Промовирани огласи »

- Ве информираме дека од утре, вторник (1.09.2020 год) повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз, објавија од ЈСП - Скопје. 

Потсетуваме дека од пред три месеца во функција се и бесплатните годишни студентски билети, а и натаму не важи одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека се е подготвено за отворање на градинките и дека на седница на Владата ќе треба да се одлучи точниот датум кога ќе почнат со работа, пишува порталот Денешен Весник.

Според него, градинките се подготвени да почнат со работа сега во септември, нагласувајќи дека Датумот за нивно отворање ќе го определи Владата.

– Ги разработивме новите протоколи за градинките, со намалување на бројот на децата во групите и едукацијата на воспитувачите и сметам дека е безбедно отворањето. Датумот за нивно отворање ќе го определи Владата, а лично сметам дека тие може да почнат со работа и во септември, изјави Филипче.

Протоколите во градинките се задолжително мерење на температура, посебни постелнини за секое дете, раздалеченост меѓу креветите. Од Министерството за труд и социјална политика за порталот Република одговориле дека во една група би имало 15 деца.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти новата цена на нафтените деривати.

Минатата недела РКЕ одлучи цени да горивата да останат исти како оние донесени на 17.08.2020.

Согласно тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 59,50 ден/лит,  на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 61,50 ден/лит, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

Промовирани огласи »

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос е првиот човек во историјата чие богатсво ја премина границата од 200 милијарди долари. Според индексот на милијардери на Блумберг, Безос во моментов „тежи“ 200 милијарди долари што го прави побогат за дури 78 милијарди долари втрриот на листата по богатство, а тоа е основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Богатството на првиот човек на „Амазон“ во  најголемиот дел го чини уделот во акциите на компанијата, чија цена во изминатите години е во постојан пораст, а посебно во последните две години. Безос стана најбогат човек во светот во современата историја во 2018 година, кога неговото богатство порасна на 150 милијарди долари.

Акциите на „Амазон“ го достигнаа врвот во април со огромната побарувачка и оттогаш нивната вредност продолжува да расте, поради што компанијата добива стотици милиони долари во

Akcije „Amazona“ dostigle su vrhunac u aprilu nošene ogromnom potražnjom mušterija, a od tada je njihova vrednost nastavila da raste, zbog čega je kompanija dobila stotine milijardi долари во пазарна вредност, а инвеститорите остварија профит од 86 проценти од вложените пари оваа година.

Компанијата вчера оствари пазарна вредност од 1,7 милијарди долари, што ја прави втора највредна американска компанија по „Епл“.

Пандемијата на корон авирусoт помогна во растот на „Амазон“, затоа што потрошувачите беа принудени да се обратат до онлајн продавниците за набавки, вклучувајќи маски, средства за дезинфекција, па дури и да нарачуваат секојдневни намирници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »