Промовирани огласи »

Граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, за фискалните сметки издадени на деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година,  за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема  (http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/povlasteni_danocni_stapki/pregled/8),  со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ, ќе може да го вратат целосниот износ на пресметаниот ДДВ за овие производи во фискалните сметки, информираат од УЈП. 

За враќање на целиот износ на данокот, граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од 3 дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по истекот на овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како до сега, односно ќе се пресметува со 20% од платениот ДДВ во фискалната сметка исто така и надминатиот износ од вкупниот промет ќе се пресметува согласно редовната пресметка односно 20 %.Враќањето на целосниот износ на ДДВ ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки.

Промовирани огласи »

Вработените во „Мајкрософт” ќе работат трајно од дома

Microsoft им дозволи на вработените работа од дома – засекогаш

„Мајкрософт” одлучи да им дозволи на своите вработени да работат трајно од дома, но оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, објави денеска високо-технолошката новинска страница „Тhe Verge”.

Додека огромното мнозинство на работници во „Мајкрософт” работи од дома поради пандемијата, производителот на софтвер внатрешно ги откри упатствата за „хибридното работно место” за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД, објаснува „The Verge”.

Интернет-гигантот имаше 163.000 вработени на 30 јуни, од кои 96.000 во САД.

„Мајкрософт ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а на менаџерите да работат од далечина трајно”, пишува The Verge.

Мајкрософт го прифати тој систем замислен во високотехнолошки сектор, како што Фејсбук овозможува постојана работа од дома. Сепак, вработените во „Мајкософт” ќе мора да се откажат од работните места, но ќе можат да ги користат просторите за контакт во канцелариите на компанијата.

„Пандемијата не принуди да размислуваме, да живееме и да работиме на нов начин”, забележа Кетлин Хоган, извршен директор во „Мајкрософт”.

„Но, некои работни места нема да може да се вршат далечински цело време, како што се оние што бараат пристап до лабораторија за истражување на софтвер, центри за податоци или обука на персоналот”, додаде таа.

Канцелариите на Мајкрософт нема да бидат отворени до јануари 2021 година.

Шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека половина од работниците на социјалната мрежа можат да работат трајно од дома во следните пет до десет години. 

Промовирани огласи »

Од денеска продолжен викенд без ДДВ, како ќе функционира?

Да се почитуваат протоколите за заштита од корона.

Во следните три дена граѓаните ќе можат да купуваат ИТ опрема и домашни производи без ДДВ. Собранието ги изгласа измените во законот за поврат на данок. За време на викендот без ДДВ од УЈП посочија дека ќе бидат засилени контролите на пазарниот инспекторат, а до трговците апелираат да се почитуваат протоколите за заштита од корона.

Претходно на расправата во Собрание од опозицијата обвинија дека со викендот без ДДВ, нема да се добие ништо друго освен нов кластер, поради тоа што ќе се создадат големи гужви пред продавниците.

Сметаат дека успешноста на мерката ќе биде делумна затоа што дел од трговците веќе ги зголемија цените.

Со мерката викенд без ДДВ државата ќе го врати целиот данок за домашните производи и ИТ опремата кои граѓаните ќе ги купат во следните три дена. Сметката треба да изнесува до 30 илјади денари. За продолжениот викенд се очекува да потрошат 170 милиони евра, а по основ на поврат на ДДВ кај граѓаните да завршат 17 милиони евра.

Промовирани огласи »

Собранието ги изгласа законските измени за мерката „Викенд без ДДВ“

Викендов ќе се купуваат домашни и ИТ производи без ДДВ

Собранието денеска во рамки на продолжението на 15. седница со 71 глас „за“, девет воздражни и без ниту еден против го донесе Законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка.

Со изгласаните законски измени се овозможува да се реализира мерката „Викенд без ДДВ“, дел од најавените антикризни мерки на Владата поради ковид пандемијата.

Пратениците од СДСМ сметаат дека се работи за проект од интерес на граѓаните и вчера повикаа сите пратеници да го поддржат. Проектот „Викенд без ДДВ“, според владејачкото мнозинство, ќе значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет.

Опозицијата, пак, оцени дека законот е напишан набрзина и оти има задоцнетост во неговата примена. Сметаат дека граѓаните нема да имаат никаква корист и забалежуваат дека проектот е наменет само за тие кои имаат „паметни телефони“ и се корисници на апликацијата „Мој ДДВ“.

Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат оваа мерка да биде спроведена во четири викенди, еден во месеците ноември и декември годинава и по еден викенд во јануари и февруари следната година. Така, како што велат, ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците, а истовремено ќе се зајакнува економијата и ќе се помага на производителите на македонски производи.

Со „Викенд без ДДВ“ граѓаните ќе го добијат назад целиот ДДВ за производите што ќе ги купуваат во претстојниот продолжен викенд меѓу 10 и 12 октомври. „Викенд без ДДВ“ е дел од четвртиот сет на владини антикризни мерки. Проценките се дека околу 350 илјади корисници на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, компјутери и друга ИКТ опрема во вредност од најмногу 30 илјади денари, а во рок од неколку дена на нивните трансакциски сметки ќе им биде исплатен назад целиот ДДВ.

Преку оваа мерка, според проценките, ќе се оствари промет од 170 милиони евра кои ќе бидат инјекција во стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »