Промовирани огласи »

Huawei продолжува да лансира нови смартфони речиси секоја втора недела, па така сега ни пристигнува новиот Enjoy 7 Plus кој со големиот екран и батерија, како и прифатливата цена треба да привлече голем број на купувачи.

Huawei Enjoy 7 Plus располага со 5.5 инчен дисплеј со HD резолуција, работи со осум-јадрен Snapdragon 435 процесор, 3 GB RAM меморија и 32 GB простор за фајлови, како и одлична батерија со капацитет од 4.000 mAh, главна камера со 12 мегапиксели, селфи камера со 8 мегапиксели и скенер за отпечатоци од прсти.

Huawei Enjoy 7 Plus го користи најновиот оперативен систем Android 7.0 Nougat и со добрата оптимизација се очекува да има доста солидни перформанси, секако гледано според ценовната категорија до 250 долари на која и припаѓа.

Промовирани огласи »

Еден од трите најголеми тур-оператори во Полска, Rainbow, ќе почне да ја продава Македонија на своите туристи.

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, полскиот тур-оператор по повеќе дена инспекциско патување низ земјава, склучи договори со неколку хотели и одлучи идната година да почне со чартер летови.

По Рего Бис, ова е втор голем тур-оператор кој пројави интерес да ги нуди македонските туристички убавини на туристите од Полска. Со неговото доаѓање двојно ќе се зголеми бројот на полските туристи. Рего Бис почнува да лета оваа година, а Rainbow наредната, 2018-та година. Ова е можност Македонија да се позиционира како туриситичка дестинација на 38-милионски пазар и овојпат ќе ја прошириме нашата понуда, со што фокусот покрај езерскиот туризам, ќе биде и на другите делови од Македонија, изјави директорот на Агенцијата Лела Крстевска.

Според Агенцијата, трендот на посета на Македонија од полски туристи интензивно расте во изминатите пет години, со што Полјаците се вброија во топ 10-те туристи кои ја посетуваат земјава. Полска е осма земја во Европа по бројност на популација, додека гостите од Полска кои ја посетуваат Македонија се од 30 до 55-годишна возраст со преференца за култура, историја и активности во природа.

Промовирани огласи »

Сајтот Inc наведува неколку причини поради кои добриот работник може да си замине од некоја компанија иако тоа не се очекува. 

1. Потполно сте „изгореле“ на работа

Обично на оној што работи му даваат повеќе работа. Но, само еден вработен не може да ја носи тежината на целиот тим. 

2. Немаат добра опрема за работа 

Тоа може да биде стар компјутер, луѓе кои не сакаат да помогнат, нема напредок во компанијата и слично. 

3. Се чувствуваат дека не ги ценат доволно 

Платата не е доволна. Кога некој работи, сака тоа и да го чуе од претпоставените. 

4. Работната средина не е инспиративна 

Најголем дел од денот поминуваме на работа и важно е да се чувствуваме мотивирано и исполнето. Ѕидовите не мора да бидат стерилно бели, а секој детал влијае на расположението на вработените. 

5. Не напредуваат 

Добрите работници тежнеат кон тоа да бидат што подобри и да напредуваат во кариерата. Тие работат на својот развој. Ако немаат шанса да се докажат, тогаш ќе бараат ново работно место. 

6. Сакаат да заработат повеќе пари 

Оние кои навистина се добри работници треба постојано да бидат наградувани. Често пати ако бараат покачување сами веќе е доцна. 

7. Не гледаат иднина

Талентот на работникот мора да се развива во рамки на компанијата. 

8. Нивниот глас не се слуша 

Сите сакаат да бидат дел од промените. Ако не добиваат известувања за напредок на компанијата, работниците нема да се чувствуваат како дел од компанијата. 

Промовирани огласи »

Три земји имаат најголем индустриски пад во ЕУ за месец февруари. 

Тука спаѓаат Ирска, Франција и Хрватска. Ова го покажа најновиот извештај на ЕУРОСТАТ. 

Во Ирска падот е за 15.5%, во Франција за 1.6%, а во Хрватска има раст од 2.4% во однос на истиот месец лани, по 4% раст во јануари. 

На ниво на целата еврозона има пад на индустриското производство. 

Раст има во Бугарија и Словенија за 3.6%, а во Унгарија и Латвија за 3.4% односно 3.2%. 

Грција изненади во еврозоната со раст од 11.2%. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »