Промовирани огласи »

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на #COVID, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик, напиша на својот Фејсбук профил Христијан Мицкоски. 

Бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик.

Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки.

Да спасиме живот!

Промовирани огласи »

Ќе доцни  ли повратот од  викендот без ДДВ. Парите од данокот за купените производи од 10 до 12 октомври треба да почнат да се исплаќаат за два дена. Но мерката го чека ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура и за кој максимум треба да се расправа 5 дена, односно до крајот на неделава.

Од министертвото за финансии велат штом биде изгласано прекројувањето на државната каса ќе почне и реализацјата на мерките од четвртиот пакет,  меѓу кој е и мерката  Викендот без ДДВ, како што и било претходно најавено.

Иако за време на продлжениот викенд се очекуваше граѓаните да потрошат околу 170 милиони евра, беа потрошени едвај 10 милиони евра.

Кај потрошувачите пак од поврат наместо првично предвидените 17 милиони ќе завршат 1 милион евра.

Целиот данок ќе им биде вратен на сите оние кои за време на викендот на ДДВ купиле домашни производи и ИТ опрема до 30 илјади денари и притоа ги скенирале фискалните сметки.

Засега не е предидено да има уште еден ваков викенд.

Промовирани огласи »

Популарниот деловен магазин Форбс составил листа од најпосакуваните компании за работа во 2020 година, а во тоа му помогнала компанијата за истражување на пазарот „Статиста“.

Тие анкетирале 160.000 работници од 58 земји кои работат во интернационални компании, со цел резултатите да бидат веродостојни. Анкетите биле спроведени од јуни до јули, а од учесниците било побарано да ја оценат својата спремност кога станува збор за давање препораки за компанијата – на пријателите или семејството.

Освен тоа, требало да оценат и колку се задоволни со одговорот на компанијата во која работат на пандемијата и да го оценат својот работодавец врз основа на имиџот, економското влијание на корпоративните активности, развојот на таленти, родовата еднаквост и општествената одговорност.

Конкуренцијата била огромна: во обѕир биле земени дури 750 корпорации кои делуваат ширум светот, со седишта во 45 земји. Од нив се истакнале 10, а ова е редоследот од најдобро до најлошо оценетата компанија:

1. Самсунг електроникс

2. Амазон

3. ИБМ

4. Мајкрософт

5. ЛГ

6. Епл

7. Адоб

8. Алфабет (Гугл)

9. Сименс

10. Бош

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (Синдикат на УПОЗ) предводена од претседателот Пецо Грујовски и генералниот секретар Трпе Деановски.

Од Владата соопштија дека е договорено во Буџетот за 2021 година за првпат да се предвиди и исплата на регрес за годишен одмор согласно потпишаниот Грански колективен договор, односно за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

„На средбата со претставниците на Синдикатот на УПОЗ е разговарано дека Владата на Република Северна Македонија ќе даде насока исплатата на регресот за годишен одмор да се одвива во месеците јули, август и септември 2021 година, односно веднаш по исполнувањето на условот вработениот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај работодавачот“, соопштија од Владата.

извор: Makfax

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »