Ефективноста на вакцината против ковид 19 направена од „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд е 79% во превенција на болести со симптоми, покажуваат резултатите од големото истражување во САД објавено денес.
Ефективноста на оваа вакцина, пак е 100-процентна во спречување на тешки или критични форми на болеста и хоспитализација, објави фармацевтската компанија „АстраЗенека“.
Овие податоци се објавени по истрагата за појава на згрутчување на крвта и во време кога многу земји продолжуваат да ја користат оваа вакцина откако Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација соопштија дека придобивките од неа надминуваат какви било ризици.
Од компанијатаисто така наведуваат дека независна Комисија спроведе специфична анализа на згрутчување на крвта и церебрална тромбоза како дел од истражувањето во САД со помош на независен невролог.
Компанијата потенцира дека Комисијата заклучила дека „нема поврзан ризик од тромбоза или настани поврзани со тромбоза кај 21.583 пациенти кои примиле барем една доза од оваа вакцина“.
- Со специфична потрага по тромбоза на церебрален синус, не беа пронајдени такви случаи во ова истражување - пишува во соопштението.