Промовирани огласи »

Не треба да ја препуштите безбедноста на нив, туку внимателно да возите и редовно да го врзувате вашиот појас..

Воздушните перничиња постојат за да ни го сочуваат животот во случај на несреќа, но по се изгледа дека не се сите подеднакво безбедни.

Воздушните перничиња за колена имаат задача да ни ги заштитат колената, но можат и да ги контролираат движењата на долниот дел од телото за да ја намалат силата на градите и стомакот.

Меѓутоа, Институтот за осигурување и безбедност на пат тврди дека тие имаат скоро незначајно влијание на ризкот од повреди.

Но, тоа не е се, бидејќи веруваат дека во одредени ситуации тие можат и да го зголемат ризикот од повреди.

За да дознаеме повеќе, истражувачите ги набљудувале податоците од местата на несреќите, па измериле над 400 фронтални удари и го споредиле ризикот од повредите на автомобилот со и без овие воздушни перничиња.

Резултатите покажале дека тие имаат „многу мал ефект при спречувањето на повредите“ и дека во одредени ситуации можат го го зголемат ризикот за повреда на долниот дел од телото.

Производителите на автомобили ги инсталираат овие воздушни перничиња за полесно да ги поминат тестовите, користејќи неврзани кукли – за кои овие перничиња имаат смисла.

Промовирани огласи »

Брзината е критичен и клучен  фактор во сите сообраќајни незгоди и може да се каже дека токму од брзината зависи дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода и какви ќе бидат последиците од сообраќајната незгода.

Според статистичките податоци брзото возење, односно  неодговорното  однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.  Во 2018 година, во Република Северна Македонија, 43 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди предизвикани од брзо возење,  а 1069 лице се здобиле со тешки и сериозни повреди  како последица на брзото возење.

 За жал, и покрај тоа, истражувањата покажуваат дека  86 % од возачите во Република Северна  Македонија  барем еднаш ги имаат прекршено правилата за ограничување на брзината,  а  20 %  од нив,  тоа го прават често.  

Водејки се од тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува возачите дека:

•  Возачот е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот.

•  Брзината на движење е ограничена согласно условите на патот  и истата е одбележена со соодветен сообраќаен знак.

•  Брзината на движење, на патиштата во Република  Северна Македонија, е ограничена и тоа:

     - На 130 км/час на автопат

    - На 110 км/час на пат резервиран за моторни возила

    - На 90 км/час на останатите патишта

    - Најголема дозволена брзина во населено место е 50 км/час.

•  Брзото возење  ја загрозува безбедноста во сообраќајот и  се санкционира со парична казна до 400 Евра во денарска противвредност,  во зависност од тежината на сторениот прекршок, односно од големината на пречекорувањето на брзината.

•  Брзото возење претставува закана за времено одземање на возачката дозвола до 12 месеци.

•  Брзото возење ве прави нервозни и агресиви.  Агресивните и брзи возачи немаат можност да уживаат во  возењето и се соочуваат со голем број на стресни ситуации додека возат.

•  Брзото возење значи поголема потрошувачка на гориво и негрижа за возилото.

Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат со  фатални последици кои се трајни и ненадоместливи. Не дозволувајте летните патувања да се претворат во нечија црна судбина. 

Затоа РСБСП со апел до возачите:  Намалете ја брзината, возете смирено и безбедно.  Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и уживајте во патувањето.

Промовирани огласи »

И оваа учебна година општината Аеродром ќе обезбеди по 3.500 денари за секое прваче. 


Ги олеснуваме трошоците на родителите, ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме безгрижен почеток на новата учебна година за секое прваче - информираше градоначалникот Златко Марин. 

Промовирани огласи »

Од Сојузот на синдикатите им препорачуваат на работодавачите да направат проверка на техничко-технолошки колективни мерки за заштита (адекватна вентилација и климатизација.

Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение ги повика работодавачите, во услови кога се најавени температури од жолта (алертна) фаза на целата територија на државата, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на топлински стрес. Топлински стрес се дефинира како физичка и физиолошка реакција на работникот на температурата на која е изложен на неговото работно место. Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците – посочуваат од Сојузот на синдикатите.

Од Сојузот на синдикатите им препорачуваат на работодавачите да направат проверка на техничко-технолошки колективни мерки за заштита (адекватна вентилација и климатизација), да ги контролираат микроклиматските параметри, да обезбедат минимум една климатизирана просторија со функција на „засолниште” (каде вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата), повозрасните лица, бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работни обврски, да направат промени во организацијата на работниот процес ( работа во смени, ротација на работниците…), да се избегнува работа на отворено за време на најтоплиот период на денот (од 11 до 17 часот) или нејзино редуцирање, редуцирање на тешка физичка работа, и да има почести паузи во текот на работата, разладување на вработените со обезбедување климатизирани простори и доволно разладени течности за пиење.

Се препорачува да се намали интензитетот на работата и нормите во производството, да се избегнува прекувремената работа и да има прекин на работата при потреба, да се поттикне самопријавувањето на симптомите кај вработените, да се обезбедат адекватни лични заштитни средства, да се запознаат работниците со ризикот на работното место од високи температури, можните штетни ефекти по здравјето како и со мерките за работа на безбеден начин, да се предупредат вработените за зголемената опасност од несреќи при работа (пожари) и да се посвети посебно внимание и надзор при работа со хемиски материи заради поголема опасност од интоксикација.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »