Промовирани огласи »

Колку денови годишен одмор ви следуваат?

Кои права ги има секој работник?

Секој работник има законски загарантирано право на платен годишен одмор, но дали знаете колку денови одмор ви следуваат и како може да ги искористите?

Според Законот за работни односи, работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена. Со колективен договор или договор за вработување, овој број може да се зголеми и до 26 работни дена, во зависност од работното искуство, условите за работа, сложеноста на работните задачи, возраста и други критериуми.

Во деновите на годишен одмор не се пресметуваат празници, викенди, денови на боледување и други оправдани отсуства од работа.

Работникот кој првпат заснова работен однос стекнува право на целосен годишен одмор по шест месеци непрекината работа, без разлика дали работи со полно или скратено работно време. Доколку не го исполни овој услов, има право на пропорционален дел од одморот  по два дена за секој месец работа.

Годишниот одмор може да се користи во повеќе делови, но еден дел мора да трае најмалку 12 работни дена без прекин. Работодавачот е должен да му овозможи на работникот да искористи најмалку 12 работни дена до крајот на тековната календарска година, додека остатокот може да се искористи најдоцна до 30 јуни наредната година.

Доколку работникот не можел да го искористи одморот поради боледување, породилно отсуство или отсуство за нега на дете, неискористените денови може да ги искористи до 30 јуни следната календарска година.

Законот предвидува и дека работникот има право еден ден од годишниот одмор да го користи по сопствен избор, доколку тоа не го нарушува работниот процес, а за тоа треба да го извести работодавачот најмалку три дена однапред.

Тагови: боледувања годишен одмор платено отсуство породилно отсуство празници работнички права

Промовирани огласи »

Успешно заокружен KARIERA DAYS Vol.3: Нова димензија на кариерно вмрежување во East Gate Mall

Пропуштивте? Еве што се случуваше на KARIERA DAYS Vol.3 изминатиов викенд!

Изминатиот викенд, East Gate Mall беше домаќин на најголемиот кариерен настан во земјата – KARIERA DAYS Vol.3. Во организација на KARIERA.mk  и East Gate Mall, овој настан на 15 и 16 мај понуди два дена исполнети со професионални можности, директни интервјуа и многу инспирација за сите кои сакаат да направат чекор напред во својата кариера.

Главниот фокус на настанот беа компаниите кои со својата визија и отворени позиции привлекоа стотици посетители. Огромна благодарност до сите партнери кои го направија овој настан возможен и понудија реална шанса за вработување:

На своите штандови, посетителите ги пречекаа тимовите на:

  • Макстил и ВДЛ Бус Македонија – како претставници на индустрискиот гигант и производството;
  • Lidl, Жито Маркети и КАМ Маркет – лидерите во секторот на маркети;
  • Fashion Group и LPP – за сите вљубеници во модната индустрија;
  • Адмирал и KFC – кои донесоа енергија од секторот услуги и угостителство;
  • Credi-Yes, Винком, Транском и Мотиви – клучните играчи во финансискиот и бизнис секторот;
  • УТМС Скопје – кои ги презентираа образовните патеки за идните професионалци;
  • Светот на Колорес и ФС Штампа ХИЛ – креативниот центар на настанот;
  • East Gate Mall – како домаќин и партнер на ова успешно издание.

Ова издание на KARIERA DAYS стави посебен акцент на практичноста. Преку популарните speed interview сесии, кандидатите имаа „брзи состаноци“ со работодавците, што се покажа како најефикасен начин за првична селекција на таленти.

Покрај официјалните разговори, атмосферата беше збогатена со интерактивни активности, каде преку „Тркалото на среќата“ посетителите освојуваа награди, но и добиваа вредни совети за тоа како да го подобрат своето претставување на пазарот на труд.

KARIERA DAYS Vol.3 заврши со стотици пополнети апликации, остварени пријателства и професионални вмрежувања. Благодарност до сите компании и посетители кои беа дел од оваа успешна приказна.

Продолжуваме заедно кон нови кариерни победи! Се гледаме на следното издание!

Тагови: kariera days креативност саем за вработување успешни компании

Промовирани огласи »

Поскапо сместување за студентите: Реновираните домови ќе чинат повеќе, се менуваат и стипендиите

Новиот закон носи повисоки трошоци за дел од студентите, нова категоризација на домовите и укинување на надоместоците за приватно сместување и превоз.

Студентите ќе плаќаат повеќе за сместување во студентските домови по усвојувањето на новите законски решенија, кои носат значајни измени во финансирањето на сместувањето и распределбата на државните стипендии. Со законот се воведува категоризација на домовите во два типа: Тип 1 – енергетски ефикасни и реконструирани објекти, и Тип 2 – постојни, односно нереновирани домови.

Според новиот модел, за домовите од Тип 1 државата ќе покрива до 40% од трошоците, наместо досегашните 50%, додека за Тип 2 партиципацијата останува до 50%. Тоа значи дека студентите сместени во реновираните домови ќе се соочат со повисоки цени, кои ќе се пресметуваат според реалните трошоци. Во јавноста веќе се отвора прашањето дали со ова се создава „двокласен систем“, во кој подобрите услови ќе бидат достапни само за студентите што можат да си дозволат повеќе.

Измените се однесуваат и на стипендиите: квотата за социјални категории се намалува од 49% на 40%, иако во неа сега влегуваат и студенти со ретки болести и попреченост. Дополнително, 35% од стипендиите ќе бидат наменети за студиски програми од стратешки интерес, а 25% за студенти со особен успех. Со новиот закон се укинуваат и одредбите донесени за време на ковид-кризата, што значи дека студентите кои нема да добијат место во дом повеќе нема да имаат право на месечен надоместок до 6.000 денари за приватно сместување или меѓуградски превоз.

Тагови: стипендија студенти студентски домови

Промовирани огласи »

Компаниите сакаат вработени што знаат да работат „попаметно“

Ова е причината зошто некои работат помалку, а постигнуваат повеќе

Компаниите денес сè помалку бараат луѓе што само „работат многу“, а сè повеќе луѓе што знаат да работат „попаметно“.

Во ерата на вештачка интелигенција, дигитални алатки и автоматизација, продуктивноста повеќе не се мери само по часови работа, туку по тоа колку ефикасно се користат ресурсите, технологијата и времето.

Работните задачи што порано бараа цел тим, денес може да се завршат со неколку алатки и еден човек што знае како да ги искористи. Токму затоа компаниите сè повеќе го менуваат начинот на кој ги оценуваат кандидатите.

Наместо класично прашање „колку искуство имате?“, денес сè почесто се поставува прашањето:

  • Како решавате проблеми?
  • Дали користите AI и дигитални алатки?
  • Колку брзо учите нови технологии?
  • Дали знаете да автоматизирате процеси?

Овој тренд е особено видлив во маркетинг, IT, HR и аналитика, каде AI алатките веќе станаа дел од секојдневната работа.

„Попаметна работа“ не значи помалку труд туку подобра стратегија. Вклучува:

  • Користење AI за рутински задачи
  • Автоматизација на повторувачки процеси
  • Фокус на креативни и аналитички задачи
  • Подобро управување со време
  • Донесување побрзи и попрецизни одлуки

Компаниите кои инсистираат на овој пристап сакаат вработени што не само што извршуваат задачи, туку и ги подобруваат процесите.

Во суштина, пазарот на труд влегува во нова фаза: од „hard work“ кон „smart work“. А најбараните кандидати се оние што знаат да ги комбинираат човечките вештини со моќта на технологијата.

Прочитајте и за: General Motors отпушти стотици IT вработени, а истовремено отвора нови позиции поврзани со AI, data engineering и cloud технологии

Тагови: HR трендови

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »