Промовирани огласи »

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) организира информативно-забавен настан од отворен тип на Градскиот плоштад во Скопје за одбележување на Денот за пензиска свесност. Настанот ќе се одржи во сабота, 14 септември, со почеток во 12.00 часот на плоштадот Македонија.

На овој настан посетителите ќе ги добијат сите потребни информации поврзани со пензискиот систем, за начинот на кој функционира, правата на пензиските осигуреници, како и информации за новите законски измени кои засегаат одредени групи на пензиски членови и осигуреници. Информирањето на посетителите ќе го вршат стручни лица од МАПАС, Фондот на ПИОСМ, како и претставници на лиценцираните пензиските друштва во земјава, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје. Освен информациите за пензискиот систем посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на бендот „Деј оф“, но и ќе можат да се испробаат во квизот на знаење кој ќе им донесе скромни награди и подароци поврзани со настанот. 

Настанот се организира со цел да се подигне свеста на граѓаните за значењето на пензиското осигурување и да ја зголемат информираноста за пензискиот систем. Со тоа, сегашните и идни осигуреници и членови добиваат значајна основа за да може да ја испланираат и да ја осигураат својата пензиска иднина.

Промовирани огласи »

Граѓаните кои ќе внесат или увезат нови или употребувани возила мотоциклите и четирициклите од 1 ноемрви годинава ќе треба да платат и данок за моторни возила. Ова го предвидува нацртот на Предлог законот за данок на моторни возила, што денеска е објавен на Националниот електронски регистер на прописи (ЕНЕР).

Од овој вид на данок под посебни услови се ослободени моторните возила за дипломатски и конзуларни претставништва и за меѓународни организации, моторни возила обезбедени преку странски донатори за реализирање на проекти во земјава, како и возила кои се користат за спортски натпревари и „олтајмери“ постари од 35 години. 

Во него е предвидено, данокот да се пресметува според европските практики и стандарди и тоа покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар.

„Данокот на моторните возила се пресметува врз основа на податокот за износот на просечната емисијата на јаглерод диоксид – CO2 изразен во грам по километар, податокот за износот на 1 грам јаглерод диоксид – CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото искажан во денари, податокот за продажната вредност на возилото без вклучен данок на додадена вредност или при увоз податокот за царинската вредност на возилото утврдена согласно царинските прописи и податокот за износот на царината искажани во евра во денарска противредност, како и податокот за износот на процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија“, стои во нацрт текстот на законот објавен на ЕНЕР.

На овој начин, како што се наведува во образложението, ќе се придонесе кон увоз и користење на возила со пониска емисија на јаглерд диоксид, што ќе значи намалување на загадувањето на воздухот со цел да се обезбеди здрава животна средина што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните.

Од овој вид на данок под посебни услови се ослободени моторните возила за дипломатски и конзуларни претставништва и за меѓународни организации, моторни возила обезбедени преку странски донатори за реализирање на проекти во земјава, како и возила кои се користат за спортски натпревари и „олтајмери“ постари од 35 години. За возилата постати од 35 години кои немаат статус на „олтајмер“ ќе се плаќа паушал од 5.000 денари.

При увоз на моторни возила, данокот на моторни возила го пресметува и наплатува надлежниот царински орган, додека Владата со Уредба го утврдува начинот на пресметка на данокот на моторни возила и ги утврдува износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила.

Промовирани огласи »

Царината во последните две години има преземено повеќе мерки за олеснување на трговијата и царинската постапка. Од 1 јуни годинава почна примената на системот за бесхартиено работење, 40 отсто од царинските постапки се вршат преку овластените економски оператори, а наскоро ќе почне и проект со Светска банка за едношалтерски систем.

Ова го посочи директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на средба со стопанственици во Сојузот на стопански комори истакнувајќи дека целта е да создадат институција што е партнерски ориентирана кон деловната заедница.


Последните две години што изминаа, благодарение на посветеноста на вработените во Царинската управа , успеавме да финализираме неколку крупни проекти од различни области, кои доведоа до огромен напредок и модернизација. Резултатите што ги постигнавме се показател дека со голем ентузијазам, посветеност и доверба во сопствените капацитети се постигнуваат зацртаните цели и поставените приоритети, рече Танасоски.


Тој додаде дека со донесување на новата стратегија на Царинската управа имаат визија да бидат водечка управа во регионот што ќе даде силна поддршка на легалната економија, целосно усогласено со стандардите на Европската унија.


Да создадеме институција што е партнерски ориентирана кон деловната заедница.  Тука, пред се, мислам на поврзаност со економските оператори, царинските застапници, агенциите и службите присутни на граница, соседните царински служби. Подобрувањето на поврзаноста треба да придонесе кон значително подобрување и усовршување на работата на Царинската управа, што треба да го направиме во тесна соработка со деловната заедница, што за крајна цел треба да придонесе кон подобрување на економската конкуретност на нашата економија, рече директорот на Царината.


Посочи на податоците дека 40 проценти од царинските постапки се вршат преку седумте овластени економски оператори и оти се очекува со давање дозвола на седум нови коишто се во постапка, тој процент да се зголеми на 62.
Според потпретседателката на ССК Габриела Кулебанова, за да се обезбеди успех на реформските програми потребна е конструктивна и одржлива двонасочна комуникација и интеграција помеѓу Царината и деловната заедница.


Ова повисоко ниво на соработка ќе доведе до засилено темпо на доверба и ќе се обезбеди партнерство на долг рок, што ќе има значително влијание врз економскиот просперитет. Секако, ефикасното фукнционирање на работата на царинските служби влијае истовремено и како заштитен фактор за стопанството во земјата, штитејќи го нивното работење да не биде поткопано од нелојална конкуренција и од незаконски активности. Веруваме дека сите заложби за осовременување и дигитализација на царината  за олеснување на трговијата се во насока и на елиминирање на корупцијата, за која институциите треба да се заложат за откривање на причините на ваквата појава и за нејзино искоренување, истакна Кулебанова.

Промовирани огласи »

Замина од компанијата која ја градеше со години. Вложуваше и трупаше богатство од Алибаба а често споделуваше и бесплатни совети за успех со целиот свет од речиси секој настан.

Тој е меѓу најбогатите луѓе на планетата, но тоа не дозволил да му го замагли својот поглед кон иднината. Џек Ма е еден од најскромните милијардери. И тука е она на што успехот се должи неговиот успех.

Џек Ма го цени односот и ентузијазмот.

 "Една од моите најголеми грешки во почетокот беше што му реков на тимот, дека можат да стигнат само до менаџерски позиции, а директорите ќе бидат вработувани однадвор. Всушност, морав да им дадам перспектива. Важно е вработените да имаат личен однос кон компанијата", вели тој.

Ги обединува луѓето под една цел. 

Ма разбира дека луѓето претпочитаат да следат единствена цел, а не само една личност. Визијата, идејата е поважна од лидерот.

Секогаш е еден чекор пред другите. 

Ма верува дека добар директор на компанија треба да внимава на конкуренцијата, да има интуиција, да ги предвиди можните одлуки на другите.

Го дефинира неуспехот како негирање. 

Според Ма, "откажувањето е најголем неуспех". Ако го направите најдоброто што можете, но сè уште не успеавте, тоа е уште малку успех затоа што ве прави поотпорен.

Тој го сака животот. 

Секогаш велам дека не сме родени само за да работиме, туку да уживаме во животот. Но, да ги направиме работите подобро еден за друг. Ако го потрошите целото свое време, ќе жалите еден ден, вели претприемачот.

Не создавајте непријатели. 

Еден од најпознатите уникатни аспекти на деловната филозофија на Џек Ма е пријателска конкуренција. Тој смета дека неговите конкуренти не се непријатели, туку како луѓе што можат да го научат и да го предизвикаат да го покаже својот полн потенцијал.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »