Промовирани огласи »

Целиот четврти сет мерки чони 470 милиони евра, а од нив 160 милиони евра се директна фискална импликација, било преку зголемени расходи, или намалени приходи, или одложени приходи. 

„Дел од тие пари ќе се обезбедат со ребалансот и веќе во Финансии работиме со другите министерства за одредени кратења, а дел од нив ќе се врати со пакетот на мерки во буџетот. Дефицитот ќе се зголеми и ќе се зголеми и јавниот долг“, рече денеска пред банкарите министерот за финансии Фатмир Бесими.

Баните ќе бидат директно вклучени на проектот кој го работиме со Развојна банка за линијата од 100 милиони евра, како и делот од ЕУ од 31 милиони евра, кои ќе бидат бескаматни кредити и грантови. 

„Одиме со измена на Законот на банка за развој, во смисла на банкарската гаранција. Со фонд од 10 милиони евра преку банката за развој ќе се обезбедат банкарски гаранции за дополнителни кредити обезбедени од комерцијалните банки. Треба да се изработат и пуштат во употреба новите картички за еднократна помош на повеќе категории погодени од КОВИД-19 како што се невработени односно тие кои изгубиле работа, самохрани родители и други кои ќе се издаваат преку банките. Не очекува и викенд без ДДВ како и повеќе даночни олеснувања. Работиме со ЕУ и Светска банка за воспоставување на интегриран систем за буџетско планирање и реализирање управување со јавниот долг и долгорочно стратешко паметно планирање“, најави првиот финансиер.

Промовирани огласи »

Не сте земале плата два месеци? Не ви тече здравственото осигурување, а се' уште имате договор за вработување? Еве кои се казните за работодавачот што не се придржува кон тоа навремено да ги исполни обврските кон вработените.

Во Законот за работни односи утврдено е дека платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец. Според истиот Закон, платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период. На пример, платата за месец април мора да ја земете до 15-ти овој месец.

Ако денот на исплаќањето е слободен ден, платата се исплаќа најдоцна до идниот прв работен ден.

Секој работодавач е должен претходно писмено да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплаќањето.

Во Законот е наведено дека работникот има право на заработувачка – плата, согласно со закон, колективен договор и договор за вработување. При исплатата на платата, работодавачот мора да го почитува најнискиот износ определен со колективен договор согласно со законот.

Платата е составена од основна плата, дел од плата за работна успешност и додатоци. Работодавачот може на работникот да му исплати 13-та плата доколку има можност и сака тоа да го направи.

Сепак, доколку во законскиот рок работодавачот не исплатил палта, и не уплатил придонеси од плата тогаш според Законот тој ќе се соочи со глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противредност.

Промовирани огласи »

Двојно повеќе интернет во пакетите за национален мобилен интернет на А1.

Постпејд корисниците на А1 имаат можност да добијат двојно повеќе интернет доколку преку апликацијата Мојот А1 активираат некој од пакетите за дополнителен национален мобилен интернет.

Водени од континуираната потреба за повеќе мобилен интернет на корисниците, телекомунициската компанија А1 овозможува промотивно зголемување на националните пакети за интернет, достапни преку мобилната апликација Мојот А1.Со активација на еден од пакетите со промотивен интернет корисниците добиваат двојно повеќе за иста цена и тоа со Net 2GB Promo за 149 денари корисниците добиваат 2GB мобилен интернет, со Net 4GB Promo за199 денари корисниците добиваат 4GB, а со пакетот Net 10GB Promo за299 денари корисниците добиваат 10GB.

Промотивната понуда може да се активира единствено преку Мојот А1 апликацијата што им овозможува на корисниците брзо и едноставно да го добијат потребниот интернет во моментот кога токму ним им е потребен. Промотивната понуда може да се искористи за еднократни активации, но и за пакети со автоматска реактивација.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Промовирани огласи »

За влез во Словенија на државјани од трети земји, меѓу нив и на Македонија, ќе биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, објави словенечката Амбасада во земјава.

-Тестот треба да биде направен во референтни лаборатории во државите, а во Македонија тоа е Институтот за јавно здравје во Скопје, наведува Амбасадата.

Во соопштението на Амбасадата, објавено на Фејсбук, се додава дека важи и исклучокот без тест и карантин за влез во земјата, само со цел одржување контакт со потесни членови на семејството, а лицето се враќа во рок од 72 часа, како и за преминување на границата на деца под 14 години само доколку патуваат со потесен член на семејство кој приложил негативен тест.

Одлуката на словенечката Влада за влез на македонски државјани во државата стапува во сила од денеска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »