Промовирани огласи »

Филипче: Од следната година сите специјалисти ќе земаат нето плата од 100 илјади денари

Флуктоации во тимот секаде во светот постојат. И двете приватни болници имаа важечки договори да изведуваат детски кардиохируршки операции. Таму се изведуваа и досега. Не е тоа никаков новитет“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека во приватните болници се плаќа само услугата, исто како што се плаќа и на државната клиника, но не се плаќаат трошоците.

Филипче изјави дека со големиот број вработувања, зголемен е капацитетот на јавно-здравствените установи на секоја поединечно за 10 проценти.

Воведовме и нова мерка, за задолжителен шестмесечен платен стаж на младите лиценцирани доктори. Ова е одлична стимулативна мерка за да останат во земјата, да стекнат експертиза под менторство на поискусни лекари и да работат на примарно ниво на здравствена заштита, таму каде што навистина се стекнуваат првичните искуства. Тоа се итната медицинска помош, вакциналните пунктови и патронажните сервиси, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека со инвестицијата во платите и дежурствата, има доктори коишто и сега земаат нето плата од 100 илјади денари, а во овој момент се работи на обезбедување на буџет за тоа да важи за сите лекари специјалисти следната година. 

Промовирани огласи »

Службите на Град Скопје доцна навечер ја местеа новата комунална опрема за скопјани пријатно да се изненадат со новите контејнери рано наутро. „Започнуваме со поставување на новата комунална опрема. За поубаво и почисто Скопје. Да го чуваме Скопје. Сите заедно“, објави градоначалникот Петре Шилегов.

Станува збор за опрема која ќе ги замени незатворените и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град. За таа цел, градот набави нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа.

Се работи за 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со коишто ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери. 

Промовирани огласи »

Ако заработувам пари, исто така и работниците. Мојот профит е нивна добивка, а нивната среќа е мојата среќа, вели Хамди Улукаја, сиромашен курдски овчар, роден некаде во прогонството во Турција, кој емигрирал во Соединетите држави и сега го поседува брендот на јогурт "Чобани" и тежи две милијарди долари.

Хамди Улукаја е ѕвезда во САД, не затоа што тој сè има стекнато со свои раце, затоа што тој не е единствениот, туку затоа што тој целосно ги смени правилата на капитализмот и докажа дека тие се поефикасни и подобри од суровата акумулација на профитот.

Приказната за Хамди Улукаја:

  • Роден во курдско село
  • Дојде во Америка да уча англиски јазик
  • Работел на фарма во Њујорк
  • Почнал да права фета сирење
  • Купил фабрика за јогурт
  • Создал империја на јогурт

Тој сега троши 700 + милиони долари за да им помогне на бегалците.

Време е да се признае дека учебникот што го користат водечки светски деловни луѓе веќе 40 години не е повеќе употреблив, рече тој на престижната конференција ТЕД во Ванкувер оваа година.

Би било грешка да се каже дека Хамди Улукаја не верува во моќта на бизнисот, во Америка и во американскиот сон - тој го живее тоа - но правилата според кои тој игра се значително различни од оние копирани во нашиот регион. Неговата изјава е дека „максимизирање на профитот, така што единствената придобивка на акционерите е најглупавото нешто што сум го слушнал во мојот живот“.

Хамди Улукаја, познат и како „крал на јогуртот“, е роден на 26 октомври 1972 година во Анадолија, Турција, всушност некаде по овој пат, бидејќи неговите родители, пастирите, ги преместувале овците, па затоа се роси по пат. И малиот Хамди, се разбира, беше пастир - и Курд, член на народ кој има три татковини, но не и држава.

Повеќе од сторијата пренесува Машки Магазин.

Промовирани огласи »

Џеф Безос, извршниот директор и основач на компанијата „Амазон“, чие богатство достигна 114 милијарди американски долари и годинава е прв на листата најбогати американци на „Форбс“. Тој годинава има помалку 46 милијарди долари споредено со лани поради разводот со сопругата Мекензи на која ѝ префрли една четвртина од акциите на својата компанија. Со овие пари таа се вброи во најбогатите на листата „400“ на „Форбс“, со богатство од 36,1 милијарди долари.

Покрај поранешната сопруга на Безос  која е на 15. место на листата има и други новопечени милијардери. Меѓу нив е и  Јулија Кох, со 41 милијарда долари која  е на 13. место, Тим Свини, чија компанија ја создаде мегапопуларната компјутерска игра „Фортнајт“ е на 150. место со нето вредност од 4,5 милијарди долари, и Орландо Браво, 287 со три милиони долари, кој е првиот милијардер роден во Порторико.

Според листата на „Форбс“ 66,6 отсто од милијардерите сами го заработиле своето богатство, додека 63,5 отсто се основачи на своите компании.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »