Промовирани огласи »

Владата денеска ја разгледала и усвоила Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот ќе бидат повисоки. Најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари. И овој месец ќе се врши предвремена исплата на пензиите. Пензионерите ќе располагаат со парите преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година.


Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001 - 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001 - 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок).

Промовирани огласи »

Како што беше и претходно најавувано, со авион ќе можете да патувате само со КОВИД пасош. За ваквиот услов треба да се одлучува и да влези во сила од страна на Меѓународната организација за авионски транспорт .

Според оваа организација, со КОВИД пасошот ќе се патува од месец март оваа година. Првите кои што ќе го употребат ќе бидат големите авиокомпании.

Ковид пасошот ќе биде и со мобилна апликација, преку која ќе се потврдува дека патникот направил тест или ја има примено вакцината против коронавирус, пишува албанската новинска агенција ИНА.

Компаниите забрзано работаат на создавање на апликацијата, која ќе биде бесплатна за користење.

Од Меѓународната организација за авионски транспорт велат дека на овој начин ќе биде зголемена добербата за отварање на границите и на авионскиот транспорт, исто така за патниците нема да има ниту карантин, бидејќи истите ќе имаат доказ дека ја примиле вакцината против коронавирус.

Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче објави на неговиот Фејсбук профил дека на денешната седница на Влада е усвоен предлогот угостителските објекти да работат до 21 часот почнувајќи од 21.01.2021.

Иако вчера министерот по економија, Бектеши, најави дека можно е угостителските објекти да работат до 23 часот, сепак Филипче пишува дека е рано за тоа.

– Денеска на седница на Влада, усвоивме предлог, од 21.01 работното време на угостителските објекти да биде до 21 часот, напиша Филипче.

Тој најави дека следната недела можно е олабавување на мерките.

– Следната недела откако ќе ја анализираме епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот, заврши тој.

Промовирани огласи »

Татко и неговите две полнолетни деца биле уапсени на граничниот премин Промахонас при влез во Грција, бидејќи одбиле да им биде направен рапид тест, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, 67-годишниот маж, 27-годишниот син и 23-годишната ќерка, сите грчки државјани, ќе треба да платат и казна од 5.000 евра, а биле уапсени за прекршување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител.

Освен негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, на сите оние кои преку копнените граници влегуваат во Грција задолжително им се прават и брзи тестови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »