Промовирани огласи »

И неделава пред нас ќе се точи гориво по истите цени како и минатата недела. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата.

Со денешната одлука цените на горивата остануваат непроменети. 

Еуросупер БС – 95 ќе се точи за 68 денари за литар, 70 денари ќе чини литар Еуросупер БС-98,  62,5 денари на Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

Цената на Мазутот М-1 НС е зголемена за 1.876 денари и се продава за 40, 424 денари по литар.

Промовирани огласи »

Народната банка ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Деловен успех и среќа“, „Вештачка интелигенција“ и „Среќен роденден“.

Кованите пари ги имаат следниве карактеристики:

„Деловен успех и среќа“

На аверсот, во централниот дел на монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на западната хемисфера и скиптарот на Меркур, коишто се прикажани на основата на дрвено тркало во златна боја. По должината на периметарот е прикажано името на издавачот ‒ Република Северна Македонија. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на нашата земја и годината на издавање на монетата – „2019“, како и апоенот „100 денари“. Сите натписи се на англиски јазик.

На реверсот, во централниот дел од монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на источната хемисфера. Над вметнатото стакленце се прикажани слики од ракување, старовремска локомотива и брод. На левата страна од реверсот е прикажан Меркур со скиптарот, а на десната страна ‒ слика на Фортуна која држи рог на изобилството. Под вметнатото стакленце се прикажани сидро и два запченика, а над нив натписот „Ag925“. На долниот дел од периметарот на англиски јазик е испишано: „Деловен успех и среќа“.

„Вештачка интелигенција“

На аверсот, во централниот дел на кованата пара е претставена слика на дигитален уред за оптичко препознавање со вградени сензори на мрежницата и информациски канали коишто се оддалечуваат во форма на мрежа со контактни јазли. Во горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на нашата земја, а по должината на периметарот е испишано „Република Северна Македонија“. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „2019“ ‒ годината на издавање. Сите натписи се на англиски јазик.

На реверсот, во централниот дел од кованата пара е прикажана вештачка интелигенција во вид на кристал и струјно коло во вид на човечки мозок од кој се шири мрежа на сензори што го опкружуваат светот. Во горниот дел од кованата пара е прикажана слика на ракување како симбол на тесната соработка на човештвото со вештачката интелигенција. На горната лева страна е прикажана ознаката „Ag925“. По должината на периметарот е прикажан натписот на англиски јазик: „Вештачка интелигенција“.

„Среќен роденден“

На аверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажана кошница полна со подароци и грбот на нашата земја. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „Република Северна Македонија“. На десната страна е прикажана годината на издавање ‒ „2019“ . Сите натписи се на англиски јазик.

На реверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажано насмеано бебе коешто носи капа и држи пелена во својата рака. По должината на периметарот на кованата пара е прикажан украс во вид на рачка на кошница. На долниот дел од кованата пара се претставени цвеќиња. Натпис на англиски јазик: „Среќен роденден“. На левата страна е прикажана ознаката „Ag925“.

Цената на кованата пара „Деловен успех и среќа“ изнесува 3.000,00 денари, на кованата пара „Вештачка интелигенција“ изнесува 3.200,00 денари, а на кованата пара „Среќен роденден“ изнесува 4.000,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Северна Македонија.

Промовирани огласи »

Две години поминаа како непушачите, но и пушачите се трујат од чадот од цигари на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти откако пред две години тоа беше овозможено со законски измени.

До утрово, повеќе од 5000 граѓани дадоа поддршка на петицијата со која се бара враќање на Законот против пушење во затворен простор.

Во 2017 година се потпишуваше петиција со која се бараше запирање на измените на Законот кој собранието го изгласа во март 2018.

Предлог-Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето кој тогаш беше поднесен од пратениците: Томислав Тунтев, Јован Митрески, Мирсада Емини Асани, Шпреса Хадри, Петре Шилегов и Васко Ковачевски беше предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. 

Во сега актуелната петиција пак се бара да се врати претходниот закон со кој се забранува пушење во затворен простор 

Доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца!, стои во образложението на петицијата.

Доколку давате поддршка на оваа петиција може да се потпишете тука.

Промовирани огласи »

Најсреќните 15 граѓани кои од 15 до 31 декември лани скенирале фискални сметки, добија по 100.000 денари на јавно извлекување од пред неколку дена.

Во првото коло на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда учествуваа 132.261 граѓанин, коишто скенирале вкупно 5.398.855 сметки. Ова беше прво од 12 месечни извлекувања на 15 награди од 100.000 денари, со електронски генератор по случаен избор.

Шест од наградените се од Скопје, по двајца од Штип и Велес, и по еден награден од Кавадарци, Кочани, Битола, Велес, Вевчани и Крива Паланка.

Листата на добитниците е објавена на следниот ЛИНК.

По почетокот на МојДДВ #МојаНаграда, во декември се зголемија бројот на скенирани сметки и наплатениот ДДВ во однос на претходниот месечен просек од јули до ноември. Така на пример во декември бројот на скенирани сметки е за 53 отсто повисок во однос претходниот месечен просек, додека наплатениот ДДВ од фискалните сметки е за 59 проценти повисок.

Најмногу сметки на дневно ниво биле скенирани на 31 декември или 559.417 сметки. Тоа е двојно повеќе од просечното дневно скенирање на сметки, сметано од 1 јули. Дента пред новогодишната ноќ бил направен промет од 311.715.569 денари или повеќе од 5 милиони евра, за кој бил наплатен ДДВ во износ над 530 илјади евра. Само за скенираните сметки на ден пред Новата година, граѓаните ќе добијат поврат на ДДВ од 15 проценти во износ од 80.000 евра.

Граѓаните кои учествуваат во наградната игра МојДДВ #Моја награда имаат можност да добијат една од 3.852 парични награди, со вкупен фонд од половина милион евра, а на секои три месеци добиваат поврат на ДДВ и придонесуваат во борбата против сивата економија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »