Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 1 до 29 февруари годинава се продолжува до 31 март годинава.

„Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период од 01.02.2020 до 29.02.2020 од 25.03.2020 се продолжува за 7 (седум) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 31.03.2020 година.“- соопшти УЈП.

Промовирани огласи »

Новите обрасци за пасоши пристигнаа во земјава, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Новите обрасци за пасоши пристигнаа. Сега во оваа ситуација се разбира нема голем интерес, бидејќи и границите се затворени. Сепак, има некои граѓани кои и сега аплицираат, во најголем дел тоа се луѓе кои сакаат да аплицираат за виза, па имаат потреба од број на важечки пасош, рече Чулев.

Промовирани огласи »

Додека сѐ уште се консолидираат ресурсите за справување со посилен импакт од вирусот Covid-19, „Алкалоид АД Скопје“ и покрај сите логистички и ресурсни предизвици, одлучи да ги намали цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое македонско домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“„Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи. Информацијата за намалувањето на цените на овие производи е проследена до сите чинители во дистрибутивниот ланец (веледрогерии, аптеки, дистрибутери и поголеми ланци на маркети) и истото намалување очекуваме дека ќе се пренесе до крајните корисници, соопшти компанијата.

„Алкалоид АД Скопје“ денеска донираше износ од 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза.

Веќе две недели компанијата „Алкалоид АД Скопје“ функционира во извонредно турбулентни услови. Се бориме за обезбедување залихи на производи кои не ни се примарна дејност, но во моментов се од суштинско значење за сите, се соочуваме со огромни логистички предизвици во услови на затворени граници, блокирани и поскапени суровини и амбалажи, секојдневно носиме одлуки кои се од исклучителна важност за компанијата, при тоа ставајќи акцент на врвниот приоритет: Здравјето на луѓето, соопшти компанијата.

Промовирани огласи »

Против предлогот за намалување на платите денеска реагираше и Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје.


61
24 март 2020, 16:36
СподелиСподели

 Оттаму посочуваат дека платите на вработените во администрацијата и образованието се мали и недоволни за да се покријат основните трошоци и оти ваквиот предлог ќе биде уште еден удар врз науката и вработените во високото образование, имајќи предвид дека пред распуштањето на Собранието не се остварило најавеното зголемувањето на платите.

– Во оваа состојба на пандемија, на луѓето им се потребни средствата од редовните примања за опстанок во вонредните околности, кога не можат да остваруваат никаков дополнителен приход со сопствен труд, туку треба да се потпрат единствено на средствата од плата за издршка на семејството, велат од Синдикатот, посочувајќи дека ваков предлог нема донесено ниту една земја во регионот, иако имаат прогласено вонредна состојба.

Синдикатот предлага да се изнајдат други начини за финансиска поддршка и борба против коронавирусот со пренасочување на буџетски средства наменети за одредени проекти кои во моментот не се повеќе значајни од здравјето на граѓаните, како и од државните резерви, донации од банки и големи компании, задолжување…

– Синдикатот смета дека во услови на демократско општествено уредување, воведената вонредна состојба и носењето на уредби со законска сила од страна на Владата треба да биде насочена кон итно справување со опасноста од вирусот и надминување на постојните проблеми во насока на заштита на здравјето на граѓаните, но не и за носење на одлуки поврзани со платите на вработените. За вакви прашања е потребна поширока општествена јавност при одлучувањето. Дотолку повеќе што правен основ за носење на ваква мерка, со која се намалуваат платите, во нашето право изречно не е предвидена и уредена, се наведува во соопштението.

Од Синдикатот посочуваат дека вработените во УКИМ во овие вонредни околности сепак одржуваат настава по електронски пат. /МИА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »