Промовирани огласи »

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на ден 01.01.2021 година објавува: Ј А В Е Н О Г Л А С за невработените лица

Сите невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање. Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

– Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем;

– Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1,5 година без оглед на износот на кредитните средства;

– Каматна стапка од 1% на годишно ниво;

– Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари);

– Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

Барањето за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk, како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: [email protected] и [email protected].

Промовирани огласи »

Ќе се воведе ли здравствен пасош за слободно патување? И дали ќе го имаат само тие кои ќе се вакцинираат од Ковид-19? Ова се дилемите за кои Европа ќе расправа во наредниот период, откако Грција официјално побара да се воведе вакцинален пасош, со цел да се врати слободното патување во рамки на Унијата.

Дел од епидемиолозите сметаат дека и тие кои прележале Ковид-19 би требало да може безусловно да патуваат надвор од границите, бидејќи имаат можеби и повеќе антитела отколку тие кои ќе се вакцинираат.

За идејата за здравствен пасош лидерите на ЕУ ќе разговараат на 21 јануари. Епидемиологот Пановски смета дека доколку Европа воведе задолжителна вакцинација како услов за слободно да се патува, тоа би се косело со човековите права.

И додека Европа ги заострува правилата за прекугранично патување, регионот ги отвара границите. Од денеска не е потребен негативен ПЦР тест за влез во Црна Гора, а од четврток слободно ќе може да се патува и во Србија. Освен во овие држави, македонските државјани засега безусловно може да патуваат и во Албанија и Косово.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2021 година (вторник), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Во продолжение прочитајте и кои се сите неработни денови оваа година:

За сите граѓани на РМ • 01 мај (сабота), Ден на трудот, • 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, • 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, • 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, • 02 август (понеделник), Ден на Републиката, • 8 септември (среда), Ден на независноста, • 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, • 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, • 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед • 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, • 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, • 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед • 05 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, • 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, • 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед • 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на српската заедница во РМ • 27 јануари (среда), Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ • 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите, За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ • 23 мај (недела), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ • 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ • 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

На видео состанок на 21 јануари, лидерите на ЕУ би можеле да ги разгледаат барањата за воведување на европски сертификат за вакцинација, т.н. „здравствен пасош“, велат од Европската комисија.

– Прашањата во писмото, вклучително и напредокот на вакцинацијата низ ЕУ, ќе бидат предмет на разговори на лидерите на ЕУ, кои ќе се состанат преку видео конференција на 21 јануари. Во зависност од исходот на оваа средба, ќе можеме да одговориме на писмото на премиерот Мицотакис – вели портпаролот на Комисијата, Стефан де Керсмакер.

Во Брисел додаваат дека сè уште не ја достигнале фазата кога би можеле да дадат свој став по прашањето на таканаречените здравствени пасоши, кои се повеќе се споменуваат во европската јавност.

– Во моментов имаме многу прашања во контекст на пандемијата со која се справуваме, почнувајќи од стратегијата за вакцинација, па сè до она што ќе го правиме кога граѓаните ќе се вакцинираат. Сето тоа ќе биде дел од разговорите и со земјите-членки – наведува Комисијата.

Во писмо до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајон, Кирјакос Мицотакис повика на приоритет за враќање на слободата на движење низ ЕУ, но исто така предупредува на важноста од итно усогласување на позициите на земјите-членки за сертификат за вакцинација, што според него ќе помогне во обновувањето на патувањата и туризмот што е интерес за Европа.

Мицотакис смета дека приоритет на ЕУ е што е можно поскоро да се обезбеди слобода на движење, иако Грција, како што нагласи, „нема намера вакцинацијата да ја направи задолжителна или задолжителен услов за патување, но дека на оние што биле вакцинирани треба да им се обезбеди можност да патуваат“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »