Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година изнесувала 26.836 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 104.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (12.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.0 %) и Градежништво (11.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9.3 %), Информации и комуникации (8.4 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (6.8 %).

За некои професии се заработува и до два и пол пати повеќе од државниот просек:

Таков пример е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде просечната плата во декември изнесувала 68.255 денари што ги сместува вработените во оваа дејност на врвот на листата на најплатени професии.

Потоа следат секторите производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.111 денари, финансиско-услужни дејности (44.377 денари), воздухопловен транспорт (42.029 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови (41.148 денари).

Во споредба со ноември 2019, просечната месечна нето плата во декември 2019 година бележи пораст за 1.049 денари.

Промовирани огласи »

Во понеделник Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата. 

РКЕ ја утврдува новата цена на горивата врз основа на цената на нафтените деривати на светските пазари  и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Очекуваме дали оваа недела ќе имаме намалување или пак покачување на цените.

Промовирани огласи »

Општинското основно училиште „Александар Македонски“ во соработка со Советот на родители донесе одлука за забрана на употребата на мобилни телефони за време на часовите. За таа цел, училиштето набави посебни шкафчиња каде што ќе се оставаат телефоните и учениците ќе можат со поголемо внимание да го следат часот.

Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес.
Ја поздравуваме ваквата одлука и ги поттикнуваме и другите училишта во општината да ја применат оваа практика.

Промовирани огласи »

Адвокатското друштво Интер Партес Скопје има потреба од ПРАВНИК кој би работел во одделот за “Бизнис и човекови права” во адвокатското друштво: https://kariera.mk/job/rYfOUvpPUUepuDV2c1jt8g/pravnik-za-biznis-i-chovekovi-prava

Фортон МКА е во потрага по КОНСУЛТАНТ ЗА МАЛОПРОДАЖЕН ПРОСТОР: https://kariera.mk/job/lQG4etuEZEy8NHGWJLvT0w/konsultant-za-maloprodazhen-prostor

FLO Magazacilik со 2 отворени работни места: 

Киндер Парк вработува КЕЛНЕР, ШАНКЕР, ГОТВАЧ и НЕГОВАТЕЛКА: https://kariera.mk/job/TI409xaIVkW7ZEehzwsNAg/kinder-park

Макпромет има потреба од ДИРЕКТОР ЗА ПРОДАЖБА НА ЧУНГА ЛУНГА: https://kariera.mk/job/R8TJEyz_T0eox-6ZquYkNg/direktor-za-prodazhba-na-chunga-lunga

Taskforce со отворено работно место за SHIPPING ASSOCIATE: https://kariera.mk/job/PztG2hWivk-5PevaYVflLA/shipping-associate

Компанија со долгогодишно искуство во областа  на угостителство има потреба од СМЕТКОВОДИТЕЛ: https://kariera.mk/job/Wx8KaG2Zek-Cxtx4IYsWNw/smetkovoditel

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »