Промовирани огласи »

Данокот на имот за недвижен имот кој не се користи подолго од шест месеци во текот на една година, ќе се зголеми за трипати, предвидуваат измените на Законот за даноци на имот, кој денеска е усвоен на владина седница.

Измените ќе важат од 1 јануари 2022 година, а законот ќе оди во редовна постапка. Целта е, како што информира владината прес- служба,  да се обезбеди прогресивно, праведно одданочување.
– Со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со повеќе пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои  данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот, се наведува во соопштението од Владата.
Доколку државата, општините, Градот Скопје и општините во него, како и физичките и правните лица не го пријават недвижниот имот, кој не го користат, ќе платат данок за петпати повисок од пропишаниот.

Промовирани огласи »

2020 година беше полна со стресови за сите нас. Помеѓу пандемијата, напнат изборен циклус, тешка економија и драматични промени во начинот на кој фунционораме, никој не може да ве обвини дека сте под стрес. На наша среќа, постојат голем број на одлични начини да се намали дел од тој стрес. 

Јога

Истражувањето на Медицинскиот факултет на Харвард сугерира дека јогата е неверојатен начин за ослободување од стрес. Нивните истражувања покажуваат дека јогата всушност ја модулира реакцијата на мозокот во стресот, градејќи ја вашата отпорност на стрес со текот на времето. Едноставно кажано, вежбањето на јога може да ви помогне не само да го намалите стресот, туку и да бидете поимуни на зголемување на стресот и во иднина. 

Вежби со висок интензитет (HIIT)

Сите истражувања на глобално ниво се согласуваат дека редовното вежбање може да помогне во намалување на стресот. Но, истражувањето на Универзитетот во Мисури-Колумбија укажува дека конкретно, вежбите со висок интензитет се уште поголем извор на намалување на стресот и анксиозноста. Нивната студија сугерира вежби со висок интензитет особено за жените.

Трчање

Студија на Универзитетот во Мериленд откри дека луѓето кои трчаат имаат пониско ниво на стрес од оние кои не трчаат. Не само тоа, туку тие се поотпорни на ситуации кои предизвикуваат стрес. Едноставно кажано, трчањето неколку пати неделно може да има позитивно влијание врз нивото на стрес. Да се ​​биде под стрес може да има и ментални и физички последици врз вашето здравје, па затоа е важно да учествувате во активности што го одржуваат стресот на многу ниско ниво.

Промовирани огласи »

На работодавците од приватниот сектор им остануваат уште 20тина дена да ја исполнат законската обврска за исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15. Регресот според одредбите на Општиот колективен договор треба да се исплати до крајот на годинава и тоа во висина од 10.905 денари, што е еднакво на 40 проценти од просекот на последните три просечни нето-плати исплатени во државата, објавени од Државниот завод за статистика.

Иако годината е кризна, па дел од работодавците платите на работниците им ги исплатуваат со помош од државата, а некои поради кризата воопшто не работат, обврската за исплата на К-15 и понатаму постои. Од почетокот на кризата па досега со вонредни мерки или интервенции во закони се сменија многу работи, но одредбите за исплата на регресот и за казнените одредби за неисполнување на таа обврска останаа. Дека според Колективниот договор треба и годинава да се исплати К-15 потврдуваат и работодавците и синдикалците.

Исплатата на К-15 остана како обврска. Дел од компаниите веќе го исплатија. Некои тоа го направија само за да ја исполнат законската обврска, некои пак за да ги мотивираат вработените. Тие направија трошок, а со тоа инвестираа во работниците. Но, поголемиот дел од компании се соочени со финансиски тешкотии. Тие треба да се договорат со вработените околу исплатата на К-15. Но, нагласувам, битно е тоа да се продискутира со вработените преку синдикалниот претставник или претставник на работниците ако во фирмата нема синдикат, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија очекуваат и оваа година работодавците да ја исполнат обврската за исплата на К-15 како што е предвидено со колективните договори.

„Исплатата на регресот за годишен одмор е уредена со Колективните договори, а Колективните договори според Уставот на државата имаат еднаква правна важност како и законите. Важењето на Колективните договорни не може да се суспендира од страна на државни органи“, вели претседателот ан ССМ, Дарко Димовски.

Промовирани огласи »

А1 Македонија годината ја завршува со уште една атрактивна промоција со која корисниците на услугите добиваат уште повеќе бенефиции. Од А1 Македонија велат дека во годината која е поинаква за сите, нивната намера е да ги разубават празниците за своите корисници со специјална промоција со која добиваат можност да ја дочекаат новата 2021 година соможност да добијат уреди по најповолни услови, многу повеќе содржини и услуги кои овозможуваат премиум корисничко искуство. За деталите за новогодишната промоција зборувавме со Елена Ајтарска и Јане Плавевски, Маркетинг Експерти од А1 Македонија во резидентниот сегмент.

1. Што ве водеше при креирањето на новогодишната промоција

Јане: Како и при секое креирање на нов продукт или промоција, фокусот на А1 Македонија се нашите корисници. Потребите на корисниците секогаш се вистинската насока по која една компанија треба да се води како би постигнала високо ниво на корисничко задоволство и одлични резултати и тоа го правиме и ние во А1.

И покрај тоа што овој празничен период е поразличен од било кој претходен, корисниците ќе сакаат да ги израдуваат своите најблиски и да им подарат нешто со кое би им посакале многу поубава и поуспешна нова година. Поради ова, А1 Македонија понуди значително зголемен буџет за набавка на смарт- телефони и телевизори во рамки на своите услуги од Мобилното и Конвергентното портфолио (Мобилни, ТВ и интернет услуги).

2. На кого се однесува новогодишната промоција

Јане: Оваа промоција се однесува на сите корисници и нивните семејства кои можеби за време на празничниот период не можат да бидат заедно поради здравствени и сигурносни причини но преку услугите на А1 Македонија можат секогаш да останат поврзани, а исто така и да си даруваат одлични подароци.  Свесни сме дека 2020 со себе донесе големи предизвици на сите планови на нашите корисници и токму поради тоа со зголемениот буџет сакаме да им понудиме можност да си набават уред согласно нивните потреби, но и огромно количество на мобилен интернет за непречена комуникација.

3. Кои се придобивките од корисниците на мобилната телефонија од новогодишната промоција

Јане: МобилнотоПостпејд портфолио на А1 Македонија (А1 Neo) секогаш на корисниците им ја нуди најголемата вредност за она што го плаќаат, а со оваа промоција ќе понудиме и дополнителни Новогодишни изненадувања ! Во тарифата А1 Neo M+ корисниците ќе можат да го изберат ексклузивниот смарт- телефон Samsung Galaxy A31 по одлична цена од 299 денари/месечно или Samsung Galaxy A21s по цена од 99 денари/месечно.

Дополнително, за време на новогодишната промоција корисниците ќе можат да добијат и неверојатни 50GB мобилен интернет вклучени во тарифата, кој доколку не го искористат ќе можат да го зачуваат во A1 Net Sef, а потоа доколку сакаат и да го разменат за дополнителни придобивки преку апликацијата Мојот А1.

4. Дали корисниците имаат потреба од комбинирани услуги?

Елена: Да, секако. Во период кога повеќе од било кога корисниците го минуваат времето дома, неопходна е потребата за комуникација со светот, без разлика дали станува збор за онлајн настава, работа од дома, информирање за случувањата или релаксирање со добра музика или филм. Од тој аспект, неоспорна е потребата за стабилна интернет конекција и квалитетна ТВ соджина. Овие услуги во комбинација со мобилни услуги во А1 Combo им овозможуваат на корисниците да имаат заштеда на време и пари остовремено благодарение на поволностите кои ги нуди тековното А1 Combo портфолио.

5. Кои услуги може да се комбинираат?

Елена: Ние континуирано ги следиме потребите на нашите корисници и затоа тековното А1 Combo овозможува максимална флексибилност која е единствена како понуда на пазарот и може да ги задоволи различните потреби на корисниците. За корисник да ги добие поволностите на комбинираните услуги, односно да има А1 Combo, потребно е да има најмалку една мобилна линија и интернет услуга. Бројот на мобилни линии кои може да се вклучат во А1 Combo зависи од тарифниот модел на интернет услугата на корисникот и максимално може да се вклучат до 10 мобилни линии, без притоа да има ограничување за тарифните модели на кои се тие мобилни линии. Телевизијата како сервис е опционална во А1 Combo. Доколку корисникот сака да има ТВ сервис има еклузивна можност да ја креира својата програмска шема. Согласно тарифниот модел кој корисникот ќе го избере, покрај стандардните канали кои се вклучени бесплатно во претплатата, ќе може да одбере до 3 дополнителни бесплатни ТВ пакети. Исто така, веќе еднаш избраните ТВ пакети може да се менуваат во текот на договорот согласно корисничките потреби преку апликацијата Мојот А1. Односно со една реченица, целосна флексибилност и контрола на трошоци од страна на секој корисник.А благодарение на новиот А1 калкулатор, секој корисник може онлајн да го креира и да го нарача својот А1 Combo пакет.

6. Која е најголемата придобивка во овој сегмент во новогодишната промоција?

Елена: А1 Combo асоцира на заштеда на трошоци заради големите попусти на месечна претплата кои корисниците ги добиваат и на мобилните и на фиксните сервиси доколку се врзани во А1 Combo комбиниран пакет. Но, А1 Combo нуди и највисока вредност за корисниците. Сите А1 Combo корисници добиваат бесплатно А1 Xplore TV, А1 Видеотека, брз и стабилен интернет, најквалитетна слика на пазарот, максимална флексибилност за креирање на својот пакет, но и најголем попуст за набавка на уред.

7. Од што зависи висината на попустот и за што може да се искористи?

Елена: Нема ограничување за типот на уреди кои корисникот може да ги набави од А1 Македонија и согласно неговите потреби може да избере мобилен телефон, но и телевизор, таблет, паметни уреди, е-скутер, Play Station итн. Висината на попустот зависи од тарифните модели на мобилните и фиксните услуги кои се дел од А1 Combo. Најпопуларната комбинација во А1 Combo од A1 Net M + TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ нуди попуст за набавка на уред од 20.000 денари кој може да искористи за набавка на атрактивен мобилен телефон како Samsung Galaxy A51 без дополнителна доплата или 50’’ Samsung телевизор за месечна рата од само 199 денари.

ПР-објава

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »