Промовирани огласи »

Ќе воведеме европски стандарди во осигурувањето од автомобилска одговорност преку намалување на цената на чинење на зелениот картон, како производ на либерализирањето на цената на автоодговорност и решaвање на проблемот со неосигурени возила. Ова стои во најновата програма на Владата која денеска беше пратена во Собранието.

Сепак нема детали за колку и кога ќе биде оваа мерка. Има и други најави поврзани со автомобилите.

„Ќе продолжиме да го унапредуваме системот за поддршка на еколошки возила (со фокус на електрични и хидроген возила) и за возилата со пониска до средна вредност преку укинување или намалување на даночните и неданочните давачки (како данок за возила, ДДВ, царина, трошоци за регистрација, патарини итн...). Силно ќе се посветиме на регулирање на пазарот на половни возила и заштита на потрошувачите преку систем за проверка на квалитетот и декларираните параметри на возилото, како и воведување казнена одредба поврзана со измами на поминатиот број километри на возилото, пишува во програмата.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании на територијата на Град Скопје во просек незначително се намалува.

„Со овие одлуки со кои има незначително  намалување на цената на топлинската  енергија, сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на  БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Скопје Север практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона. Со оглед на исклучително сложениот  период во кој се наоѓаме со пандемијата Ковид 19, трошоците на енергетските компании се пресметани на минимално ниво. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки најоправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје  да го користат овој енергенс.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

На централните  системи за греење на  трите компании  кои се во градот Скопје приклучени се околу 58.000 потрошувачи.

Промовирани огласи »

Фатмир Битиќи зџа прв пат се огласи со свој коментар откако од СДСМ беше предложен за нов вицепремиер за економски прашања и порача дека во неговиот кабинет ќе им ги отвори вратите на сите професионалци кои сакаат да работат со него.

Денес предлогот за новата Влада е официјално предаден на Собранието. Голема благодарност до мандатарот г-дин Зоран Заев за довербата за мојот предлог за вицепремиерот за економски прашања во Владата.

Им благодарам и на членовите на Централниот одбор на СДСМ, на сите членови, соработници и пријатели за нивната поддршка.

Ова е голема чест за мене, но пред се ГОЛЕМО ОДГОВОРНОСТ да бидам на функција на сите граѓани на Република Северна Македонија и можам јавно да ветам дека ќе го ставам во функција целиот мој интегритет, знаење и искуство за да ги постигнам нашите заеднички цели. Во таа насока најавувам отворени врати за сите професионалци, пријатели и добронамерници активно да се вклучат во развојот на нашата земја и сите заедно да направат чекори што ќе го трасираат патот за значаен економски напредок на нашата татковина!“, напиша Битиќи на Фејсбук.

Промовирани огласи »

Инспирирани од светот на корисниците

·  Подарок 10GB мобилен интернет за сите

·  А1 Combo нови тарифи со голема флексибилност и најатрактивни цени

·  Нови тарифи во мобилната телефонија со вклучени дури 30GB мобилен интернет

Телекомуникациската компанија А1 Македонија одбележува значаен дел од своето работење - една година присуство на брендот А1 на македонскиот пазар. Овој важен момент од работењето, компанијата го прославува заедно со своите корисници и подарува 10GB мобилен интернет за сите, достапни за користење преку Мојот А1 апликацијата.

Во правец на постојано збогатување на понудата, за првиот роденден на А1 брендот, А1 Македонија ги лансира новите Combo тарифни модели, како најдобра конвергентна понуда на македонскиот пазар, со нови мобилни тарифи и уште повеќе поволности, соопштуваат од компанијата. Со спојување на фиксните услуги, како интернет и телевизија, заедно со мобилната телефонија во еден Combo пакет, корисниците добиваат уште поголеми придобивки, како значителна заштеда, дополнителен буџет за набавка на нов уред и врвно корисничко искуство.

„Една година од своето постоење, А1 брендот живее буквално насекаде каде што се нашите корисници. Работиме посветено кон реализација на визијата да бидеме лидер на телекомуникацискиот пазар преку овозможување на врвни услуги, искористувајќи ги предностите на дигиталното време. Ова беше поинаква година за сите нас, исполнета со многу предизвици, но успеавме да се адаптираме, да одговоривме брзо и да бидеме поддршка во обезбедувањето витална услуга за нашите корисници, толку неопходна во овие исклучително тешки моменти. Се грижиме да ги насочиме кон најдобрите паметни решенија кои секојдневните активности им ги прават поедноставни, го заштедуваат нивното време и овозможуваат уште повеќе забава и комуникација. Нашите корисници остануваат секогаш наша инспирација и ве уверувам дека и понатаму продолжуваме со истото темпо и посветеност, да работиме во креирањето на најдобрите услуги и обезбедување на врвно корисничко искуство.“ – изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Со новите А1 Combo тарифи, комбинација од мобилни и фиксни услуги, корисниците имаат единствена можност за флексибилност, односно самите да го креираат својот A1 Combo пакет. Можат да изберат ТВ канали и интернет по нивна мерка со намалена претплата и да добијат дополнителен попуст за избор на телефони и телевизори! Од сега корисниците добиваат можност својот А1 Combo пакет да го креираат сами, со едноставен избор на посакуваните услуги преку онлајн дигиталниот калкулатор поставен на www.a1.mk или преку кој било друг продажен канал на А1.

Одејќи понатаму, а со цел да одговори на потребата на корисниците за непречена комуникација, А1 Македонија го зголемува вклучениот интернет во сите NEO тарифни модели и ја лансира најдобрата понуда на пазарот преку новата мобилна тарифа А1 Neo M+, со вклучени дури 30GB мобилен интернет.

Како компанија посветена на изнаоѓање иновативни решенија, А1 Македонија ја надгради функционалноста на A1 Net Sef со воведување уште еден новитет – „опција за размена“, единствена услуга од овој тип на европскиот пазар. Преку оваа функционалност корисниците на мобилни услуги добиваат можност, не само да го зачуваат интернетот и да го одложат неговото користење, туку неискористените GB од својот A1 Net Sef да ги заменат за други услуги по нивен избор, како што се интернет во странство, меѓународни разговори, итн. 

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »