Промовирани огласи »

Претседателот Стево Пендаровски во синоќешната емисија „Тема на денот“ во рамки на дневникот на ТВ Сител рече дека анкетитите покажуваат дека помал дел од населението е подготвено да ја прими вакцината против Ковид-19, па според тоа, тој сака да биде првиот граѓанин на земјата кој ќе го направи тоа за да биде позитивен пример.

Јас би сакал да бидам прв што ќе ја прими вакцината кај нас. Не затоа што сакам прв да се заштитам, бидејќи кај мене се влегува со строги протоколи, туку само за да ја кренеме свеста. Бидејќи видов процент дека мал дел од граѓаните се спремни да ја примат вакцината. Ако е тоа возмонжно, па и да се направи некој спот. Станува збор не само за мене, туку и за моето семејство, предложи шефот на државата.

Со таквиот пример, Пендаровски верува дека ќе даде придонес во кревањето на свеста кај граѓаните.

Промовирани огласи »

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска преку хибридна презентација ќе го претстави јубилејното 10-то издание на ТОП 100 најуспешни компании.

Покрај промоцијата на каталогот на најмоќните 100 компании, ќе бидат доделени неколку награди на компании со посебно достигнување во одредената област, како и придонес и влијание на економијата на државата.

Наградите ќе бидат врачени од страна на претставници на Комората, како и од претставници од Владата на Северна Македонија.

Промовирани огласи »

Плаќањето и купувањето на интернет се безбедни, ризикот е при нарачка од небезбедна веб страница. Потрошувачите нема да бидат злоупотребени доколку купуваат од е-трговци што ги исполнуваат сите норми, а знакот кој укажува и по кој може да се препознае безбедна веб страница е https://. Законот ги штити потрошувачите и е-купувачот има свои права, но само од легална веб продавница. Дека е безбедно купувањето и плаќањето уверуваат и од банките и од Асоцијацијата за е-трговија.

Од Асоцијацијата е-трговија за МИА велат дека безбедноста во е-трговијата е навистина на високо ниво.

Ако земеме од аспект на е-плќање, платежните процесори посветуваат големо внимание на безбедноста. Се користат енкритпирани податоци, како и 3D Secure code (MasterCard Secure Code и Verified by Visa). Работата на платежните процесори е контролирана од меѓународните картични организации и тоа е еден од условите за да се добие, но и задржи лиценцата на процесорот. При воспоставување интероперабилност на софтверот за нарачки на интернет трговецот и софверот за плаќање на платежниот процесор се внимава на стандардите за размена на податоци и безбедноста на истите, односно е-трговецот нема пристап до податоците од картичката со која се врши плаќање, истакнува за МИА Виктор Стојкоски, генерален секретар на АЕТМ.

Прочитајте ја целата вест на Bankarstvo.mk.

Промовирани огласи »

За сите граѓани на РМ

  • Јануари 01 (петок) - Нова Година

  • Јануари 07 (четврток) - Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • Мај 01 (сабота) - Ден на трудот
  • Мај 03 (понеделник) - Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • Мај 13 (четврток) - Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
  • Мај 24 (понеделник) - Св. Кирил и Методиј - Ден на сесловенските просветители
  • Август 02 (понеделник) - Ден на Републиката
  • Септември 8 (среда) - Ден на независноста
  • Октомври 11 (понеделник) - Ден на народното востание
  • Октомври 23 (сабота) - Ден на Македонската Револуционерна Борба
  • Декември 8 (среда) - Св. Климент Охридски

Православна вероисповед

  • Јануари 06 (среда) - Бадник, ден пред Божик
  • Јануари 19 (вторник) - Богојавление (Водици)
  • Април 30 (петок) - Велики Петок, петок пред Велигден
  • Јуни 18 (петок) - Духовден, петок пред Духовден
  • Август 28 (сабота) - Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Католичка вероисповед

  • Април 05 (понеделник) - Велигден, вториот ден на Велигден
  • Ноември 01 (понеделник) - Празникот на сите светци
  • Декември 25 (сабота) - првиот ден на Божик.

Муслиманска вероисповед

  • Јули 20 (вторник) - Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

Албанската заедница во РМ

  • Ноември 22 (понеделник) - Ден на Албанската азбука

Српската заедница во РМ

  • Јануари 27 (среда) - Свети Сава

Ромската заедница во РМ

  • Април 08 (четврток) - Меѓународен ден на Ромите

Влашката заедница во РМ

  • Мај 23 (недела) - Национален ден на Власите

Еврејската заедница во РМ

  • Септември 16 (четврток) - Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

Бошњачката заедница во РМ

  • Септември 28 (вторник) - Меѓународен ден на Бошњаците

Турската заедница во РМ

  • Декември 21 (вторник) - Ден на настава на турски јазик.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »