Промовирани огласи »

Од денеска малопродажната цена на горивата во Македонија уште повеќе ќе се намали. следејќи согласно референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои бележат радикално намалување.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: - Моторен бензин Еуросупер 95 - 49,50 денари/литар, Моторен бензин - Еуросупер 98 - 52,00 денари, Дизел гориво - 45,50, Екстра-лесно масло за горење - 34,50 и Мазут - 18,738 денари.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер 95 се намалува за 5 денари по литар, Кај Еуросупер 98 се бележи намалување за 4,5 денари, Дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 3 денари, додека мазутот се намалува за 3,195 денари.

Промовирани огласи »

По два циклуси на немање нови случаи ќе знаеме дека вирусот е целосно исчистен. 

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи уверување дека ситуацијата со коронавирусот во Македонија ќе има позитивно сценарио.

„Мора граѓаните да ги почитуваат сите овие мерки. Механизмот е тој, да после два циклуса на инкубација, практично сметаме дека вирусот повеќе не е никаде околу нас. Значи, тие кои биле заболени целосно оздравеле после процесот на лекување, а го нема ниту, пак, на површините и тоа е таа логика зошто се препорачува социјална дистанца, зошто инсистираме на почитување на овие одлуки, да нема движење надвор и нормално заштита на ризичните категории“, рече министерот.

За набавката на респираторни машини, рече дека постапката е прекината и дека ќе биде повторно започната. 

Промовирани огласи »

Наместо од 6 часот, со оглед на најновата одлука на Владата за забрана за движење на населението во период од 21–05 часот, јавниот превоз ќе почне да сообраќа од 5 , најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

– Заради проблемите кои што денес се појавија во јавниот превоз во Скопје, денес побаравме од Владата и беше донесена одлука да се скрати полицискиот час од 21-05 часот, а со цел избегнување на утринските гужви во автобусите.

Од утре, автобускиот превоз ќе се одвива од 05 часот наутро (како и до пред денешниот ден), за секој навремено и без гужви да стаса до својата дестинација.

Ова, секако не значи дека било кој од нас треба да се опушти во чувањето на сопственото и јавното здравје и да се придржува кон препораките на надлежните.

Ве замолувам, кој нема неопходни и неодложни обврски, да останете дома, стои во објавата на Шилегов.

Промовирани огласи »

Владата реши да се забрани движењето на младите до 18 години од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 до 05 часот следниот ден, сопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски.

Тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне.

Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани, истакна премиерот Спасовски во вечерашното гостување на ТВ24.

Спасовски информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 до 05 наместо до 06 часот.

Утре на седница на Кризниот штаб ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.

Спасовски не исклучува и дополнителни рестриктивни мерки зависно од тоа какви ќе бидат проценките за развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во применувањето на досега донесените. Апелира до сите да ги почитуваат воведените мерки и да останат дома, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »