Промовирани огласи »

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на месечните награди од по 20.000 илјади денари преку наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, на јавно извлекување кое се одржа вчера на Канал5, соопшти Министерството за финансии.

Станува збор за Филип Петрески од Прилеп, Игор Кацар од Куманово, Марија Бојкикева - Скопје, Бобан Спасовски – Велес, Лидија Падован-Скопје, Дарко Ралповски-Берово, Муамет Ибраими-Скопје, Никола Гошев-Скопје, Емилија Петкоска – Скопје , Александра Падикова Спировски – Кавадарци, Катерина Данчева – Струмица, Гордана Митревска – Битола, Ивана Лазаровска – Скопје, Благојчо Стевановски – Крива Паланка и Дејан Димоски-Прилеп.

Имињата на среќните добитници се објавени и на веб-страната на Државна Лотарија на следниот линк: https://www.loto.mk/MojaNagradaRezultati

Во останатитекола на #МојаНаграда до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.

Извлекувањето на втората главна премија, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари.

Инаку граѓаните, преку МојДДВ #МојаНаграда, од први јули, скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано, односно до крај на годинава секој ден ќе се доделуваат 30 награди од по 1.000 денари. Доделувањето на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.

Граѓаните кои скенираат сметки и понатаму ќе имаат трикратна корист - ќе придонесат во борбата против сивата економија, ќе добијат поврат на ДДВ, како и можност за вредна награда. 

Промовирани огласи »

Во последно време паѓа вредноста на доларот. 

  За слабеењето на валутата влијаеше и најавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека претседателските избори би можеле да бидат одложени поради здравствената состојба. Поради сето ова, немаше побарувачка за доларот.

Економските експерти проценуваат дека нема да има поголема побарувачка за доларот во текот на месец август, па дури и ако има некои позитивни промени во вредноста на доларот, тие ќе дојдат порано затоа што ќе потоне некоја друга валута, така што повеќе луѓе ќе се свртат кон доларот, нешто како малку побезбедна варијанта.

Неизвесно е дали повторно ќе се зголеми бројот на нововработени.  Доколку дојде до тој скок, тогаш сигурно ќе скокне доларот, но ако овој скок не се случи, тоа ќе биде уште еден силен удар за американската валута.

Промовирани огласи »

Наставниците сакаат да се вратат во училиниците. Од СОНК велат дека нема подобро решение од настава со физичко присуство, но останува отворено прашањето како да се изведе тоа во услови на пандемија, а да се заштитат и децата и наставниците. Синдикатот од неодамна е вклучен во подготовките за старт на школската година. Заедно со МОН и со Комисијата за заразни болести се на став дека во училиштата каде што има малку деца, школската година ќе почне со децата во училниците. Таму каде што има повеќе деца, наставата ќе се организира во смени. Но, најголем проблем се училиштата каде и сега заради големиот број ученици имаше сменско работење.

Најкритични, според СОНК, се најмалите ученици за кои всушност е и најважно да се вратат во училиште. Нивните наставниците ќе имаат дополнителна обврска за спроведување на протоколите.

На три недели пред 01 септември, земјава се уште нема решение за следната школска година. Според најавите, идната недела ќе се знае кои деца и на кој начин ќе се вратат во училишните клупи, а кои ќе седат дома и ќе учат преку компјутер.

Промовирани огласи »

Граѓаните кои скенираат фискални сметки од почетокот на месецот ќе ги добијат средствата од повратот за второто тримесечје од годинава.

Според податоците од Управата за јавни приходи (УЈП), заклучно со 30 јуни годинава скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра. За ова тримесечје граѓаните ќе добијат поврат на 15 отсто од искажаниот промет во фискалната сметка. Во тековниот, трет квартал, според измените што ги направи Владата, ќе се врши поврат на 20 отсто од ДДВ-то за домашни производи и услуги и 10 отсто за странските.

Според податоците на УЈП, во април, мај и јуни годинава биле регистрирани нови 24.974 корисници на апликацијата Мој ДДВ.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »