Промовирани огласи »

Методија Мирчев е новиот извршен директор на А1 Македонија, соопштија денеска од компанијата. Мирчев ги превзема одговорностите на извршната позиција уште денеска, а на функцијата ќе го наследи Мислав Галер кој одлучи да ја продолжи својата кариера надвор од компанијата и Кластерот Македонија и Хрватска.

„Методија Мирчев доаѓа на оваа позиција со огромно знаење и стекнато искуство во различни области во мултинационални компании. Тој ја започнува својата кариера во FMCG индустријата во Полска извршувајќи раководни позиции во неколку интернационални компании. Пред да премине во телеком индустријата, тој имал извршна позиција во L’Oréal Полска. Како Директор за продажба и Главен комерцијален директор во телекомуникациската компанија Космофон, Методија покажува врвни лидерски способности за кои е потребно огромно познавање на технологијата во бизнис работењето, како во B2B така и во B2C сегментот. Во 2011 година Методија ја продолжува кариерата на позицијата Главен директор за продажба и маркетинг во ОНЕ – Телеком Словенија Групацијата по која бил унапреден во Извршен член на Бордот на директори на ОНЕ и ја извршува функцијата Главен оперативен директор, стои во соопштението од А1 Македонија.

Методија дипломирал на Варшавскиот технолошки универзитет, магистрирал на Лондонската и Париската бизнис школа, како и Норвешката школа за економија.

Од А1 Македонија велат дека му посакуваат добредојде на Мирчев со уверување дека со неговата биографија и широко искуство во телекомуникациската индустрија ќе ја направи компанијата уште посилен играч на телекомуникацискиот  пазар во земјата.

Методија Мирчев го наследува Мислав Галер кој во 2017 година беше назначен за Извршен директор на оне.Вип, период кога тој даде значителен придонес во бизнис заедницата и телекомуникацискиот пазар во земјава. Тој успешно ги имплементираше проектите за развој и забрзување на компаниските процеси кои доведоа до суштински промени во компанијата, го воведе агилниот начин на работа и имплементираше работна средина која инспирира иновативност. Мислав го водеше најголемиот проект за 2019 година, ребрендирањето на компанијата и промовирањето на А1 брендот во нашата земја.

А1 Македонија ја изрази благодарност и до Мислав Галер за неговото посветено работење во изминатите две години во компанијата и му посакува успех во неговата идна кариера.

Промовирани огласи »

Граѓаните кои скенираат фискални сметки да добиваат повисок процент од 15% од платениот ДДВ. Владата планира измени во проектот Мој ДДВ за поголема масовност, дознава Сител.  Колкаво би било зголемувањето на вратените пари, засега не се открива. Нашите извори велат дека не е во ред  лицата кои скенираат    месечно да добиваат максимум 600 денари, за кои  треба да потрошот над  30 илјади денари, а дневно со наградната игра да се доделуваат по 1,000, 2.000 или 3 000 денари.  Затоа измените ќе бидат направени дел од парите предвидени за Моја награда - 500 илјади евра, да се пренасочат кон сите  кои скенираат фискални. Инаку до сега 185 илјади граѓаните ја користат апликацијата Мој ДДВ и за 3 месеци можат да добијат до 1.800 денари. За дел од граѓаните оваа сума е мала, затоа не скенираат фискални.

На крајот од февруари лицата кои скенираат ќе ги добијат парите за октомври, ноември и декември. Во исто време, имаат можност и за учество во наградната игра, каде покрај дневни, се доделуваат и месечни награди, но и 2 главни премии од по 50 илјади евра. Годишно секој кој скенира фискални може да добие  по 7.200 денари, или едно 4 члено семејство до 28.800 денари годишно.

Промовирани огласи »

22 најбогати мажи во светот поседуваат повеќе пари од сите жени во Африка. 

Богатството на 2.153 светски милијардери се проценува на повеќе од 4,6 милијарди луѓе, или 60 проценти од светската популација. Ова стои во извештајот на Оксфам.

„Овој длабок јаз се заснова на погрешениот и сексистичкиот економски систем“, забележуваат авторите. 

Жените и девојките поминуваат милијарди неплатени часови секој ден готвење, чистење и грижа за блиските, поради што многу од нив не можат да бидат образовани или вработени, објави Оксфам.

Од Оксфам пресметале и дека богатството на 2.200 милијардери околу светот во 2018 пораснало за 900 милијарди долари, или по 2,5 милијарди долари на ден. Ова е раст од 12 отсто на богатството на најбогатите луѓе, додека за истиот период најсиромашниот дел од светската популација бележи пад на богатството за 11 отсто.

Во 10-те години по финансиската криза, бројот на милијардери е зголемен речиси за два пати.

Богатството на 25-те најбогати семејства во светот пораснало на скоро 1,4 трилиони долари. Ова го покажува рангирањето коешто лани го објави агенцијата Bloomberg.

Промовирани огласи »

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевитнуваат за 1,5 денари, цената на бензините останува непроменета, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Дизелот ќе изнесува 61 денар за литар, на екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар. Еуросупер БС 95 ќе се продава и неделава по цена од 68 денари за литар и Еуросупер БС – 98 по 70 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 2,539 денари за килограм и ќе изнесува 37,885 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,56 отсто, кај дизелот намалување во просек за околу 4,79 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 4,81 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 7,82 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,2594 денари за долар и е за 0,043 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »