Промовирани огласи »

Минималната плата во Германија треба да се зголеми за скоро 12 проценти и да достигне 10,45 евра на час од сегашните 9,35 евра до средината на 2022 година, јавува Дојче Веле. И покрај пандемијата „Ковид-19“, минималната плата „не смее да заостанува“, рече еден од министрите во владата.

Зголемувањето на минималната плата ќе се спроведе во неколку фази, при што првиот скок ќе биде на почетокот на следната година, на 9,50 евра на час, потоа во средината на годината на 9,60 евра, по што следува зголемување на почетокот на 2022 година на 9,82 евра. и конечно до 10,45 евра во средината на таа година.

Преговорите за зголемување на минималната плата беа делумно напнати, бидејќи членовите на надлежната државна комисија беа во судир околу висината на зголемувањето, рече првиот човек на таа комисија, Јан Зилиус.

Сепак, откако разговорите беа продолжени и прес-конференцијата беше откажана во последен момент, претставниците на работодавците и синдикатите постигнаа едногласен договор за тоа прашање, кој ќе биде доставен до владата за усвојување, според информациите.

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл изјави дека владата ќе ја спроведе препораката. Германија ја воведе минималната плата на почетокот на 2015 година, а потоа изнесуваше 8,50 евра на час.

Промовирани огласи »

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер објави дека со повторното отворање на рутите од аеродромите во Скопје и Охрид, на кои од вчера се опслужуваат патнички летови по пауза од 3,5 месеци поради мерките за пандемијата со КОВИД-19, патниците можат да резервираат карти за 34 различни дестинации.

Авиокомпанијата денеска соопшти дека моменталните рути што ги опслужуваат од Скопје се на дестинациите: Салзбург, Брисел Шарлероа, Ларнака, Копенхаген, Турку, Париз Бове, Берлин Шенефелд, Бремен, Келн, Дортмунд, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Хамбург, Хановер, Карлсруе/Баден-Баден, Меминген/Минхен Запад, Нуремберг, Будимпешта, Милано Малпенса, Рим Чампино, Малта, Ајндховен, Осло Сандефјорд Торп, Барселона Ел Прат, Гетеборг Ландветер, Малме, Стокхолм Скавста, Векше и Лондон Лутон. Од Охрид, пак, се лета до Виена, Дортмунд, Милано Малпенса, Малме и Лондон Лутон.

-Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи, за да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракција на аеродромот. За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот, соопшти Виз Ер.

Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот останува наш најголем приоритет. Имплементиравме низа на заштитни мерки за да се осигураме дека хигиената е на највисоко ниво. Спремни сме да ги пречекаме нашите патници на лет!, изјави Паулина Госк, менаџер за корпоративни комуникации во Виз Ер.

Промовирани огласи »

Не треба да прават ПЦР тестови при влез во земјава, но сите македонски и странски државјани кои ќе влезат во земјава од странство ќе мора во текот на првите 14 дена да почитуваат некои правила. Владата го објави протоколот за спречување и ширење на Ковид-19 при влез во земјава, а во нив стои меѓудругото и дека ако овие лица се движат надвор задолжително треба да одржуваат дистанца и да носат маски. 

Но, ним им е забрането и да се возат во тие 14 дена во јавен градски и меѓуградски превоз. Едно од правилата е тие секој ден наутро да си мерат температура.

„Мерење теелсна температура наутро и доколку е поголема од 37,2 степени целзиусови или ако лицето има симтоми односно треска, кашлица, отеженато дишење, сува надразителна кашлица да го контактира телефонски својот матичен лекар или со сопствено возило и еден придружник се јавува на преглед во најблиската здравствена установа каде врз основа на клиничката слика се одлучува за понатамошен третман, стои во протоколот.

Промовирани огласи »

На 14.366.000 скокна бројот на невработени во Европската Унија поради пандемијата на коронавирусот. 

Невработеноста во 19 држави на ЕУ во мај годинава беше 7,4 отсто, за 0,1 процентен поен повеќе од април, иако националните влади користат активни програми за поддршка на пазарот на трудот и за задржување на работните места, со цел ублажување на последиците од пандемијата. 

Ова го покажуваат официјалните податоци на Евростат што беа објавени денеска. .

Во мај 2020 година во ЕУ вкупно без работа имало 14.366.000 граѓани, од кои 12.146.000 се од еврозоната. 

Во однос на април, бројот е зголемен за 253.000 во ЕУ, а во еврозоната за 169.000. 

Невработеноста во мај изнесувала 15,7 отсто кај младите во ЕУ, а 16 отсто во еврозоната. Во однос на април годинава, невработеноста кај младите се искачила за 64.000 во ЕУ, и за 42.000 во еврозоната.

Над половина милион луѓе Италијанци ги загубија своите работни места од февруари до мај годинава, како резултат на пандемијата и економската криза што следеше, јавија локалните медиуми.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »