Промовирани огласи »

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, презентирајќи го предлог-буџетот за 2021, рече дека Владата останува на ставот да не се воведува полициски час, иако бројот на бројот на заболени од Ковид-19 рапидно е пораснат.

- Ставот на владата е дека се уште не е дојдено времето за полициски час. Мерките од здравствен аспект даваат резултат. Што се однесува до последиците, тие се поврзани - колку повеќе го кратите времето на економските субјекти, толку повеќе загубите се поголеми за нив, рече Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање.

Вицепремиерот на презентацијата рече дека до крајот на годината календарот „е покриен“ со економските мерки, а во буџетот за 2021 за следната се предвидени 3 милијарди денари или 50 милиони евра за евентуални мерки за справување со ковид-кризата со кој ќе се подржат стопанството и граѓаните

До крајот на првата половина од 2021 нема да се размислува за зголемување на минималната плата, а при продажбата или јавно-приватното партнерство за „Македонска пошта“ и за „Македонски железници Транспорт“ приоритет ќе биде квалитетот на услугата за граѓаните, а не сумата која ќе се обезбеди за буџетот.

Битиќи потврди дека со Законот за финансиска независност на Собранието на Законодавниот дом за 2021 му следуваат дополнителни 3 милиони евра за трошење и дека овој орган со овие пари сам ќе ја дефинира систематизацијата и потребата за нови вработувања.

Промовирани огласи »

Во листата на Форбс од 400 милијареди – шеесет и тројца немаат факултетска диплома, а повеќе од нив сами го создале своето богатство.

Факултетската диплома не е воопшто пресудна за тоа дали некој ќе успее или не. Милијардерите кои се откажале од факултет очигледно знаат што прават. Тие во просек имаат околу 9.4 милијарди долари, за разлика од милијардерите со докторат чие богатство се проценува на 3.2 милијарди долари, пишува Investitor.me.

Така на пример, доколку ја погледнете Форбсовата листа на 400 најбогати луѓе на светот, ќе видите дека бројот на луѓе без факултет е поголем од бројот на луѓе со докторат – 63 наспрема 21.

Во САД само 2.5 милиони жители имаат докторат, а десетици милиони луѓе се откажале од факултетот.

Статистиката вели дека докторатот ги зголемува шансите да станете милијардер. Освен тоа, поголемиот дел од луѓето кои не завршиле факултет заработуваат пониски плати и имаат пониско ниво на квалитет на животот.

Значи, не се работи само за тоа да се откажете од факултетот, туку и какви се вашите амбиции. Луѓето кои успеаја да станат милијардери без диплома се посебни затоа што поседуваат нешто што ги мотивира да станат успешни и богати.

Милијардерите без факултет може да се класифицираат во две групи.

Во првата група спаѓаат луѓе кои се откажале од факултет поради тоа што добиле идеја за одреден производ или бизнис кој сакаат да го следат бидејќи веруваат дека ќе успеат. Тоа се луѓе кои јасно знаеле што сакаат и не сакале да чекаат да добијат диплома за да го направат тоа. Станува збор за иновативни луѓе кои точно знаат што ќе прават со себе кога ќе завршат со факултетот – Марк Закерберг и Бил Гејтс припаѓаат на оваа категорија.

Втората група се разликува од првата по тоа што не го напуштила факултетот за веднаш да основа свој бизнис. Нивната патека е слична со луѓето од првата група, но сепак се разликува. Тие работеле добро и напредувале кон врвот за по неколку години напорна работа да одлучат дека е време да го преземат ризикот и да основаат своја компанија.

Она што е заедничко за двете групи е тоа што луѓето кои припаѓаат таму имаат јасна визија за иднината, знаат што сакаат да направат и во кој правец треба да се движат, имаат силни работни навики, подготвени се да започнат уште сега, подготвени се да ризикуваат, иновативни се, имаат ниска толеранција на статус кво и способни се да донесуваат вистински одлуки.

Промовирани огласи »

Полициски час да биде последната мерка во борбата со короната. Бизнис секторот алармира дека ново ограничување на движењето ќе биде погубно за економијата. Премиерот најави дека е можно Владата да донесе одлука со која би се ограничило двиежењето од 17 или 18 часот попладне до пет часот следниот ден. Најпогодени од ваквата мерка би биле угостителите, туристичкиот сектор, градежништовото, транспортот.

Анкетата која беше спроведена меѓу фирмите, а се однесуваше на периодот март и април кога економијата беше затворена имаше полициски час и неколкудневни карантини покажа дека дури 82% од компаниите претрпеле штети во работењето.

Кај 43% од анкетираните падот на приходите изнесувал над 50%. 11% од нив целосно ги затвориле бизнисите.

Во тој период 61% од компаниите од анкетата го намалиле работното време на вработените. На принуден одмор биле 19% од вработените, а 9% биле отпуштени.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром ќе додели по 4.000 евра на секое училиште со цел да ги награди наставниците и вработените во училиштата (стручните служби и техничкиот персонал), затоа што работеле во време на здравствена криза.

Парите ќе бидат обезбедени со ребалансот на буџетот на општината, при што секое училиште од општината ќе добие по 500.000 денари за хигиена и тековно одржување. Обезбедени се средства и за образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби од прво до трето одделение во износ од 15.000 денари. Исто така, предвиден е и нов проект во вредност од 260.000 денари, преку кој на учениците со посебни потреби ќе им се овозможат пливачки активности со инструктор. Четири основни училишта ќе добијат проекти и сеизмички елаборати за нивна доградба, во висина од 4,2 милиони денари.

„Сите детските градинки ќе добијат еден милион денари за хигиена и тековно одржување и 18 милиони денари за одржување и санација на зградите, а ќе се скрати и рокот за доградба на детската градинка ‘Црвенкапа‘, која ќе почне кон крајот на годинава. Со ребалансот на буџетот одвоивме средства за 4 нови еколошки проекти, со кои очекуваме да се подобрат условите за поквалитетен живот на граѓаните“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Целиот текст прочитајте го на Сакам да кажам со клик ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »