Промовирани огласи »

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше фотографиран како му ѕиркаат банкноти од 20 долари од задниот џеб, на што тој коментираше дека никогаш не користи паричник.

Јас немам паричник, бидејќи долго време не користам кредитни картички. Ми се допаѓа да имам кеш, затоа што сакам да давам бакшиш во хотелите, рече Трамп насмеано одговарајќи на новинарско прашање по фотографијата на која се качува во авион, а задниот џеб е полн со готовина.

„Можеби како претседател не треба да го правам тоа, но сакам да оставам бакшиш“, додаде американскиот претседател.

Промовирани огласи »

Република Македонија од 1990 до 2018 година забележала раст на бруто-домашниот производ (БДП) за околу 33 отсто, што во споредба со економиите од регионот е скромен пораст затоа што Турција во истиот тој период има зголемен БДП за 239 отсто, а Словенија, која е втора на листата, за 98 отсто.

Босна и Херцеговина бележи негативна стапка на економски раст од еден процент од 1990 година, при што српската економија во истиот период е уште полоша со негативен раст од 11 проценти. Хрватска напреднала со одлични 58 проценти.

Гореспоменатите податоци ги објави Сонер Кагаптај, познат турски политички аналитичар со адреса на живеење во САД. Кагаптај анализирал период од 28 години, кој е особено интересен од турска перспектива.

Во контекст на поранешна Југославија, приказот е индикативен затоа што го опфаќа периодот што започнува пред распадот на заедничката држава, војната, па потоа и последователниот економскиот колапс на земјите што беа зафатени од меѓуетничките судири.

Сонер Чачаштај е турско-американски политички научник и директор на Турската програма за истражување на Институтот за политика за Блискиот Исток во Вашингтон. Тој по професија е историчар и експерт за односи меѓу Турција и Соединетите Држави, турската политика и турскиот национализам.

Промовирани огласи »

Во министерството за труд и социјална политика во тек е изготвување на Законот за работни односи чие донесување е планирано за годинава. Имено, според информиациите предвидено е да се овозможи намалување на работното време за повозрасните работници без притоа да имаат намалување на платата.

Се предвидува жените работнички со навршени 60 години старост да работат 6 часа, а ја задржуваат целата плата до пензија, а мажите работници со навршени 62 години старост исто така ќе работат 6 часа и до пензионирањето ја задржуваат целата плата. Дополнително според нашите информации ќе биде воведена можност државата да субвенционира ангажман на млади кадри
кои ќе ги заменуваат во преостанатите 2 часа.

Ќе се зголеми ли минималната плата?

Синдикатот, Владата и Организацијата на работодавачи на Македонија се согласиле дека минимална плата може да се зголеми од ноември, кога ќе почне да функционира и субвенционирањето на придонесите за пензиско и здравствено осигурување. Според сознанијата, црвената линија за работодавачите е 14.000 денари, но има и такви што сметаат дека не може да поднесат никакво зголемување на платите.

Според она што Владата го ветуваше на почетокот на својот мандат, минималната плата во 2020 година требаше да биде 15.160 денари.

И со 14.000 денари дел од фирмите ќе имаат проблем. Дел од фирмите, особено во трудоинтензивните дејности, се најдоа во незгодна ситуација, бидејќи немаат моќ. Ниските цени што ги добиваат од странство и продуктивноста што ја имаат, не им дозволува некое драстично зголемување на платите. Ова ќе беше страшна мерка ако не се воведеше субвенционирање на придонесите за зголемувањето на платите – изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи.

Од Сојузот на синдикати на Македонија, пак, уште во февруари годинава излегоа со став дека има простор за зголемување на минималната плата и дека се отворени за дијалог.

Пресметките на ССМ покажуваат дека има потреба од зголемување на минималната плата за најмалку 12 проценти, со што ќе се приближиме до европскиот тренд на висина на минимална плата имајќи ги предвид пред сè заложбите на државата за побрзо интегрирање во европското семејство. Сојузот на синдикатите на Македонија е спремен за отпочнување социјален дијалог во врска со ова предложено зголемување на минималната плата, која ќе биде основа за зголемување на платите на сите вработени, соопштија тогаш од ССМ.

Но во април, согласно со Законот за минималната плата, таа се зголеми само за 3,3 проценти. Толку беше усогласување според формулата по која минималнaта плата се коригира еднаш годишно во зависност од порастот на просечната плата, порастот на трошоците на живот и зголемувањето на бруто-домашниот производ. Тогаш минималната плата се зголеми од 12.164 денари на 12.507 денари, додека ССМ сметаше дека е можно таа да биде 13.623 денари.

Од ССМ велат дека според европските препораки и тенденции, минималната плата треба да изнесува 60 отсто од просечната плата во државата. Последните податоци за минималната плата од Државниот завод за статистика се однесуваат за јуни и таа изнесува 25.205 денари, што значи дека 60 отсто се 15.123 денари.

Промовирани огласи »

Дали некогаш сте се запрашале какви часовници носат Доналд Трамп, Барак Обама, Владимир Путин и други моќни мажи на овој свет ...

Часовниците отсекогаш се сметале за додаток што покажува моќ, богатство и тоа го прави секој човек џентлмен и заводник. Со децении, часовниците се правеа на неверојатни начини, поради што тие често пати се недостапни за сиромашните луѓе.

Најпознатите швајцарски часовници чинат најмногу, а некои ограничени изданија можат да чинат по неколку милиони, што значи дека овие часовници се направени исклучиво за најмоќните луѓе во светот кои можат да си дозволат само таков луксузен додаток.

Шефовите на држави, се разбира, се најмоќните луѓе во светот и за да се докажат во вистинско светло, тие често купуваат луксузни работи како автомобили и костуми. Часовникот од прва класа е неизбежен, така што овие моќни луѓе носат ремек-дела на часовници на зглобовите.

Затоа решивме да ви покажеме што носат најмоќните луѓе на светот.

1. Принцот Чарлс - Parmigiani Fleurier Toric Chronograph

2. Барак Обама- Jorg Gray 6500 Secret Service Limited Edition

3. Доналд Трамп - Donald J. Trump Signature Collection

4. Џастин Трудо - IWC Regulateur

5. Владимир Путин - Blancpain Grande Date Aqua Lung

6. Кси Џинпинг - Omega Constellation

7. Шинзо Абе - Seiko SARC013

8. Ким Јонг Ун - Movado Museum

9. Папата Фрањо - Casio MQ24-7B

10. Малком Турбнул - Apple Watch

 
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »