Промовирани огласи »

Париз реши да го ограничи бројот на електрични тротинети, а Белгија и Германија воведуваат строги правила за нив поради поради попречување на пешаците.

Електричните тротинети за кратко време ја освоија Европа и остатокот од планетата, но како што наведува Политико, сега на тоа му доаѓа крај.

Поради големиот број несреќи кои ги предизвикале корисниците на овој вид превозно средство и гужва и загрозување на безбедноста која ја создаваат на тротоарите, европските градови одлучиле драстично да ги заострат прописите.

Само во Брисел ваков бизнис водат шест специјализирани компании за електрични тротинети со вкупна флота од 7.000 возила, но од септември ќе има строго ограничени места каде ќе им биде дозволен паркинг, проследен со други ограничувања.

Привлечноста на овие возила како алтернативно превозно средство се потпира на тоа што корисниците кои ги изнајмуваат може секогаш да ги најдат кога им се потребни, а што често доведува до преголем број на тротинети кои ги преокупираат тротоарите и на разни начини им пречат на пешаците. Така, да кажеме, и градоначалничката на Париз Ан Идалго побарала во мај годинава да се ограничи бројот на тротинети во градот и компаниите кои ги изнајмуваат да бидат исфрлени од престолнината.

Изгледа дека тротинетите ги обезхрабруваат луѓето да користат еколошки прифатливи начини на движење, па и јавниот превоз. Така, во неодамнешна анкета дури 44 отсто од испитаниците рекле дека електричниот тротинет им претставува замена за одење, а дури 30 отсто велат дека јавен превоз би користеле кога би немале тротинет.

Забележани се и несреќи со овие возила. Прва со смртен епилог се случила во мај во Брисел, а во јуни и едно 25 годишно момче го изгубило животот во судир со камион. Фатална средба со камион имала и една популарна млада ТВ водителка. Испаднало дека таа воопшто не ги знаела сообраќајните правила.

После низата несреќи во кои учествувале тротинети ширум Европа, а во шведскиот град Хелсингборг истото попладне после загинувањето на еден корисник на тротинет, деловен човек на пауза за ручек, избиле демонстрации со барање сите тротинети секаде да се забранат.

Минатата недела е повредено седумгодишно момче во Белград кога на него, пред зградата во која живее, налетала личност со електричен тротинет. По повод се поголемиот број несреќи наскоро со измени во Законот за безбедност во сообраќајот би требало да се регулира и областа на спомнатите електрични тротинети, а некои од предлозите во соседството се да се воведе задолжително носење на кациги, исклучиво движење по велосипедска патека и сл.

Промовирани огласи »

Со парична казна од 1500 евра и одземање на возачката дозвола за еден месец може да се соочат таксистите, возачите на автобуси и возачите на секаков вид јавни возила во Грција доколку пушат додека возат, според нови прописи од грчкото Министерство за здравство, објавени од грчките медиуми.

Доколку во возилото има дете под 12 години, тогаш паричната казна е двојно поголема, односно возачот ќе треба да плати 3000 евра.

Еден од приоритетите на новата грчка влада како во предизборниот период, така и по изборите е да се спроведе целосно законот за забрана на пушење на јавни места, а Министерството за здравство на Грција веќе издаде циркуларно писмо во кое објаснува каде треба да се применува конкретниот закон, jави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми објавуваат дека веќе се испратен и нови насоки со предвидените казни за пушење цигари во автомобили.

Според „То Вима“, доколку во возилото, без разлика дали е јавно или приватно има дете до 12 години, тогаш забрането е пушењето цигари, а казните во случај на прекршување се 1500 евра за пушачот без разлика дали е возач или совозач.

Забраната за пушење на јавни места се однесува и на електронските цигари.

Извор: МИА

Промовирани огласи »

Уживавме во споен викенд за 2 август, а набрзо ни следат уште два неработни денови. Следен неработен ден е 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), па потоа 8 Септември (понеделник), Ден на независноста.

Ова се сите денови кои ни останаа за одмор:

За сите граѓани на РМ:

8 Септември (понеделник), Ден на независноста

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед:

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед:

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Извештајот за работата на извршителите во 2018 година,  покажува дека наплатиле 127 милиони евра од граѓаните, фирмите и други должници.

Но, и покрај оваа сума, успехот на извршителите е половичен, бидејќи лани биле реализирани само 55,69 отсто од предметите дадени за извршyвaњe.Најмногу пари се наплатени од фирмите 78,7 милиони евра. Од граѓаните 33,4 милиони евра, додека од државата се наплатени 15,9 милиони евра.

Во овој извештај не се објавени имињата на извршителите кои усшеале најмногу да наплатат.
До Дисциплинската комисија при Комората на извршители на РМ во
периодот од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година беа доставени вкупно 10
(десет) Предлози за поведување на дисциплинска постапка, по повод кои беа
донесени пет решенија со кое се изрекува парична казна, едно решение со
кое се изрекува писмена опомена, едно решение со кое изрекува јавна
опомена, едно решение со кое се отфрла предлогот за поведување на
дисциплинска постапка, едно решение со кое се изрекува трајно одземање
на правото на вршење на должноста извршител и едно решение со кое се
изрекува привремено одземање на правото на вршење на должноста
извршител во траење од 6 месеци. При изрекување на дисциплинските мерки
трајно и привремено одземање на правото на вршење на должноста
извршител, Дисциплинската комисија донесе две решенија со кои изрече
привремена забрана за вршење на должноста – суспензија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »