Промовирани огласи »

Зоран Заев, премиерот на Македонија, пред вчерашниот состанок со Дарко Димовски, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија, рече дека Владата останува на ставот работниците да можат предвремено да се пензионираат само доколку се согласат на намалување на пензијата.

Наспроти ова, Димовски тврди дека ССМ бара работниците да може да се пензионираат според бројот на годините како стаж, а не според возраста.

- Жените да може да се пензионираат со 35 години стаж и мажите да одат во редовна пензија со 40 години, без разлика на нивната возраст. За нив да се обезбеди предвремена старосна пензија, бидејќи многу од нив не можат да дочекаат редовно да се пензионираат на 62, односно 64 години поради здравствени причини или претпријатието каде што работеле им отишло во стечај, рече Димовски на заедничката прес-конференција со Заев.

Претседателот на Владата рече дека уште денеска на состанокот ќе бидат утврдени некои мерки, но кога станува збор за пензионирање, ставот е воведување можност за предвремено пензионирање на максимум 5 години пред редовното пензионирање..

- Можеме да најдеме механизам преку тоа на што е подготвена Владата со докуп на стаж. Дражавата ќе развие алатки и методи, за да можеме и ние како Влада да го издржиме тоа. Опцијата е доколку тој се уплати, но во разни сектори и под разни услови, со цел таму да има поголема продуктивност на трудот, рече Заев.

Тој најави можност работниците сами да го доплаќаат придонесот, доколку го немаат условот од 15 години за пензионирање а се 5 години до пензија.

Промовирани огласи »

Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Македонија од 31.08.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 61,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,575 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,956 ден/кг.

Промовирани огласи »

Утринава, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста.

За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31.12.2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа.

За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Македонија.

Промовирани огласи »

Министерот за здравством Венко Филипче, во интервју за Радио Слобода Европа, соопшти дека не се планира давање дозвола за училиштата во Скопје да одржуваат настава со физичко присуство за повисоките одделенија.

Има училишта, да дадам пример, кои имаат по 5-10 ученици во еден клас, тука се обединуваат ученици од прво до четврто одделение. Некаде над 300 училишта во нашата држава се такви, меѓутоа тоа ќе биде со дозвола на Комисијата за заразни болести, ако епидемиолошката ситуација во таа општина тоа го дозволува. Само тие коишто имаат мала бројка на ученици, односно конкретно да ви одговорам. Доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира за дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа – изјави Филипче.

Од Министерството за образование пак, велат дека владината комисијата ќе одлучи кое училиште ги исполнува условите согласно протоколите донесени од Владата.

Претходно, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерката за образование Мила Царовска, информираа дека Општините до 10 септември треба да достават одговор до МОН за моделот на настава во нивните училишта и да побараат евентуално настава со физичко присуство, а МОН и владината комисија ќе дадат одобрение, доколку ги исполнуваат условите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »