Промовирани огласи »

Ние сме држава во развој, но подготвени ja пречекуваме оваа криза, следува поместување на плаќањето на кредитите и одлагање на извршувањата од извршителите, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата Клик плус на ТВ 21.


Априлската рата и фирмите и граѓаните погодени од кризата ќе можат да ја платат во јули месец и ако требало да ја платат во април имаат уште 12 рати кои што им завршуват во април 2021 година почнувајќи сега со тој мораториум да плаќаат од јули 12 рата ќе им заврши во јули 2021 година. Тоа значи дека имаме буквално поместување за три месеци. Во овие три месеци и десет дена ќе се случи и стопирање на сите извршители, ќе има уредба со законска сила, сега владата е во вонредна состојба ќе има брзи и ефикасни модалитети, истакна Заев.
 
Лидерот на СДСМ истакна и дека со тимот експерти работи на нов, огромен пакет економски мерки за поддршка на стопанството, на фирмите, работниците и граѓаните, за санирање на економските последици од глобалната пандемија со коронавирусот, најавувајќи вкупна финансиска поддршка од 200 милиони евра во стопанството.
 
– 43.000 е бројката на вработени во угостителството и трговијата, кои се првично зафатени со кризата. Овие мерки кои се најавени од Владата, до сега имаат сериозен импакт. Особено кредитите без камата од Банката за развој, инвестиции во придонесите за вработените кои ги намалуваме за 50 отсто и други. Ние имаме до сега 20-тина милиони евра алокација кон здравствтото, потоа имаме кон Центарот на управување со кризи, Армијата, полицијата каде веќе 30 милиони евра се алоцирани. До 200 милиони евра ќе стигне финансиската подрршка за стопанството, рече Заев. 

Промовирани огласи »

Нови шест милиони евра од денеска им се достапни на компаниите за бескаматни кредити за надминување на состојбата предизвикана од корона вирусот и заштита на ликвидноста и работните места. Како интервентен сет на мерки на стопанството наскоро ќе му бидат достапни околу 100 милиони евра за таа намена, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа додава дека се во преговори со Европската инвестициска банка за дополнителни 50 милиони евра што ќе им бидат достапни на компаниите за бескаматни кредити. Преку мерката ослободување од плаќање на аконтации од данокот на добивка за сите погодени компани, како што рече, во наредните три месеца ќе се ослободат околу 10 милиони евра,  со субвенционирањето на 50 отсто од придонесите околу 20 милиони евра, преку бескаматните кредити ќе им се достапни уште шеесетина милиони евра.

Министерката најави и дека се прават напори за ослобoдување на граѓаните од ратите за кредити за наредните три месеци.

Комитетот за финансиска стабилност денеска има состанок на кој ќе се разговара  со комерцијалните банки за носење на одлуката за одлагање на плаќањето на ратите за кредитите и за граѓаните и за погодените компании. Треба да најдеме начин кога граѓаните ќе почнат да ги плаќаат ратите, а тоа да не биде тоа преку нарушување на финасиската стабилност – додава Ангеловска.

Промовирани огласи »

По прогласувањето на вонредна состојба на територијата на целата држава, согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работниците имаат право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во текот на годината, а покрај друго и за елементарни непогоди до 7 дена, согласно Спогодбата од 2016 година, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.

-Дополнително, предвидено е дека во случај на прогласување на вонредна состојба или кризна состојба или друг вид на непогоди прогласени со Одлука на Владата или друг надлежен државен орган или институција работодавачот може на работникот да му одобри и поголем број на слободни денови, велат од ССМ.

Воедно, од ССМ апелираат до сите работодавачи да ја почитуваат и применуваат оваа одредба од Општиот колективен договор за приватниот сектор.

Исто така, напоменуваат дека отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на траењето на причината врз основа на која се остварува, без оглед на барањето на процесот на работа. 

Промовирани огласи »

Пациент заразен со коронавирус оздравел откако во италијанска болница бил третиран со експерименталниот лек „ремдесивир“.

„Го имаме првото лице кое што оздрави откако беше третирано со експерименталниот лек“, изјави доктор од клиниката за инфективни болести при „Сан Мартино“ во Џенова, Матео Басети.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, лекувањето на 79-годишниот пациент започнало на 7-ми март и веќе на две тестирања на коронавирусот резултатите биле негативни.

Пациентот наскоро ќе се врати во Ломбардија, изјави Басети и нагласи дека сите доктори се многу задоволни затоа што се чини дека лекот е успешен. Басети исто така откри дека има уште неколкумина пациенти кои се лекуваат со експерименталниот лек.

Италијанското министерство за здравство вчера одобри тестирање на животни на првата вакцина против коронавирусот, пренесува новинската агенција „АНСА“. Пробната вакцина била направена во лабораториите на компанијата „Такис“ и станува збор за првата ваква вакцина во Европа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »