Промовирани огласи »

Од денеска четири летови со нискобуџетната компанија „Визер“ ќе има од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија.

Покрај новите четири дестинации денеска ќе биде промовирано и поставувањето на петтиот воздухоплов на базата на „Визер“ во Скопје.

„Визер“ од двата аеродрома во земјава опслужува околу 40 дестинации.

Промовирани огласи »

Тестот на д-р Сузан Делингер ќе ви помогне да откриете нешто повеќе за себе и за работата со која (ќе) се занимавате. Методот на облици на кој се темели тестот е идеален за препознавање на сопствените квалитети, но и мааните кои нè спречуваат да чувствуваме задоволство во работата и да ги постигнуваме целите.

За да откриете дали го имате пронајдено вистинското животно занимање или она кое е најидеално ве чека во иднина, потребно е внимателно да ги разгледате облиците и да го изберете оној кој мислите дека најдобро ве претставува како личност. Потоа организирајте ги останатите форми од најпривлечната до најмалку привлечната.

1. Круг
Вам најважни ви се добрите меѓучовечки односи, односно важно ви е оние кои се во вашата околина да бидат среќни. Вие сте лепило кое ги држи сите соработници заедно. Во состојба сте да ја стабилизирате групата и поседувате висок капацитет за емпатија и радост, а болката на другите ја чувствувате како своја. Вашите маани како склоноста да зборувате за другите, неодлучноста, мрзеливоста и самопожртвуваноста често ве „јадат “и не ви дозволуваат да го пронајдете сопствениот мир, како ни да добиете признание за успех.

Идеални професии: глума, маркетинг, историчар, домаќинка, менаџер за човечки ресурси, учител, угостител, писател.

2. Квадрат
Сакате напорно да работите, борбени сте и секогаш сакате да го завршувате она што ќе го започнете. Некои од поголемите ваши квалитети во сите животни ситуации се вашата трпеливост и методичност. Но, со оглед на тоа дека сте во состојба секој детаљ во работата детално да го проверите, што ја успорува вашата одлучност, тешко ќе дотуркате до шефовска позиција. Заради доминантното користење на левата страна на мозокот, која ја карактеризира логичко размислување, никогаш не го слушате својот внатрешен глас туку сте во состојба попрво со часови да анализирате како да дојдете до решение отколку да си ја послушате интуицијата.

Идеални професии: сметководител, банкарски службеник, програмер, градежен работник, доктор, инженер, секретар, трговец, возач.

3. Триаголник
Вие сте роден менаџер, лесно можете да се фокусирате на одредена цел и промислено и брзо да ги анализирате ситуациите, a новите информации ги впивате како сунѓер. Многу сте самоуверени и сакате во сè да бидете во право, затоа не е чудно што ви е толку тешко да признаете грешка. Вашите предности се контрола, критичност, иновативност, прецизност, визија, амбиција, компетитивност, одлучност, фокусираност, склоност за почитување на хиерархијата. На патот кон остварување на високо поставените цели ви пречат нетрпеливоста и самоориентираноста.

Идеални професии: архитект, претприемач, дизајнер, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар, синдикалист.

4. Правоаголник
Исто каква што е формата на правоаголникот која наставува од еден облик а преминува во друг, така и вие постојано се обидувате да седите на две столици. Никако не ги препознавате сопствените квалитети и постојано барате излез од моменталната ситуација. Другите би ве окарактеризирале како збунети и луѓе со недостаток на самодоверба, додека пак од друга страна ве одликуваат љубопитност и храброст. Вие ќе се обидете да направите нешто што никој дотогаш го нема направено и прашувате сè што другите немаат храброст да прашаат.

Идеални професии: претприемач, аниматор, раководител на оддел, јавен изведувач.

5. Цик-цак
Многу сте креативни, исто како што симболизира знакот. Се потпирате на имагинацијата, имате способност да создадете избалансиран поглед на светот и да ја видите неговата внатрешна убавина. Но, од друга страна многу сте немирни и не можете долго да работите на едно место. Ви станува здодевно, посебно бидејќи верувате дека ништо не е конечно и запишано во правилата. Лесно смислувате идеи, но проблем е што тешко ги реализирате бидејќи едноставно гледате за три чекори нанапред и повеќе ве интересира можноста за остварување отколку самата реалност.

Идеални професии: уметник, дизајнер на ентериер, изумител, музичар, професор, промотор, истражувач, столар.

Промовирани огласи »

Во Македонија се помалку се раѓаат деца, населението полека, но сигурно се преполовува.

Глобалниот здравствен индекс „Блумберг“ разгледува неколку фактори и ги рангира најздравите и нездравите земји во светот.

Факторите што се користат за рангирање на државите вклучуваат: здравствени ризици (употреба на тутун, висок крвен притисок, дебелина), достапност до чиста вода, очекуваното траење на животниот век, неисхранетоста и причини за смртност.

Прворангираната- најздрава земја, Шпанија, има оценка од 92,75.

Според податоците на „Блумберг“ во Македонија има едно раѓање на секои 24 минути, една смрт на секои 25 минути и еден нето мигрант на секои 480 минути.

Според проекциите на „Блумберг“ за движењето на населението, тоа ќе се намалува од година во година. Во 2020 година се предвидува дека населението во земјата ќе изнесува 2.083.374 жители, а во 2095 година ќе биде преполовено, односно во Македонија ќе има 1.297.057 жители.

Според „Блумберг“ глобалниот здравствен индекс, во топ 10 најздрави земји во светот за 2019 година се рангирани:

1.Шпанија

2.Италија

3.Исланд

4.Јапонија

5.Швајцарија

6.Шведска

7.Австралија

8.Сингапур

9. Норвешка

10. Израел.

На листата од 56 рангирани земји, Македонија го зазема „почесното“ последно место.

Пред нас се: Србија, Аргентина, Мексико, Кина, Турција, Панама, Оман, Унгарија и Уругвај.

Со овие податоци се докажува дека во Македонија населението тивко се намалува се помалку се раѓаат деца, не случајно пред некој ден излезе информација дека македонските граѓани се повеќе се решаваат да си заминат од земјата.

Тие си заминуваат од незадоволство од оваа влада и нивните штетни политики што не носат ништо добро за подобар живот.

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека решението за лекови без квоти треба да стартува во периодот од 1-ви септември до 1-ви октомври, до кога надлежните работат на изнаоѓање механизми на контрола за да нема злоупотреби.

Наша асприрација е меѓу 1-ви септември и 1-ви октомври да ги пуштиме лековите компленто без квоти. Тоа е сериозен исчекор, државата влегува во сериозен ризик, но граѓаните ќе имаат лекови. Ако успееме да ги ставиме контролните механизми ние ќе стартуваме со еден ваков процес, така што суштината е буквално пораката – немојте да крадете од граѓаните и државата, затоа што без разлика кој во каков сегмент работи тоа е казниво по Кривичниот закон и се одговара со казна затвор, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Ургентниот центар во Куманово.

Тој рече дека има сериозни индиции за злоупотреба во делот на позитивна листа на лекови и издавањето на рецепти.

Прво не сум обвинил никого. Реков јавно дека постојат сериозни индиции за злоупотреба  во делот на позитивната листа на лекови и издавањето на рецептите. И ние очигледно гледаме, дека генерално, во буџетот се повеќе се зголемуваат парите во делот на издавање лекови на позитивнта листа, а бројката или наталитетот во државата остануваат исти. Еве дури во еден дел се намалува поради миграцијата, рече Заев.

Тоа, според премиерот,  дава сериозни индиции дека некаде се случуваат незаконски дејствија.

Пораката од мене како претседател на Владата е криминалот значи затвор, значи одговорност. Секој кој што ќе се огреши треба да си прифати одговорност. Не обвиниваме никој, тоа може само истрагата да го потврди, виновен е оној за кој секако само докази ако има, рече Заев и додаде дека целта е да се испрати порака – „никој да не ги чепка парите што граѓаните ги уплаќаат во државната каса“. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »