Промовирани огласи »

Што треба да знае секој работник за надоместокот на плата?

Важни информации за сите вработени: Надоместок на плата при отсуство од работа.

Според Законот за работни односи, работникот има право на надоместок на плата во одредени ситуации кога е отсутен од работа. Во зависност од причината за отсуството, надоместокот може да биде исплатен во целосен или делумен износ.

Кога работодавачот е должен да исплати целосен надоместок на плата?

Работникот има право на плата во целост во следните случаи:

  • Користење годишен одмор
  • Користење вонреден (платен) одмор
  • Дообразување или стручно усовршување одобрено од работодавачот
  • Државни празници утврдени со закон
  • Користење слободни денови одобрени од работодавачот
  • За време на отказен рок, кога тоа е утврдено со одлука на работодавачот
  • Отсуство поради причини настанати од страна на работодавачот

Кога се исплаќа делумен надоместок?

  • Во одредени ситуации работникот има право на делумна исплата на плата:
  • Поради болест или повреда, врз основа на соодветна медицинска документација
  • Поради повреда на работа и подолготрајно отсуство, доколку се утврди одговорност на работодавачот
  • Во случај на виша сила, работникот има право на 50% од просечната плата остварена во последните 12 месеци
  • При прекин на работниот процес од деловни причини, се исплаќа 70% од платата за период до три месеци во текот на годината

Што е со приправниците?

Работникот-приправник има право на плата која не смее да биде пониска од 70% од основната плата предвидена за работното место за кое се оспособува.

Познавањето на правата од работен однос е важно и за работниците и за работодавачите. Надоместокот на плата е законски регулиран и обезбедува финансиска сигурност во случаи кога работникот оправдано отсуствува од работа.

Тагови: паричен надоместок плата работнички права

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник за следење на договорите за концесија, Одделение за следење на договорите за концесија и наплата на концесиски надоместоци, Сектор за рударство

Советник за рударски отпад, санација и рекултивација на рудниците и заштита на животна средина, Одделение за рударски отпад, санација и рекултивација на рудниците и заштита на животна средина, Сектор за рударство

Советник за аналитика на печатени и електронски медиуми, Одделение за односи со јавност, Сектор за кабинет на министерот

Советник за геолошки истражувања и рударство, Одделение за геолошки истражувања на минерални суровини, Сектор за геологија

Советник за материјално - финансиско работење, Одделение за административно правни работи и материјално финансиско работење, Административна служба

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Викенд исполнет со позитивна енергија: KARIERA.mk во Аеродром

Дел од атмосферата од дружбата на KARIERA.mk во Аеродром

Изминатиот викенд, тимот на KARIERA.mk беше дел од прекрасната атмосфера во Општина Аеродром, во паркот кај Авиончето, каде што уживавме во одлично дружење со граѓаните и ги претставивме нашите најнови продукти и услуги.

Нашиот штанд привлече голем број посетители кои во овие топли денови имаа можност да се освежат со бесплатно KARIERA кафе и слатки изненадувања. Како совршен одговор на јунските температури, за граѓаните подготвивме и специјален промотивен материјал за летната сезона нашите препознатливи лепези за разладување и практични отворачи за пиво, кои предизвикаа многу насмевки и позитивни реакции кај присутните.

Секако, не ги забораривме ниту најмладите! За нив подготвивме посебен подарок KARIERA балони кои им ги делевме на дечињата и кои донесоа уште повеќе шаренило, весела атмосфера и искрени насмевки во паркот.

Покрај забавното дружење, посетителите имаа одлична прилика одблиску да се запознаат и со придобивките од MojaKARIERA картичката  единствен производ на пазарот, комплетно наменет за активните баратели на работа:

  • BASIC пакетот: Овозможува директна препорака на вашето CV до компании кои бараат кадар со соодветни квалификации и искуство.
  • PRO пакетот: Овозможува професионална анализа и целосно унапредување на CV-то од страна на искусниот тим на KARIERA.mk, со цел да бидете чекор пред останатите кандидати.

Настанот помина во фантастична атмосфера исполнета со корисни разговори, нови познанства и одлична енергија. Им благодариме на сите што нѐ посетија и одвоија време да се запознаат со нашите услуги.

Доколку не успеавте да бидете дел од настанот, погледнете дел од атмосферата во галеријата подолу.

KARIERA.mk – вашиот партнер на патот до нови можности и успешна кариера!

Тагови: забава кафе Моја кариера картичка

Промовирани огласи »

Вработување во Виола Аптеки!

Најновите огласи за вработување во Виола Аптеки!

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Моментално вработува:

Фармацевт - нас. Аеродром
Фармацевт - нас. Центар
Фармацевт - нас. Карпош
Фармацевтски техничар - нас. Аеродром
Фармацевтски техничар - нас. Центар
Фармацевтски техничар - нас. Карпош

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ПЗУ Аптека ВИОЛА

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »