Промовирани огласи »

Се ближи крајот на 2019 а се ближи и времето кога работодавците ќе треба да им исплатат годишен регрес на работниците кои ги исполнуваат сите услови.

Сумата која ќе израдува многумина треба да изнесува од 9 610 до 14 090 денари.

За да добиете К-15 треба да сте вработени најмалку 6 месеци кај еден газда.

Глоби ќе добијат оние работодавци кои нема да исплатат к-15 а и оние кои регресот ќе бараат работникот да им го врат назад.

Промовирани огласи »

Со размена на писма за соработка помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија, Марко Бути, се склучи Договор за соработка во процесот на заштита на кованите евра од фалсификување. 

Согласно со одредбите од склучениот договор, соработката ќе се одвива преку размена на технички, статистички и административни информации поврзани со фалсификуваните ковани евра откриени на територијата на нашата земја, соопштија од Народната банка. 

Со Договорот, меѓу другото, предвидено е Народната банка да доставува одделни известувања до Европската комисија, како и квартални извештаи со статистички податоци за појавените фалсификувани ковани евра. Особено е значајно што, согласно со одредбите од Договорот, Европската комисија ќе обезбедува и техничка и административна помош за Народната банка и ќе врши обуки наменети за експертите од нашата земја, за откривање фалсификувани ковани евра.

Во изминатиот период, Народната банка, самостојно и во соработка со Министерството за внатрешни работи, спроведе низа активности за јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување пари, при што одделен акцент беше ставен и на спречувањето на фалсификувањето евра. Со склучувањето на овој договор, уште еднаш се потврдува заложбата на Народната банка за унапредување на соработката со европските институции во оваа сфера, велат од НБМ.

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека преку законско решение кое ќе го прелдожи Министерството за труд и социјална политика ќе се обезбедат средства за Младински додаток за сите млади граѓани кои имаат до 23 години и работат во производствена дејност.

Истиот ќе изнесува 3.000 денари за секој млад работник додека не наврши 23 години и парите ќе ги добива на трансакциска сметка преку Агенцијата за вработување. Според шефот на македонската Влада, мерката е од исклучителна важност за младите луѓе во нашата држава со која се обезбедува континуитет и стимулација во гранките на производство во кои има дефицитарен кадар и недостасува кадар за работа.

Младите треба да имаат најмалку средно образование и да работат во производствена дејност, да бидат индивидуални земјоделци или индивидуално самовработени во производството. Во овој случај добиваат и младите и работодавачите. Ова е вклучително заедно со субвенционирање на придонесите ако се зголеми платата. Владата продолжува постепено да работи на задржување на младите во Македонија. Секој кој сака да работи во производство од државата ќе добива плус 3.000 денар. Ако некој не сака да оди на факултет, уште порано ќе ги донива овие пари. Ем ќе бидат постимулирани, ем ќе бидат мотивирани да се оттргнат од девијантните појави, рече Заев.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска најави дека новиот закон е изработен во нејзиниот ресор и исплата ќе започне кога истиот ќе стапи на сила.

Економијата се движи преку компании кои прпоизведуваат, но од друга страна има и млади кои се двоумат дали да работат во производството. Со овој закон директно сакаме да ги поттикнеме младите дека освен платата од работодавачот, ќе добијат и 3.000 денари од државата за тука да ја градат кариерата, додаде Царовска.

Откако законот ќе стапи во сила, младите работници треба само да поднесат барање до Агенцијата за вработување и да остават трансакциска сметка, Агенцијата кога ќе ги евидентира сите податоци, ќе исплаќа по 3.000 денари на сметката на младиот така што работодавачите нема да имаат никаква административна обврска.

Промовирани огласи »

Од Управата за јавни приходи информираат дека граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ“ за враќање на данокот, треба да ја проверат дали е точна внесената трансакциска сметка, со цел во следниот месец да се изврши најавената исплата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »