднесени од пратеници од опозицијата со кои се бараше воопшто да нема категоризација на возилата со еколошки налепници. За опозицијата донесените измени се популистички и со нив воопшто нема да се реши загадувањето на воздухот, туку ќе се казнат најсиромашните граѓани кои имаат возила со пониска категоризација и ќе се ограничи нивното движење. Наместо тоа, предлагаат државата прво да спроведе мерки за намалување на загадувањето како што е субвенционирање за вградување плински и метанов уред, па потоа да ги категоризира возилата.

Дека нема да се реши загадувањето со новиот закон за возила се согласи и заменик-министерот за економија Кире Наумов, но тој потенцира дека во секој случај категоризацијата на возилата ќе придонесе за намалување на загадувањето.

Промовирани огласи »

Само што се пријавивте за работа на интернет, и добивте повик од регрутер, прашувајќи дали можете да разговарате со менаџерот за вработување.

Вие сте возбудени додека не слушнете дека интервјуто се случува за 48 часа. Два дена. ОМГ!
Не паничи; само подготви се! Ние те покриваме!

Со тајминг и стратегија, подготвивме сеопфатна листа на суштински начини за да се подготвите за вашето интервју.

Генерирајте листа на потенцијални прашања за интервју (и што ќе одговорите!) Однапред.
Напиши ги одговорите на секое прашање што го очекувате и практикувајте ги гласно и самоуверено.
Споредете ги своите вештини и искуство со описот на работното место.
 

12-24 часа пред интервјуто:

  • Бидете одморени и хранете се здраво.
  • Јадете здрави оброци за деновите пред интервјуто за да имате доволно енергија да го надминете стресот
  • Ако сте склони кон вознемиреност, обидете се со техники за дишење или медитација утрото на интервјуто, па дури и неколку минути пред интервјуто.

6-12 часа по интервјуто:

  • Следете.
  • Продолжувањето на разговорот покажува дека сте страсни за работата. Не се јавувајте секој ден прашувајќи дали сте ја добиле работата, но едноставна благодарност може да зборува многу за вашата посветеност на позицијата.
  • И ако не ја добиете работата? Дозволете им да знаат дали сте заинтересирани и да прашате што можете да направите за да бидете попривлечен кандидат во иднина.

Промовирани огласи »

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, очекува во иднина цените на становите во изградба да поевтинат за 100 евра затоа што за таа сума ќе се намали приклучокот на струја со новите регулаторни правила кои се очекуваат да стапат во сила на крајот на август.

Од август се очекува да се одобри новиот ценовник со кој трошокот за стандарден приклучок на  електрична енергија ќе се намали од 500 на 400 евра. Новата цена за приклучување на дистрибутивната мрежа на ЕВН ќе важи од септември годинава.

Го зголемвме и опфатот на стандардни приклучоци со цел да има поголем број на граѓани кои при приклучувањето на своите куќи ќе можат да ги намалат своите трошоци за приклучување на мрежата. Очекуваме намалувањето на стандардниот приклучок да има влијание и на инвеститорите кои градат згради во земјава, бидејќи реално ќе им се намалат трошоците за 100 евра од стан што треба да се одрази и врз цената на становите, рече Бислимовски.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 денари од литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,50 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар за литар, во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.07.2019 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 денари за литар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »