Промовирани огласи »

За 100% ќе поскапат месечните карти за вработени за во катните гаражи со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Скопје. Според новиот ценовник што треба да биде одобрен на седницата на Советот на Град Скопје в среда, се предвидува цената за месечните паркинг карти во катните гаражи наместо 1.000 да биде 2.000 денари, дознава Република. 

Со новиот предлог-ценовник се предвидува и поскапување за по пет денари на сите паркинзие со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, како за зонските паркиралишта, така и за отворените со рампа.

Еден час паркирање во зона А наместо 45 ќе биде 50 денари, во зона Б наместо 35 ќе биде 40 денари, додека во зоните Ц и Д каде досега еден час чинеше 25 сега ќе биде 30 денари.

Причина за зголемување на цената за паркирање е поради зголемените трошоци за одржување на јавните паркинзи и катните гаражи со кои стопанисува претпријатието. Зголемени се трошоците за вода, струја, одржување на лифтовите и опремата инсталирана на паркиралиштата – соопштуваат од „Градски паркинг“.

Промовирани огласи »

Дали вакцина против Ковид ќе биде услов за патување во друга земја?

И во Македонија секој кој ќе се вакцинира и ќе побара може да добие сертификат, бидејќи најверојатно без ваков документ нема да може да влезе во многу држави. За ова треба да прецизираат министрите за земјите членки на ЕУ.

-Може некои земји ќе им побараат документ за да може да се влезе на нивна територија, ова допрва ќе се организира. И ние најверојатно ќе издаваме таков сертификат односно документ за да може граѓаните оние кои сакаат да патуваат, рече д-р Исјановски за Сител. 

Инаку вакцинацијата против Ковид ќе се закажува преку “Мој термин” и целиот процес ќе се следи преку него. Во меѓувреме секој Здравствен дом треба да пополни прашалник и детално да го наведе бројот на кадар кој ќе ја спроведува имунизацијата, дали се соодветно обучени, колку вакцинални пунктови имаат и дали персоналот поминал обука за одржување на “студениот синџир”за вакцини. Ова било разговарано на денешниот состанок на министерот за здравство и претседателката на Комитетот за имунизација со директорите на сите Здравствени домови во земјава на кој биле посочени неколку клучни сегменти за вакцинацијата против коронавирусот. Ќе се спроведува во сегашните пунктови, а вработените ќе поминат соодветна едукација. Еден од предизвиците ќе биде чувањето,доколку во Македонија дојде вакцината на Фајзер и Бионтек која се одржува на -70 степени и затоа министерството најави донација која ќе стигне во јануари.

 -Ние како Здравствен дом Скопје немаме такви фрижидери на -70, не верувам дека и помалите здравствени домови имаат. Ќе почекаме да видиме дали министерството ќе ги набавува, а ние сме подготвени како Здравствен дом Скопје да набавиме, изјави д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.

И додека во некои земји денови се во прашање за почеток на вакцинацијата  против Ковид, кај нас ќе почне најрано во првото тримесечје од 2021. Според најавите од здравствените власти планирано е да се набават 2.4 милиони дози за 60 до 70 проценти од населението. Вакцината ќе биде бесплатна и личен избор на секој граѓанин.

Промовирани огласи »

Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје.

Поради пандемијата од корона вирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде симболично. Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание.

На плоштадот „Македонија“ вечер ќе присуствува и градоначалникот Петре Шилегов.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,50 денар/литар и ќе изнесува 61,00 ден/лит.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,00 денар/литар и од полноќ ќе изнесува изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 30.11.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 30.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,368 ден/кг.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »