Промовирани огласи »

Challenger е првата македонска мобилна апликација која сака да направи регионален импакт преку наградување на луѓето затоа што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици.  Секој поминат километар пешки или на велосипед - се брои и вреднува. Колку повеќе зелени километри, толку повеќе Challenger поени кои подоцна носат попусти и награди во локалните бизниси. Дополнително Challenger поставува предизвици и со нивно успешно исполнување, корисниците ќе можат да добијат директни награди.

Позади апликацијата стои млад тим на ентузијасти: Теодора, Стефан, Олга и Митко, кои воедно се основачи и на компанијата GreenIT.

Живееме во најзагадениот град во Европа, а полека се движиме кон сезоната кога започнува најголемото загадување. Бидејќи сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аеро загадувањето, решивме ние на свој начин да придонесеме кон решавање на проблемот. Така и ја создадовме Challenger., велат тие.

Во иднина Challenger треба да прерарасне во алатка која ќе допринесува на формирање про-активни заедници низ целиот Балкан па и пошироко.

Ние ја гледаме Challenger како алатка која може да позитивно да ги промени навиките на луѓето во нашиот град. На почетокот сакаме да влијаеме на навиките за одбирање на транспортно средство на луѓето. Односно, сакаме тие почесто да се откажуваат од својот автомобил и повеќе да посегнуваат кон своите велосипеди, пешачење или пак да користат јавен превоз, со цел да допринесеме за намалување на аерозагадувањето, велат креаторите на апликацијата.

Една од промените која треба да ги донесе апликацијата е намалување на сообраќајниот метеж.

Скопје е мал град, и веруваме дека навистина не е потребно баш секаде да се оди со автомобил. Со една реченица сакаме Challenger да биде апликација која ќе ги предизвикува луѓето да бидат носители на промените во своето опкружување, додаваат од GreenIT.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ја соопшти својата одлука во врска со цените на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Имено цените на горивата остануваат исти, освен цената на ЕУРОСУПЕР-95 која се намали за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин чини 67,5 денари за литар.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата останаа исти. Еден литар 98-октански бензин чини 70.00 денари, додека еден литар дизел чини 62.00 денари.

За еден денар е намалено екстра лесното масло, кое сега се продава 50,5 денари по литар.

Промовирани огласи »

Во рамки на кампањата „Ден без мобилни телефони во сообраќајот“, во Загреб е поставен нов вид семафора, која фрла светлина веднаш пред пешачкиот премин, за црвеното светло да го видат и оние пешаци и велосипедисти кои се приближиле до крстосницата, но се фокусирани на своите телефони.

Овој вид семафори е инсталиран првпат во Хрватска, а целта на овој пилот-проект е да ги предупреди и пешаците и велосипедисти за опасностите на кои се изложуваат. Според истражувањето, дури 50 отсто од пешаците и 33 отсто од велосипедистите користат мобилни телефони додека преминуваат улица, а 20 отсто од нив не забележуваат дека на семафорите се вклучило црвено светло, бидејќи нивните погледи и размислувања се насочени кон екраните на нивните телефони. јавува Хина.

Семафорот првенствено има функција за предупредување. Кога на пешачки премин ќе се појави црвено светло, тој го проектира на тротоарот, така што црвено светло се проектира на екраните на телефонот во кој гледаат пешаците, наместо да ги следат настаните околу себе.
Загреб постави семафор за пешаците кои не креваат глава од телефонот

Промовирани огласи »

Властите во данскиот град Оштеред вовеле четиридневна работна недела за сите вработени во општинската администрација, во која работат околу 300 лица, така што во иднина и петок ќе можат да го користат како слободен ден.

Оштеред е полуостров во северозападниот дел на осторовот Зеаланд, оддалечен околу 100 километри од Копенхаген и градот има околу 33.000 жители.

Кирстен  Лунд Маквардсен која е вработена во општинската администрација вели дека по долги разговори со претставници на градските власти се одлучиле да ја спроведат во дело идејата за четиридневна работна недела. Во градската управа, вели таа,  сите веруваат дека на овој начин вработените дополнително ќе се мотивираат на граѓаните да им даваат уште поквалитетни услуги.

Сигурни сме дека луѓето ќе го ценат тоа што имаат дополнителен ден  за одмор, рече Макрвардсен за „Денмарк њуз“.

Таа кажа дека општинските службеници од сега ќе работат 35 часа неделно, додека стандардната работна недела во Данска трае околу 37,5 часа.

Државните службеници вработени во општината се одушевени од новиот начин на работа и пресреќни се што одсега ќе имаат три слободни дена за општествени активности дома и во приватниот живот, пренесе „Денмарк њуз“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »