Промовирани огласи »

Мерката 14.500 денари плата по вработен се однесува на сите фирми што се погодени од коронакризата, како и на самостојните вршители на дејност. Аплицирањето е лесно а условите се едноствавни, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување на емисијата „Економски магазин“.

Таа, како што соопшти Миистерството за финансии, посочува дека забуна е што се смета дека овие средства се наменети за исплата на нето-плата. Ангеловска го посочува Законот за работни односи согласно кој во услови на прекин на работните услови во виша сила фирмите можат да исплаќаат 50 оотст од плата, согласно што во угостителскиот сектор каде просечна нето плата е 18.000 денари, со средствата од мерката се покрива сервисирање и на платата и на придонесите.

– Законот за работни односи, член 112 вели дека во прекин на работен однос може да се пуштат работниците со 70 отсто плата, во случај на виша сила може да се пуштат со 50 отсто плата. Значи ако разговараме за угостителскиот сектор, кој според Државниот завод за статистика вработува 30.000 лица кои имаат бруто плата од 26.000 денари и нето плата од 18.000 денари за 2019, компаниите за да ги задржат работниците ги пуштиле дома со 50 отсто, тоа значи дека тие имаат нето-плата од 9.000 денари. Нето плата од 9.000 денари со придонеси и персонален данок изнесува 14.500 денари, што значи дека во овој случај мерката ја покрива комплетно таа плата од 50 отсто за тие компании кои веќе го направиле тоа, вели Ангеловска.

Министерката за финансии истакна дека мерката е отворена за сите работодавачи.

– Едниот услов е да им е паднат 30 отсто приходот, тука гледаме кој колку е погоден. Кога зборуваме за 30 отсто пад на приходот, зборуваме за април и мај, бидејќи за април ќе аплицирате на крајот на април, односно на почетокот на мај и ако во април ви е паднат 30 отсто приходот споредено со месечниот просек од 2019 година вие го исполнувате тој услов. Понатаму имаме предвидено за оние кои се регистрирани подоцна тие го земаат просекот на месеците откако работат и за сезонските работници се споредува кварталот со кварталот кој е релевантен претходната година – пад од 30 отсто. Кој е вториот услов – да не исплаќаат дивиденди бонуси од денот на објавување на уредбата од завчера, до денот на користење на помошта. Третиот услов вели, да нема плата од 120.000 денари над 10 отсто од вработените, значи зборуваме за навистина едноставни услови што ги опфаќаат сите работодавачи, рече Ангеловска.

Таа посочува дека мерката важи и за самостојните вршители на дејност.

–Истата мерка важи и таа мерка, истава уредба, ја има со финансиска поддршка од 14.500 за самостојни вршители на дејност. Бидејќи сите овие занаетчии кои што беа споменувани се регистрирани како самостојни вршители на дејност и процесот на апликација за истите оди наместо преку Е-Даноци, преку Е-ПДД системот на УЈП. Исто така, уредбата е објавена, исто така има формулар, исто така едноставен е многу процесот, бидејќи не е истиот процес на МПИН кај овие што се самостојни вршители на дејност. Во нив спаѓаат голем број од занаетчиите, голем број од козметичари, фризери и така натаму и за истите е отворена мерката за поддршка, со мали модификации секако, бидејќи е различна формата на регистрирање, посочи таа.

Ангеловска истакна дека аплицирањето оди многу едноставно.

–Во Управата за јавни приходи на системот е-даноци компаниите пополнуваат барање до 5-ти во месецот, значи до 5 мај за претходниот месец дека ги исполнуваат условите. Изјавуваат под морална и кривична одговорност дека им се паднати 30отсто од приходите, неколку полиња се што ги штиклираат и пополнуваат барањето. Во рок од три дена УЈП ги информира за комплетноста на барањето, тоа е овој формулар кој е сега и објавен. Потоа компаниите во МПИН образецот што го пополнуваат на месечно ниво за исплата на плата, штиклираат за кој работник побаруваат помош. Штиклираат да речеме 10 лица или колку и да штиклираат и тука велиме дека во полето за шифра внесуваат 619 ако ја користат само оваа мерка или 621 ако користат и она покачување на платите и придонесите.  По аплицирање до 13-ти во месецот тие ќе ги добијат средствата на нивната сметка. Како УЈП информира преку посебна програма отворена за оваа мерка, ја информира Владата, Владата ги исплаќа на сметка на работодавачот и истиот согласно со законот до 15-ти во месецот да ги уплати платите односно МПИН-от да го помине во банка, вели Ангеловска.

Промовирани огласи »

Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска, изјави дека повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил.  

Петровска додаде дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.

Ова е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава.

Промовирани огласи »

Градот  Скопје ги известува сите таксени обврзници дека во услови на прогласена светска пандемија предизвикана од вирусот Ковит -19 и последиците коишто истата ги предизвикува врз стопанството, со цел да им се помогне на компаниите да ги пребродат нарушувањата предизвикани од корона вирусот, Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје“ започнувајќи од 01.01.2020 година. Со измените и дополнувањата се врши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, односно, се врши намалување на комуналната такса за фирма, како  дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници коишто вршат дејност на територијата на 10-те скопски општини.  

Поради наведеното, ги известуваме сите таксени обврзници кои се уште не извршиле уплата на обврските по основ на комунална такса за тековната 2020 година по подолу наведените основи, истите треба да ги уплатат согласно со добиените решенија, но со намален износ, како што следи:

Тарифен број 1

 

 

За фирма, односно назив на:

износ во денари

а) деловните простории на физичките лица коишто  вршат  дејност        

                       1.300,00

б) деловните простории на физичките лица коишто  вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ  

350,00

в) деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите                                         

4.000,00

продавници, киосци, деловни единици и слично  на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и  услугите,                           

2.000,00

деловни простории на правни лица од комуналните дејности

2.000,00

деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови што дејствуваат  повремено                               

2.000,00

Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека уплатениот износ кој ја надминува  новоформираната цена  за фирмарина ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на дополнителните средства.

Воедно, Град Скопје напоменува дека во времетраење на вонредната состојба, нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. 

Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

Надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. На пример, паричен надоместок се исплатува 1 месец, ако лицето има стаж на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Ако лицето има стаж од 10 до 12,5 години, надоместокот се исплатува 6 месеци, а доколку има стаж над 25 години - 12 месеци.  

Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80 отсто од просечната месечна нето плата по работник во државата објавена за последниот месец.

Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.

Детални информации може да се најдат на страницата на Агенцијата за вработување: https://av.gov.mk/paricen-nadomestok.nspx

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »