Промовирани огласи »

Јапонските работодавачи воведоа задолжително спиење на работното место, и тоа ќе биде дел од нивните работни обврски. Тоа не значи дека ќе можат на некое време да ги „затворат очите“, туку ќе добијат соба за спиење.

И за тоа компаниите имаат вистинско оправдување. Според анализите кои ги направиле, јапонските компании годишно губат дури 138 милијарди долари поради недоволното спиење на работниците.

Компаниите до Министерството за здравство доставија предлог-закон во кој се предвидува на работниците да им се дозволи да спијат барем половина час за време на работниот ден.

Неколку ИКТ компании веднаш го прифатија овој тренд.

Промовирани огласи »

Владата даде позитивно мислење на барањето на Собранието за предлог – законот за субвенциониран студентски оброк, кој пратениците треба да го усвојат по скратена постапка.

Предлог законот го поднесе ЛДП. Во него се предвидуваат по 120 денари или 2.400 месечно за секој студент за здрав студентски оброк. Од партијата предлагаат правото на субвенциониран студентски оброк да го уживаат студентите кои се државјани на Република Северна Македонија и се запишани како редовни на додипломски студии, на државните или на приватните универзитети. Правото на субвенциониран оброк студентите ќе може да го користат секој работен ден од 8 до 20 часот, но не и во периодот од 1 јули до 14 септември во годината, како и за време на државни, верски празници и во неработни денови.

„Поаѓајќи од концептот за субвенциониран студентски оброк кој со години веќе се имплементира во Словенија, во законот предвидовме право на студентите за значително пониска цена да можат да се хранат во рестораните коишто ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк. Во законот е предвидено дека под субвенциониран студентски оброк се подразбира приготвена храна, но со Правилник за субвенциониран студентски оброк донесен од Министерството за образование и наука детално ќе биде уредено што оброкот вклучува, како и дека од субвенција се исклучени газираните пијалаци и брзата храна, како бургери, бели пецива, тостови, конзервирана храна…“, велат од партијата.

Износот ќе се исплаќа на давателите на услуги коишто услужиле студент, на почеток на тековниот месец за претходниот месец, по изготвена фактура од нивна страна доставена до Министерството за образование и наука. Давателите на субвенциониран студентски оброк ќе ги избира Министерството за образование и наука преку спроведување постапка за јавна набавка во согласност со одредбите од Законот за јавни набавки.

Промовирани огласи »

Ексклузивно и за првпат во земјата, за време на зимскиот распуст, компанијата А1 ангажираше дадилки за децата на своите вработени со што оди чекор понапред во обезбедувањето услови и бенефити за своите вработени и поставува нови позитивни примери за односот со вработените. За идејата и реализацијата зборуваме со Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

"Летечки дадилки” е препознатлива за авио компаниите кои обезбедуваат помош на патниците кога летаат со своите деца. Дали тоа беше иницијалната идеја за овој уникатен проект на нашиве простори?

Се согласувам дека името асоцира на небо и авионските компаниите , но ние тргнавме од едноставната помисла дека родителите кои имаат деца на училишна возраст постојано се двоумат и се прашуваат каде да ги згрижат и како да им го пополнат слободното време  додека е во тек училишниот распуст, а тие се на работа. Можностите се ограничени, а понекогаш и премногу отежнувачки за домашниот буџет. Како компанија која секогаш креира новитети не само за корисниците туку и за вработените го креиравме проектот со кој понудивме помош на родителите во згрижување на децата за време на зимскиот распуст. За време на училишниот распуст родителите се во дилема каде да ги остават свои деца додека се тие на работа. Со понудената програма ние ги ослободуваме од оваа грижа и овозможуваме згрижување на нивните деца во периодот додека тие не се на училиште, т.е. во период од една недела, последната од нивниот распуст.

Колкава е потребата од обезбедување ваков облик на помош за родителите?

А1 Македонија е етаблирана и добро позната компанија на македонскиот пазар која постојано го одржува своето ветување за обезбедување безбедна и ститмулативна работна средина за своите вработени. Таа произлегува од нашата групациска стратегија која е фокусирана не само на постигнување на зацртаните бизнис цели туку и на креирање и обезбедување услови за работа кои дозволуваат напредок на амбициозните и вредни професионалци вработени во компанијата. А1 Македонија е едно големо семејство сочинето од над 1000 вработени на просечна возраст од 30 години. Имајќи предвид дека станува збор за исклучително динамична индустрија во која иновативноста и технолошкиот напредок привлекува амбициозни луѓе кои се гладни за постојано учење и напредок мотивирани сме да опстоиме на исполнувањето на нашето ветување, да креираме и спроведуваме значајни проекти за благосостојба на вработените и да  бидеме лидер во креирањето корпоративна култура и компанија за пример во заедницата во која работиме.

Оттука и постојано работиме на креирање програми кои ќе овозможат благосостојба на нашите вработени и ќе им понудат многу повеќе во квалитет на нивниот професионален , но и баланс со приватното секојдневие.

Што претставува програмата Летечки дадилки?

Програмата  “Летечки дадилки” вклучува два концепти. Првиот е наменет за деца на возраст од 6 до 12 години, во едукативен центар во просториите на управната зграда на А1 Македонија каде децата поминаа една недела исполнета со многу забава и дружење но имаа можност да посетат музеј, кино, а направија и прошетки во природа.

Другиот концепт опфати деца на возраст од 8 до 14 години, во реномираната Дигитална академија СЕМОС, каде се стекнаа со компјутерски вештини според однапред дефинирана програма прилагодена на нивната возраст и интерес.

Во двете програми беа вклучени едукатори и предавачи со огромно искуство, како би биле сигурни дека децата го добиваат најдоброто.

Програмата “Летечки дадилки” ќе продолжи и за време на летниот период, додека трае летниот распуст.

Иницијативата за оваа програма ни доаѓа од А1 Телеком Австрија Групацијата која веќе се спроведува паралелно во Австрија и Хрватска.

Програмата беше позитивно прифатена од страна на родителите, вработени во А1 Македонија, а интересот беше огромен – се бараше место повеќе во формираните групи, а децата се пресреќни, како од програмата на едукативниот центар така и од посетата на Дигиталната академија.

Задоволни сме што е тоа така и ќе продолжиме и во иднина да нудиме уште поголеми бенефити за вработените во А1 Македонија.

 
 
 
 

Промовирани огласи »

Нема да се зголеми процентот на поврат од 15 отсто од платениот ДДВ. 

Односно, мерката на Владата со која на граѓаните што скенираат фискални сметки им се враќаат 15 отсто од платениот данок на додадена вредност, ќе остане во иста форма како што сега се спроведува.

На исти начин ќе продолжи да се одвива и наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, која се спроведува од неодамна.

Ова за Фактор го тврдат од Министерството за финансии, откако во одредени медиуми беше објавено дека Владата планира измени во проектот за поврат на ДДВ на граѓаните, со кои би се зголемил процентот кој сега изнесува 15 отсто, на повисок процент, со цел мерката да стане попривлечна за поголем број граѓани и проектот да добие на масовност. 

„Марката дава добри резултати, а одлично поминува и наградната игра, така што, продолжуваме како и досега“, велат за Фактор од Министерството за финансии.

Инаку, за околу две недели, односно веќе во февруари, на трансакциите на скенирачите на фискални сметки би требало да легне исплатата за второто тримесечје од мерката МојДДВ.

До граѓаните повторно беше упатен апел доколку имале проблеми со исплатата во првото тримесејче, да ги проверат убаво нивните трансакциски сметки, дали правилно се внесени во апликацијата.

Инаку, од првата исплата, поврат легнал кај 144.601 граѓани кои имале правилно внесени трансакциски сметки, а исплатената сума е 155.244.780 денари.

Граѓаните кои скенираат фискални сметки, максималната сума што можат да ја добијат за три месеци е 1.800 денари, или 7.200 денари годишно. 

А во наградната игра, пак, се доделуваат дневни и месечни награди, а има и две главни премии од по 50 илјади евра. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »