Промовирани огласи »

Кога станува збор за избор помеѓу кандидат за работа со совршена биографија и оној кој се борел низ животот и поминал низ многу тешкотии, Регина Хартли секогаш му дава шанса на „Страдачот“. Како некој кој пораснал со многу тешкотии, Хартли знае дека оние кои се издигаат од најтемните простори се мотивирани да дадат се од себе на работното место. „Изберете го потценетиот кандидат, чие тајно оружје е страста и целта“, вели таа.

Промовирани огласи »

Македонија е една од земјите во Европа чии главни семејни трошоци се оние за храна  Од рангирање со 40 земји, таа е на 37-то место. Ова го покажува експертското истражување на РИА Новости во однос на учеството на трошоците за храна, рекреација и лоши навики.

Од семејниот буџет Македонија троши друи 37 отсто за храна, а Бугарија е една позиција погоре со 36,2 проценти за овој издаток. За споредба, Грците го имаат 22  место со одвојување за храна од семеен буџет за 20%, Романците се33-ти со 32,5%, по нив Србите за 34,2%,.

Луксембург е на првото место и жителите на оваа земја трошат само 8,4 отсто за набавки на храна. По нив следуваат Холандија и Велика Британија со 10,6% од трошоците. Исто така, помалку од 12% од овие трошоци имаат жителите на Ирска, Германија, Финска, Австрија и Норвешка. 

Општо, велат експертите, горниот дел од рејтингот се состои од економски развиени западноевропски земји. Најзначајно е учеството на трошоците за храна меѓу жителите на земјите од поранешниот СССР и Источна Европа. Во Казахстан жителите трошат најголем дел од семејниот буџет за храна од сите земји и се застапени во рангирањето со 49,4 отсто. Повеќе од 40 отсто за храна трошат жителите на Украина и Молдавија. 

Експертите исто така ги анализираа индикаторите за учеството на семејните буџети за рекреација и култура. Лидерите овде се економски просперитетни западноевропски земји - Шведска (18,7%), Велика Британија (13,1%) и Австрија (11,5%). 

Жителите на Казахстан имаат најниско учество во овој индикатор од 1,7%. Исто така помалку од 3% од приходите се трошат на рекреација и култура во Северна Македонија (1,8%), Украина (2%) и Молдавија (2,8%). 

Промовирани огласи »

Коосновачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс, верува дека враќањето во нормала за САД е подалеку отколку што луѓето очекуваат и покрај вакцината за Ковид-19, која беше одобрена и дистрибуирана оваа недела.

Гејтс, кој донираше милиони за вакцинација преку неговите фондации, рече дека до летото 2021 година САД треба да бидат „многу поблиску до нормалното отколку што сме сега“, но дека целосното враќање во нормала е веројатно можно само по 2022 година.

Милијардерот изјави за Си-ен-ен дека постои ризик од враќање на вирусот „ако не им помогнеме на другите земји да се ослободат од овие болести и ако стапките на вакцинација во САД не се високи“.

Гејтс смета дека треба да продолжат да се забрануваат големи јавни собири и рече дека „за жал, повеќето кафулиња и ресторани во земјата треба да бидат затворени за борба против стапката на инфекција“. Тој рече дека кафулињата и рестораните во САД треба да бидат затворени во следните четири до шест месеци. Вистинското враќање во нормала, смета тој, е можно само по 12-18 месеци доколку се направи сè што е потребно за борба против инфекцијата.

Промовирани огласи »

Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, од полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 60 денари за литар, дизелот по цена од 53,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство 53,50 денари за литар, а новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 62,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг со што тој во следните седум дена ќе се продава по цена од 28,287 ден/кг.

Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на поскапувањето на бензините на светските пазари.

Новите цени на нафтените деривати ќе важат во следните седум дена.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »