Промовирани огласи »

Со задоволство би сакале да Ве информираме дека е склучен меморандум за соработка помеѓу KARIERA.mk, МОТИВИ (Агенција за привремени вработување, регрутација, headhunting...) и Асоцијација на метална и електро индустрија - МАМЕИ. Со овој меморандум докажуваме дека како општествено одговорни компании дополнително ќе се залагаме за помагање на стопанството и отворање на нови работни места.

МАМЕИ брои околу 40 компании за кои ги отвараме вратите за дополнителна соработка. 

Тековно ќе ги информираме сите членови на KARIERA.mk и МОТИВИ за идните вработувања.

Промовирани огласи »

Постојат многу сложени и ефективни методи за тоа како да инвестирате и да заработите повеќе, но генерално е неопходно да имате дополнително знаење и талент. Само треба да научите различни пристапи и трикови.

Инвестирајте во себе

Најдобрата инвестиција за вашата иднина е да инвестирате во себе. Колку побрзо ќе го разберете ова, толку подобро, затоа што треба да направите што повеќе различни работи кога сте млади.

Се разбира, ова е за учење нови работи и ново искуство, немојте да мислите дека треба да имате уште една факултетска диплома, туку обидете се да научите нешто што ве интересира. Читање книги, курсеви преку интернет, добивање сертификати или посетување програми за личен развој, се одлични опции. Колку повеќе вложувате во себе, толку повеќе ќе станете вредни. Постојат голем број бесплатни предавања и курсеви на интернет.

Запомнете го правилото 3 по 8

Сите знаеме дека во просек работиме 8 часа на ден, спиеме 8 часа и имаме околу 8 часа на ден слободно време. Ние го продаваме нашето работно време на други луѓе, а времето за спиење го одвојуваме за нашето тело. Значи, единствениот начин да станете подобри во нешто е да ги поминете последните 8 часа од денот мудро. Направете нешто што е корисно за вас на долг рок, како што се подобрување на вештините што веќе ги имате или учење нови. Колку повеќе заработувате, толку повеќе можете да заштедите.

Внимателно позајмувајте пари на семејството и пријателите

Иако сакаме и се грижиме за нашите роднини и пријатели, проблемот е во тоа што може да имаат различен начин на размислување кога станува збор за парите што ги позајмиле од вас. Можеби се надеваат дека ќе го заборавите вашиот долг или едноставно ќе им простите. Ова потенцијално недоразбирање може да расипе и добри односи. Значи, или воопшто не позајмувате или договорете одреден рок за враќање.

Останатите совети прочитајте ги тука!

Промовирани огласи »

Потребни се години за да се развие добра бренд, а неговата репутација може да се уништи за еден ден. Највредните светски брендови се глобалните корпоративни гиганти. Тие остваруваат милијарди годишни профити, имаат огромно влијание врз јавното мислење и се признаваат ширум светот. Веб-страницата „How Much“ објави графички приказ на 100-те највредни брендови во светот.

Аналитичарите земале во предвид различни параметри за пресметување на брендната вредност, вклучително и инвестиции во маркетинг, капитал и др.

Амазон: 221 милијарди долари (малопродажба)
Гугл: 160 милијарди долари (технологија)
Епл: 141 милијарди долари (технологија)
Мајкрософт: 117 милијарди долари (технологија)
Samsung Group: 94 милијарди долари (технологија)
ICBC: 81 милијарди долари (банкарство)
Фејсбук: 80 милијарди долари (медиуми)
Волмарт: 78 милијарди долари (малопродажба)
Пинг Ан: 69 милијарди УСД (осигурување)
Huawei: 65 милијарди долари (технологија)

Според ова рангирање, најсилната европска марка е Мерцедес, која се наоѓа на 11-то место во целина. Други европски компании на врвот на листата се Фолксваген, БМВ, Шел, Порше, Дојче Телеком, Икеа, Тотал, Алијанц, Нескафе, Гучи, Сименс, Бош…

Промовирани огласи »

Претседателот на Кина, Си Џинпинг рекол дека Кина се соочува со голем тест.

Владата побарала од банките да понудат повеќе кредити за економијата која останала затечена поради коронавирусот. Анализата покажала дека милиони на мали и средни претпријатија во таа земја се на работ на преживување.

Утврдено е дека околу 60 проценти од компаниите можат да вршат регуларни исплати само уште два месеци по што ќе останат без пари. Само 10 проценти од нив можат да издржат шест месеци или подолго, пренесува порталот Klix.ba.

Малите и средни претпријатија се посебно во фокусот, бидејќи сочинуваат 60 отсто од кинеската економија и во нив се вработени околи 80 работници, се наведува во податоците на Народната банка на Кина.

Многу компании и работници се на продолжен одмор од крајот на јануари.

Директорката на ММФ, Кристалина Георгијева предупредила на собирот на Г-20 дека втората по ред економска сила ќе има силен пад на економскиот раст во првиот квартал.

Се надеваат дека ова ќе се поправи во вториот квартал од годината, пишува Би – Би – Си.

Повеќе