Промовирани огласи »

ЈСП Скопје информира дека од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.

Промовирани огласи »

Петок пред Духовден, 5 јуни е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека неработниот ден е согласно со Законот за празниците на РM.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе биде во сила до следниот понеделник.

Минатата недела со одлука на Регулаторна, цената на бензинот Супер-95 се зголеми за 3 денари, Супер-98 и дизелот за 2,5 денари.

Промовирани огласи »

Владата на Црна Гора ја отстрани од листата нашата земја од државите кои немаат потреба од државен карантин при влез на црногорско тло. Тоа се должи на зголемувањето на случаите на коронавирус во нашата земја.

Тоа ќе значи дека секој македонски државјанин кој ќе сака да влезе во Црна Гора, ќе оди во задолжителна 14-дневна изолација. До вчера не беше тоа случај.

Претходно и Хрватска не дозволи влез за наши државјани, а истото го најавуваат и некои други земји кои ќе прават црни листи на земји.

Во Црна Гора во моментов нема активен случај на Ковид-19.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »