Промовирани огласи »

Според информациите од ACEA (Европското здружение на производителите на автомобили) барањата за електричните возила пораснале за 81% во последните три месеци од 2019 година односно продадени се 156.805 автомобили.

Хибридните возила и понатаму го сочинуваат мнозинството на алтертивни возила во Европската унија и тоа е пораст за 69,2% во однос на идентичното тримесечие во 2018 година што исто така е големо поместување.

Уште пред новите стандардни за емисиите на штетни гасови, електричните автомобили стануваа сè попопуларни и попопуларни што доволно зборува за тоа што народот сака да вози, а како главна причина за дотогашната слаба продажба се наведува недостатокот на избор од страна на произведувачите. Покрај сите овие бројки се наведува дека се продадени 3,7% помалку дизел возила во Европската унија, но и дека се регистрирани 29,5% помалку дизел автомобили.

Франција, Германија, Романија, Шведска, Унгарија, Белгија и Словенија имале нешто позначаен број на купени дизел автомобили, но и понатаму судејќи според пазарот во Европската унија најзастапени се бензин верзиите.

Промовирани огласи »

Граѓаните и инвеститорите отсега ќе можат од дома да проверат дали низ нивна или друга локација за која се заинтересирани поминува инфраструктурен објект преку геопорталот што за таа намена го воспостави Агенцијата за катастар на недвижности.

На геопорталот може да се видат досега евидентираните оптички и бакарни кабли, кабли за пренос на електрична енергија, гасоводи, водоводи, канализации, трафостаници, базни станици, антени и други инфраструктурни објекти.

Во случај низ земјиште на граѓанин со решена сопственост да поминува каква било инфраструктура и за тоа има имотен лист може да побара надомест од операторот на таа инфраструктура.

Граѓаните имаат право да си ги решат имотноправните работи со имателите на овие инфраструктури по пат на службеност. Ќе треба да се договорат околу службеноста како имателот на таа инфраструктура ќе влегува во дворот на граѓанинот за да пристапи до инфраструктурата. Договарањето секогаш е доброволно, а во спротивно по судски пат.

Досега технички се евидентирани над 23 илјади километри водови од телекомуникации, електроенергетика и водовод и канализација и над 142 илјади точкасти објекти од типот на базни станици, трафостаници, антени. Тоа е направено врз основа на податоците за нивната геопросторна локација со која располагаат имателите.

Промовирани огласи »

Половина од граѓаните се на став дека во Македонија има полова дискриминација при вработување, а исто толку процент на граѓани се на ставот дека мажите и жените земаат иста плата за исто работно место. Вакви резултати дава најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

 Според него, 49,5% од анкетираните се на став дека во земјава има родова дискриминација при вработување, додека високи 40,6 се убедени во спротивното. Младите во поголем процент сметаат дека родовата дискриминација при вработување е појава која постои во земјава. Таков став делат 64,9% од анкетираните кои се помлади од 30 години, додека само 28,1% од нив велат дека родова дискриминација при вработување нема.

Точно половина од анкетираните сметаат дека и мажите и жените за исто работно место земаат иста плата. 30,8% сметаат дека мажите се повеќе платени додека само 4,6 се на став дека жените земаат повеќе плата од мажите вработени на истото работно место.
Кога одговорите на анкетираните ќе се поделат според полот, бројките велат дека 57,8% мажи и 42,4% жени сметаат дека за исто работно место и мажите и жените земаат повеќе плата.
23,1% мажи и 38,4% жени сметаат дека мажите се повеќе платени додека само 5,6% мажи и 3,6% жени се на став дека жените земаат повеќе плата од мажите со кои работат на истото работно место.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена во периодот од 28 до 31 јануари врз репрезентативен примерок од 1083 испитаници.

Промовирани огласи »

Согласно Одлуката за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат (патарина) со која воведува нова категорија на видови возила, Прва Категорија А за моторни возила со карактеристики на мотоцикли (со две тркала), се имплементира во системот за наплата на патарина како Категорија 1А и започнува со ефективна употреба и наплата од 10.02.2020 година од 00:00 часот (понеделник, од полноќ).

Во категоријата „1А“ спаѓаат мотоцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125 см³ и чија сила на моторот не е поголема од 11 kw и соодносoт на јачината на моторот и масата на возилото не надминува 0.1 kw/kg, како и трицикли со моќност помала од 15 kw.

Ова се цените по наплатни станици за надоместок за употреба на пат (патарина)

1. Романовце 40 денари / 0,50 евра. 2. Петровец 20 денари / 0,50 евра. 3. Сопот 50 денари / 1,00 евро. 4. Отовица 50 денари / 1,00 евро. 5. Стоби 40 денари / 0,50 евра. 6. Миладиновци 20 денари / 0,50 евра. 7. Тетово 20 денари / 0,50 евра. 8. Гостивар 20 денари / 0,50 евра. 9. Глумово 20 денари / 0,50 евра. 10. Желино 20 денари / 0,50 евра. 11. Гевгелија 60 денари / 1,00 евро

Извор: 24Ауто.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »