Промовирани огласи »

Пандемијата на коронавирус силно ја погоди австриската економија, па следната година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади компании, како и продолжување на трендот на висока невработеност.

Поради короната, австрискиот јавен долг годинава ќе се зголеми од 70,5 проценти на 84 проценти од бруто домашниот производ (БДП), додека следната година ќе се зголеми на 84,8 проценти, а во 2022 година на 85 проценти. За да се надмине корона-кризата, австриската Влада стави на располагање 50 милијарди евра, а добар дел од тие пари се обврски и одложувања на данок.

Во услови на економска криза, предизвикана од пандемијата на коронавирус, директорите за финансии на австриските компании се насочија кон намалување на трошоците и забрзување на дигитализацијата, што ќе резултира во многу компании дополнително да се намалат бројот на вработени во следните месеци, според истражувањето на „Делоит“.

Дури 92 проценти од финансиските директори во следните 12 месеци им даваат приоритет на мерките за намалување на трошоците и проширување на дигитализацијата, додека аквизициите или зголемените инвестиции играат мала улога во нивните планови.

Бројот на невработени во Австрија во моментов изнесува 413,24 илјади, што е за 71 илјади повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број на невработени е регистриран во средината на април, како резултат на почетокот на пандемијата. Во тоа време, имаше 588,2 илјади невработени регистрирани во Службата за вработување.
 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Согласно последната одлука цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намали за 0,50 денар/литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), останаа исти.

Промовирани огласи »

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници со Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 8 ноември откако претходно важеа до 25 октомври.

Станува збор за министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици.

Инаку, последниве денови во Грција короната експлодира, па дневно има речиси по илјада заразани. Затоа се воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Секаде во земјата е задолжително да се носи маска, и во затворени простории и на отворено. Дозволено е да се собираат до 100 лица за зони на ниво 1, до 50 лица за зони на ниво 2 и до 9 лица за зони на ниво 3.

Воведено е ограничување за пополнување на капацитетот на театрите, кината и концертните сали – 65% за областите на ниво 1; 50% за зони на ниво 2 и 30% за зони на ниво 3.

За барови и ресторани – 80% за ниво 1; 65% за ниво 2 и 50% за ниво 3. Забрането е да има луѓе кои стојат.

Од почетокот на пандемијата во Грција регистрирани се 564 смртни случаи. Во моментов 91 лице е на интензивна нега.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика подготвува нов Закон за работни односи, за спорните спогодбени откази, според кој нема да може да има фиктивна спогодба направена од несовесен газда, објави Алсат.

Во случај на таков отказ, работникот не може да добие помош од државата при пријавување во Агенцијата за вработување, особено што имало случаи кога уште во моментот на вработувањето работникот потпишува празен лист, кој потоа фирмата го искористила за лажен спогодбен отказ.

„Спогодба треба да се потпишува на денот на престанокот на работниот однос и истата да содржи своерачно напишано име и презиме на работникот и работодавачот, своерачно напишан датум на престанокот на работниот однос од работникот и работодавачот и своерачни потписи на работникот и работодавачот“, велат од Министерство за труд и социјална политика.

Спогодбата ќе мора да содржи и одредба за последиците кои ќе настанат за работникот околу правата за осигурување во случај на невработеност. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »