Промовирани огласи »

Скопје ноќва е најзагадениот главен град во Европа. Според густината на ПМ10 честичките, Скопје се наоѓа и меѓу лидерите по загаденост на воздухот на светско ниво.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера изјави дека локалната власт не може сама да се справи со загаденоста и дека за енормното загадување на главниот град придонеле и градоначалниците на другите општини околу Скопје.

Ваквиот притисок на јавноста ќе треба да се постави и кон градоначалниците на Чучер Сандево, Петровец, Илинден, Арачиново, бидејќи дел од загадувањето што е во скопската котлина доаѓа од овие места.

Ова негова реакција следува откако Скопје денеска беше петти најзагаден град во светот.

Промовирани огласи »

Рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи се продолжува од 70 на 75 години, а се предвидува и мерка времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и за возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци.

Ова вчера на седница го усвои Владата заедно со усогласувањата во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се предвидени значителни намалувања на казните. Тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства.

Промовирани огласи »

Singular е во потрага по DATABASE ADMINISTRATOR: https://kariera.mk/job/QqbAidcURkKi-36xBNHSLg/database-administrator

Се бараат МЕНАЏЕРИ на новоотворени продавници во Скопје во кои ќе се продаваат производи на италијански моден бренд со повеќе од 40 години традиција: https://kariera.mk/job/1u_duExqG0mitztvoPskVQ/menadjer-na-prodavnica

Бато енд Дивајн графикс центар вработува ОПЕРАТОРИ/КИ НА ПЕЧАТАРСКИ МАШИНИ: https://kariera.mk/job/gmnGDBV6H0Sl2xkP0jTSEw/operatori-ki-na-pechatarski-mashini

Доколку сакате да работите како SOCIAL MEDIA MANAGER, ова е шанса за Вас: https://kariera.mk/job/W-maA57n5kG739wWe5cfow/social-media-manager

Matrix Global со отворени работни места за:

Промовирани огласи »

На 22ри Ноември во МНТ од 09-16.30 часот ќе се одржи ГЛОБАЛЕН ЛИДЕРСКИ САМИТ МАКЕДОНИЈА 2019. 

На настанот ќе има ексклузивни видео говори на врвни светски водачи, говорници во живо, практични материјали и контекст за локална интеракција како и вмрежување. 
Мотото на настанот е: ВОДИ КАДЕ ШТО СИ. Без изговори. Бизнис. Образование. Политика. Студии. Креативен сектор.

Говорници на настанот ќе бидат: Крег Грошел (видеокаст) - Коосновач и постар пастор, Life.Church, Патрик Ленсиони (видеокаст - )Најдобро продаван автор; Основач и главен извршен директор, The Table Group, Д-р Криш Кандаја (видеокаст) - Основач, Home for Good; Консултант; Социјален претприемач, Џејсон Дорси (видеокаст) - Најдобро рангиран говорник на генерацијата З и на милениумската генерација; истражувач, Лиз Бохенон (видеокаст) - Коосновач и главен коизвршен директор, Sseko Designs), Јане Честовалиев (говорник во живо) - Основач и сопственик на интернационална фармацевтска компанија 4UPHARMA, Ралф Јуре (говорник во живо) - Основач и главен извршен директор на Ingenior Training & Consulting) и Бојан Јоксимовиќ (говорник во живо) - Управител-партнер / коосоновач на O5 Transformation Design Consultancy. 
Повеќе за говорниците можете да прочитате на следниов линк: https://www.glsmacedonia.org/

KARIERA.mk на настанот ќе земе учество со свој штанд.

Билетите можете да ги купите на следниов линк: http://mnt.mk/mk/kupi-bileti-online  или на билетарата во МНТ. Студентите добиваат 60% попуст со приложување на индекс на билетарата на МНТ како и невработените лица. Исто така и компаниите коишто се заинтересирани за поразличен тимбилдинг, можат да го искористат 5+ групниот пакет со пишување на порака на [email protected], во приватна порака на Facebook профилот или на телефонскиот број +389 76 232 690

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »