Промовирани огласи »

Oд Светската здравствена организација(СЗО) тврдат дека е откриен изворот на пандемијата.  Детали ќе дадат во наредниот период. 

СЗО започна истрага во јануари за да го открие изворот на пандемијата, а сега велат дека се работи за фарми на диви животни. Многу од фармите се лоцирани во провинцијата Јунан. Оттаму препродавачите набавуваат диви животни за пазарот на морска храна Хуанан во Вухан. Питер Дазак, еколог од тимот на СЗО, за сајтот НПР го раскажа своето искуство во оваа мисија да го бара изворот на пандемијата и рече дека некои од овие диви животни може да биле заразени со вирусот САРС-КоВ-2, и дека тие го зеле вирусот од лилјаците. Мисијата започна во јануари, по серијата теории на заговор што се раширија низ целиот свет. Една од нив беше дека вирусот некако избегал од лабораторијата во Вухан, а СЗО го отфрли тоа сценарио минатиот месец, бидејќи нема докази за тоа.

Научниците се согласуваат дека вирусот циркулирал во лилјаци, а потоа „скокал“ врз луѓето преку посредници, најверојатно преку диви животни кои биле продавани на пазарот. Досега во светот има повеќе од 122 милиони потврдени случаи на коронавирусот. САД, Бразил, Индија, и Русија имаат најмногу случаи. 

foto freepik

Промовирани огласи »

Професорот д-р Никола Пановски се вакцинирал со „Фајзер“ и смета дека оваа вакцина дава одлични резултати уште по првата доза, а на второ место на ранг-листата, според него е руската „Спутник“.

Вакциниран сум со „Фајзер“, и моите колеги се вакцинирани со таа вакцина. Фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза. Антителата се многу високи, втори податоци кои ќе ги ставам на ранг листата е „Спутник“. По 21 ден, на стотици вакцинирани антителата беа многу високи, со антитела над 100, изјави проф. д-р Пановски, микробиолог во Студио 10 на ТВ24.

Според Пановски, ако издржат болниците со вакви мерки, тие се доволни за да се спаси економијата.

Не гледам што ќе се случи ако полицискиот час е од 17 часот. Комплетно затворање три дена ќе наиде на голем отпор кај населението. Далеку сме од масовно вакцинирање, па ако се зголеми полицискиот час, само ќе се зголемат проблемите. Добро е што е стопирана „Астра Зенека“. Петпати е поевтина од „Фајзер“, индикативно е што баш таа е стопирана. Нема доказ да се поврзе тромбозата со таа вакцина. Треба да се види дали е коинциденција, рече д-р Пановски.

Промовирани огласи »

По повод Светскиот ден на среќата 20-ти март Нептун организира голема акција во која на потрошувачите им нуди најголеми заштеди и двојно повеќе поени при секоја купопродажба. Акцијата трае од 18-22 март и важи во сите Нептун продавници ширум државата и за онлајн шопинг преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација NEPTUN MAKEDONIJA.

Светскиот ден на среќата 20-ти март е усвоен од Генералното собрание на Обединетите Нации, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет и во кој се вели дека стремежот кон среќа и благосостојба е основно право на човекот. Сите ние чинители на ова општество треба да преземаме активности со кои ќе шириме среќа, радост, поддршка и да го направиме што поубаво место за живеење.

“haPPy” лојалната програма на Нептун е базирана баш на среќата. Креирана е да инспирира радост кај членовите кои достигнаа бројка од над 300.000. Членството во лојалната програма нуди огромен број на бенефиции во Нептун како: шопинг на цени со попуст, собирање на поени кои генерираат ваучери за идни купувања, право на учество во промоции, купување на рати преку happy кредит, достава, поддршка, монтажа и многу други бенефиции.

Акцијата “Happiness Days 18-22 март” нуди најголеми заштеди, двојно повеќе поени за вас и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Застапени се одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, #АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите, изберете од најдобриот избор и бидете двојно посреќни! Чувството на среќа е глобално право на секој човек! Среќен Ден на среќата!

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 23 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Промовирани огласи »

Повеќето луѓе кои оздравеле од Ковид-19 се заштитени најмалку шест месеци од повторно добивање инфекција, но повозрасните луѓе имаат поголема веројатност повторно да заразат отколку помладите, покажува најновото истражување.

Студија објавена во медицинско списание „Лансет“ открива дека само 0,65 проценти од луѓето вторпат биле позитивни на Ковид-19, откако претходно биле заразени за време на првиот и вториот бран на пандемијата во Данска.

Ова е многу пониско од 3,27 проценти позитивни на вирусот откако се користат многу поточни ПЦР тестови, наместо брзите тестови.

Но, студијата покажа дека луѓето постари од 65 години имаат само 47 проценти заштита од повторување на инфекцијата, во споредба со 80 проценти заштита кај помладите луѓе.

Авторите на студијата не открија зошто заштитата од повторна инфекција опаѓа во рок од шест месеци по болеста, но посочуваат дека се потребни дополнителни студии за да се утврди заштита од повторна инфекција со различни варијанти на вирусот.

Податоците кои беа предмет на анализа беа собрани со помош на данската Национална стратегија за тестирање, во која беа тестирани 69 проценти од населението односно четири милиони луѓе во текот на 2020 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »