Промовирани огласи »

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Од таму појаснуваат дека одлуката е донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денари, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 13 денари, а цената на мазутот останува иста.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 61 денар за литар, на ЕУРОСУПЕР БС -98 е 63 денари, на дизелот е 52,50  денари за литар, а на маслото е 41,5 денари за литар. Цената на мазутот останува на 30,823  денари за килограм.

„Овие цени ќе важат сѐ до донесување на нова одлука. Како што знаете, РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбта, РКЕ ќе закаже седница и  ќе изврши соодветно усогласување на одлуката“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Промовирани огласи »

Вработените во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности во ноември лани земале просечна нето плата од 66.556 денари. 

Вработените во информации и комуникации земаат плати од 49.824 денари во просек, а во воздухопловен транспорт добиваат во просек по 49.144 денари. Вадење на руди и камен е сектор со просечна плата од 40.288 денари, а 46.607 денари земаат во производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати. 

Во финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови имаат плати во висина од 43.231 денар. Во дејности за здравствена заштита  просечната нето плата според Државниот завос за статистика изнесувала 36.304 денари. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27 588 денари. 

Владата се пофали дека создале услови за повисоки плати. 

Промовирани огласи »

Лидерите на ЕУ на денешниот онлајн самит ќе разговараат за епидемиолошката состојба во Европа и усогласувањето на мерките за борба против пандемијата, а една од темите може да биде идејата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да се воведе „ковид пасош“ за кој членките на ЕУ имаат различни ставови.

Во писмото до претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Мицотакис предложи сертификатите за вакцинација да ги користат луѓе кои патуваат.

Иако не сакаме вакцинацијата да биде задолжителна или предуслов за патување, луѓето кои се вакцинирани треба да имаат слобода да патуваат – рече грчкиот премиер.

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека тоа може да се реши со комбинација на сертификати за вакцинација и негативни тестови за ПЦР за оние кои не биле вакцинирани.

Романскиот претседател Клаус Јоанис го отфрли предлогот на Мицотакис, велејќи дека „не е добро да се подели Европа на два дела“.

На денешниот состанок, покрај Јоанис, се очекува и некои други лидери на ЕУ да изразат несогласување за таквиот предлог.

Предлогот да се воведат сертификати за вакцинација не е нов за Европската комисија, која го разгледува уште од раните фази на пандемијата. Оваа идеја веќе беше спомената во Стратегијата за вакцинација на ЕУ на почетокот на декември како начин за подобро следење на стапките на вакцинација низ цела ЕУ.

Според „Еурактив“, Комисијата работи на насоки за сертификати за вакцинација и особено на нивната „компатибилност“ за да можат да се користат и да се препознаваат ширум блокот.

Кипар беше првата членка на ЕУ што почна со лобирање во декември за укинување на ограничувањата за влез во земја, како што е тест или карантин, за патници кои биле вакцинирани против Ковид-19.

Некои други земји, како Данска, објавија дека имаат намера да работат на „пасош за вакцини“. Во исто време, Франција, која има голем број скептици во врска со вакцината, ја отфрли таквата идеја.

Промовирани огласи »

 Следниот месец на граѓаните кои скенирале фискални сметки во последните три месеци од 2020 година преку апликацијата МојДДВ ќе им бидат вратени 6,1 милион евра. 


895
Објавил: 21 јануари 2021, 15:16
СподелиСподели

Управата за јавни приходи информира дека во текот на февруари ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ во четвртото тримесечје од 2020 година, односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година .

Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари , а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милион евра.

УЈП апелира заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на ЕПДД.

Од направената проверка и анализа, правата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »