Промовирани огласи »

Државата ќе ги подобрува вештините на невработените за да најдат работа, но и ќе им помага и да почнат сопствен бизнис. Мерките кои годинава се под мотото “Шанса за сите“ предвидуваат дел од невработенте да се преквалификуваат. На пример, државата ќе обезбеди обуки за полагање на Ц и Д категорија. Ќе обезбеди и поддршка од 9.000 денари месечно за лицата кои ќе ќе одат на обуки кај познати работодавачи. Пари ќе има и за работодавачите кои ќе прифатат да примат невработени на обука. Посебен фокус се лицата кои ќе се преквалификуваат за ИТ вештини.

Најголем дел од парите ќе бидат наменети за лицата кои ќе почнат сопствен бизнис. За ова се предвидени над 7 милиони евра и со неа ќе бидат поддржани над 1300 нови бизниси.

Оперативниот план на Владата за оваа година тежи рекордни до сега 22,7 милиони евра, а дел од нив ги обезбеди УНДП. Планот годинава ќе опфати околу 12.000 лица.

Промовирани огласи »

На само еден ден пред Св. Валентин вие сѐ уште немате идеја за подарок за вашите љубени? Нептун Македонија оваа година ќе го олесни вашиот избор за совршен подарок. По повод “Денот на вљубените”, до 14-ти февруари, во Нептун продавниците ширум Македонија има голема haPPy St. Valentine акција со огромен избор на производи со големи попусти за супер големи заштеди! Посетете ги Нептун продавниците и направете го вистинскиот избор овој Св. Валентин и изненадете ги вашите љубени.

Акцијата haPPy St. Valentine нуди големи попусти и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Потрошувачите може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати. Застапени се одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во денот на вљубените!

Промовирани огласи »

Граѓаните ќе ги добија инвертерите на крајот на грејната сезона- во април.

Иако требаше да ги имаат оваа зима, сепак огласот за аплицирање се уште не е објавен.  

Од ЕЛЕМ  велат парите ги инкасирале во буџетот и распоредени се во општините Битола Тетово, Кичево и Скопје – градовите каде првично ќе се делат инвертери.

Сега треба општините да ги донесат правилниците за тоа кој домаќинства ќе имаат предност. Па потоа да ги објават огласите за аплицирање.  Но засега само Битола  го има направено тоа.

Останатите општини ја немаат завршено постапката.

Со оваа мерка граѓаните за греење ќе користат струја која сеуште најголем дел се произведува од јаглен нешто на што  предупреди и Европската енерегетска заедница.

Од таму  се против постојанотот субвенционирање на производството  на електрична енергија од овој енергенс. Бараат да се намали неговото учество.

Сепак министерот за економија Бектеши трвди дека земјава ги спроведува препораките од заендицата и нема да биде санкционирана.

Мерката субвенционирање на инвертери беше донесена како  опција за намалување на загадувањето. Се планира 10 илјади домаќинства да ги заменат старите печки. За оваа намена одвоени се 10 милиони евра.

Промовирани огласи »

Ќе оди ли Македонија по стапките на соседите?

Сообраќајната полиција во Софија почна со проверки на автомобилите и камионите што го загадуваат воздухот во Софија. Возилата што испуштаат штетни гасови над дозволеното ќе бидат исклучени од сообраќај.

За таа цел, на сообраќајната полиција ѝ се доделени пет уреди од градските власти со кои ќе се мери нивото на штетни гасови. Досега вакви уреди во Бугарија се користеа само при регистрација на возилата. Оваа мерка е донесена од градските власти во рамките на активностите за намалување на загадувањето на воздухот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »