Промовирани огласи »

Продавниците во Словенија во недела и за празници ќе бидат затворени, одлучија пратениците во парламентот. Со измени на законот за трговија, за чие усвојување вчера во народното собрание гласаа 72 од 88 пратеници, со ретки исклучоци се забранува работата на продавниците во недела и за празници.

Од забраната се исклучени продавниците со продажен простор до 200 квадратни метри на бензинските пумпи, граничните премини, пристаништата, аеродромите, железничките и автобуските станици и болниците, јавуваа словенечките медиуми.

Исто така, во недела и за државни празници ќе бидат отворени и останатите помали продавници со површина до 200 квадратни метри, ако во нив работата ја извршуваат трговски субјекти, односно нивни претставници, но и ученици, студенти и пензионери.

Прашањето дали продавниците треба да бидат затворени во недела и празници ја мачи јавноста во Словенија со децении. Со него се занимаваше и уставниот суд, а во септември 2003 за тоа на референдум беа прашани и граѓаните. Забраната за работа во недела тогаш ја поддржаа 57 отсто од гласачите кои излегоа на гласачките места.

Промовирани огласи »

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, после извршени консултации, одлучи да не ја потпише одлуката за времено суспендирање на одлуката за флексибилно работно време на државната администрација од 7-та седница на Владата.

Прашањето ќе биде повторно разгледано на следната седница на Влада, откако ќе бидат направени дополнителни анализи и проценки за целисходноста за промена на работното време на администрацијата

До нова одлука, како и до сега, останува флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа од 7:30 и 8:30 часот, до 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека во текот на претходниот ден министрите за здравство на Албанија, Црна Гора и на Косово дале согласност дека може да се отворат границите.

– Ја чекаме реакцијата на министерствата за здравство на Србија и на Бугарија по што ќе донесеме одлука верувам на следниот состанок на Комисијата и на Штабот, додаде Филипче.

Промовирани огласи »

Октомври ни носи два неработни дена и тоа двата се споени викенди.

Едниот се паѓа на 11 октомври, додека другиот е на 23 октомври.

За сите граѓани на РМ 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;

23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;

8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од католичка вероисповед 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »