Промовирани огласи »

Соседна Албанија е заинтересирана да ја примени мерката „Мој ДДВ“ која кај нас се реализира веќе неколку месеци а од чие скенирање фискални сметки на трансакциите на граѓаните во декември легнаа и првите парични средства за првото тримесечие.

Дека Албанија по наш приемер сака да се обиде да ја намали сивата економија, станува јасно од средбата на директорката на УЈП со директорката на даночната администрација на Република Албанија, Делина Ибрахимај, на која Лукаревска и го пренела искуството кое го носи мерката.

Делина Ибрахимај е на ставот дека и кај нив оваа ерка може да допринесе да се намали сивата економија која е на ниво од 30%.

Имено, во февруари треба да почне исплатата на скенирани сметки за второто тримесечие а мерката продолжува и во 2020 година

Промовирани огласи »

Собранието по скратена постапка ги усвои измените во Законот за извршување, со кои, меѓу другото, се доуредува постапувањето на извршителите. Како што соопшти министерката за правда Рената Дескоска преку „Фејсбук“, Законот за извршување е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства.

Со измените:

Целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица.

Дополнително со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана односно се менуваат ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.

Промовирани огласи »

Во Данска има дебата за воведување на четиридневна работна недела. 

Истражување на Агенцијата за статистика, покажа дека секое седмо лице кое работи во Данска би сакало да работи помалку часови неделно.

Резултатите покажуваат дека 16 проценти од луѓето во земјата ја поддржуваат идејата за скратување на работното време.

Работната недела во Данска трае 37,5 часа, што е помалку од повеќето европски земји.

Луѓето на возраст за основање семејство, но и оние со високо образование, сакаат намалување на работното време.

Претходно, финската премиерка Сана Марин предложи за скратување на работното време на четири дена неделно. Целта е работниците да бидат посреќни и попродуктивни. Марин повика да се воведе флексибилен работен распоред, кој ќе се состои од четири работни дена неделно и шест работни часа дневно. 

Од 1996 година финските работници имаат право да ја почнат или да ја завршат работата три часа порано или подоцна.

Шведска во 2015 година пробно воведе шестчасовно работно време и се покажа дека вработените се посреќни, побогати и попродуктивни.

Промовирани огласи »

Десетици граѓани веќе се измамени од измамник кој лажно претставувајќи се дека е од ПИОМ им земале по околу 2.000 денари за наводно да им врати пари кои не им биле испплатени како пензии на нивни блиски кои веќе се починати. Граѓани објавија на социјалните мрежи а пријавиле и во полиција. Според сведочењата на една скопјанка, измамникот прво и се јавил на телефон и рекол дека починатиот татко не земал уште 397.000 денари од пензии од ПИОМ. Побарал фотокопија од извод на родени и трансакциска сметка плус 1.870 денари да се испратат по автобус во Гевгелија заедно со 100 денари на возачот на автобусот.

Имено јавувачот се претставил со цело име и презиме и рекол дека е теренски вработен во ПИОМ. рекол дека ако не се пратат парите веднаш ќе треба да се чека уште еднаш година. Сепак скопјанката која го објави случајот не наседнала. И било чудно да и се јавува некој од Гевгелија и да бара пари веднаш и тоа по автобус.

Сепак имало и други лица кои го добиле истиот повик и тоа од истото лице. За ова биле известени и во ПИОМ и во полиција. дел од граѓаните пратиле пари затоа што им било ветувано дека ќе им се средат документите.

Кој ги има броевите на граѓаните и како им ги зане имињата? Кој е измамникот ќе треба да реагира полицијата. Според информации на оштетените тој е поранешен вработен во ПИОМ но работел само како обезбедување, но овие тврдења не се потврдени. Според други тој сега вози за компанијата превозник по која бара да се пратат парите. 

Сведочењата докажуваат дека оваа појава е доста раширена. Одговори од ПИОМ за тоа кои се нивните сознанија, Фактор ќе објави веднаш штом ќе ги добие во текот на денот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »