Промовирани огласи »

Ако се наоѓате и вие помеѓу оние кои се чуствуваат обесхрабрено кога ќе го погледнат својот професионален напредок или финансиската ситуација, прочитајте неколку совети од еден од најпознатите лидер, Џек Ма, основачот на Алибаба.

Некои од неговите животни лекции може ќе ви се допаднат, па може веднаш да почнете да ги применувате.

  • Вашите прилики барајте ги на далеку и широко- во потрага по потенцијална прилика, побарајте во секој агол и под секој камен
  • Третирајте ја секоја прилика како отворена врата- ниту една шанса не е премала
  • Делувајте брзо- кога ќе ви се појави шанса, веднаш делувајте
  • Канализирајте ги вашите амбиции- посветете се на вашата цел и одете спрема неа
  • Искористувајте ги приликите во младоста
  • Вработете ги оние кои имаат подобри технички вештини од самите вас- работниците секогаш треба да бидат експерти во својата област
  • Бидете лидер со визија, упорност и борбеност- ова се вештини кои се од витално значење за да водите компанија. Вие мора да бидете визионер и да ги гледате приликите кои што другите не ги гледаат
  • Одете до крај- во тешки времиња не се откажувајте од идејата
  • Ставот е поважен од способноста- без разлика какви времиња доаѓаат. Успешните лидери остануваат сигурни и мирни во својата мисија
  • Секогаш одлучувајте со здрав разум- лидерите не се секогаш најпаметни и најквалификувани, меѓутоа тие се опколени со екперти на кои им се обраќаат за совет
  • Вашата работа е да бидете внимателни, вредни и поамбициозни од другите
  • Сите конкуретни сфаќајте ги сериозни
  • Победниците не се жалат- ако постојано се жалите тогаш тоа е знак на неуспех, работата носи предизвици, а начинот на кој се носите со нив е важен за успехот
  • На прво место ви се клиентите, па потоа вработение- како лидер вие имате ограничена количина на време и енергија, фокусирајте се на оние кои што ви овозможуваат да работите, а тоа се клиентите
  • Заборавете на парите- вие не започнувате со некоја работа само поради пари, ако се фокусирате само на парите, нема да носите одлуки кои ќе ви помогнат да го издржите патувањето. Одете по патот, мирно и амбициозно, а со текот на времето ќе дојдат и парите
  • Родени сме да уживаме во животот, а не да го поминеме работејќи- смислата на животот не е само работата, фокусот треба да биде и на уживањето, не само во работата, туку и во луѓето кои ве опкружуваат

Промовирани огласи »

Според независниот аналитичар Матијас Шмит, во земјите во ЕУ, плус Исланд, Норвешка, Швајцарија и Велика Британија, во првите шест месеци на оваа година биле купени нови 500.000 електрифицирани примероци.

Кина привремено ја загуби позицијата на најголем светски пазар за електрифицирани возила, откако за седум месеци во 2020 година, поголем број биле продадени во Европа.

Според независниот аналитичар Матијас Шмит, во земјите во ЕУ, плус Исланд, Норвешка, Швајцарија и Велика Британија, од јануари до јули оваа година биле купени нови 500.000 електрифицирани примероци.

Бројката во која се вклучени електричните возила и плаг-ин хибридите е за 14.000 поголема од таа која била пријавена од производителите на кинескиот пазар.

Се подобрата и поголема понуда, но пред се и сериозните субвенции кои ги доделуваат европските влади овозможија голем раст на електрифицирните автомобили во овој период, додека истовремено кинеската влада ги намалува истите, што се чувствува и на бројките на пазарот кој постојано беше лидер во овој сегмент на светско ниво.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат од денес за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што било утврдено со Одлуката од 10.08.2020 година, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,244 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,365 ден/кг.

Промовирани огласи »

Само овој понеделник 17-ти август HAPPY HOURS акција во Нептун со големи попусти и подароци на секој час! Посетете ги Нептун продавниците овој понеделник, разгледајте ги одличните понуди, купете и бидете потенцијален добитник на еден од 250-те подароци. Акцијата важи во сите 25 продавници на Нептун ширум државата, како и онлајн на нивната веб страна https://www.neptun.mk/. Не ја пропуштајте оваа шанса за шопинг по одлични цени со големи попусти и можност да добиете подарок!

Овој август Нептун го посвети на сите оние 300.000 домаќинства кои се дел од нивната “haPPy” лојална програма и имаат купувано производи изминативе шест години колку што и постои најголемата лојална програма во државава. Кампањата со назив “Нептун – Дел од вашиот дом” опфаќа повеќе категориски промоции во кои се опфатени најквалитетни уреди од најпознатите светски брендови по супер цени. Во кампањата на интересен начин се претставени секојдневни ситуации во кои голем дел од семејствата во нашата држава ќе се пронајдат. Видео рекламите од кампањата може да ги погледнете на линкот: https://bit.ly/3h4y4aE.

Нептун Македонија има широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard. Новост во Нептун е онлајн купувањето на рати преку брз кредит во соработка со ИутеКредит Македонија. Од овој месец купувачите ќе може брзо, лесно и безбедно преку својот мобилен или компјутер да аплицираат за купување на производи до 24 рати и се тоа без доставување на физички документи во продавница. Од комфорноста на својот дом ќе може да нарачате производ на нивната веб страна https://www.neptun.mk/ и да плаќате на рати. Овој начин на кредитирање при онлајн купување на производи е прв и единствен на пазарот во Македонија. Соработката помеѓу овие две иновативни компании придонесе за напредок на Е-трговијата во нашата држава. Само со вакви проекти и иновации можеме да го унапредуваме купувачкиот процес и да ги направиме услугите и производите подостапни за македонските купувачи.

„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“ една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »