Промовирани огласи »

За оние од нас кои неочекувано бевме приморани да работиме од дома пред една година, најголемата промена во нашите работни животи е веројатно во начинот на интеракција со нашите колеги. Многумина од нас поминаа долги часови на состаноци, секојдневно повеќе од една година гледајќи во малите квадрати на екраните на Zoom.

Оваа систематска промена, покрај дополнителниот стрес од пандемијата, за многумина од нас значително го разводни значењето на деловниот изглед. Но, тоа не е еднакво за сите. Како и со многу аспекти на комуникација на работното место, многу елементи играат улога и тука, вклучително и раса, пол и ниво на искуство.

Некои дозволуваат нивните стандарди за средување да се снижат па прифаќаат подолга и помалку стилизирана коса, тренерки и лабава облека, или лица без шминка. Но, некои жени сè уште чувствуваат притисок да изгледаат „попрофесионално“, без оглед дали се плашат да не бидат сфатени несериозно, или од културен притисок.

Пред пандемијата, многу жени потрошија значително дополнително количество време и пари за својот изглед во споредба со нивните машки колеги, а доколку не го правеа тоа често можеше да биде тоа по цена на професионалноста. 

Некои податоци сугерираат дека притисокот не е исчезнат иако работиме од дома. На пример, продажбата на „Сефора“ преку Интернет порасна за 30% во 2020 година, додека во Кина, приходите за други трговци од индустријата за убавина, вклучително и „Амазон“, пораснаа за 20 до 30%.

Овој притисок да се биде „скоцкан“, заедно со домашните обврски, бучни цимери и слично, може да биде причината зошто 39% од жените во анкетата од Харис во 2020 година рекле дека го исклучуваат своето видео за време на виртуелни работни состаноци, бидејќи не им се допаѓа начинот на кој тие изгледаат, во споредба со само 25% од мажите кои го прават тоа.

Дали и вие почесто ја исклучувате камерата за време на работните состаноци?

Дали работата од дома ве наведе помалку да се грижите за Вашиот изглед?

Промовирани огласи »

Македонски компании, најмногу информатички ќе можат да се пријавуваат на тендери објавени за потребите на НАТО Алијансата. За отворената врата на пазарот на НАТО денеска зборува министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а на он лајн настан на неколку домашни компании им биле презентирани и можностите за учество на овие тендери.

Ја отворивме вратата кон НАТО а сега ја отвораме и вратата на пазарот во НАТО. Агенцијата за информации и комуникации при НАТО денес пред неколку наши компании и експерти по информатички технологии ги презентираше можностите за учество на тендери за стручна поддршка на деловните процеси на Алијансата, во делот на комуникациски и информатички системи, сајбер одбрана, платформи, или вкупно околу 150 сервиси, вели Шекеринска.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот. Актуелната состојба со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Бројот на активни случаи во државава изнесува 18.000. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 303 случаи на коронавирусот од направени 1.405 тестирања. Починаа 41 лице, а оздравени се 1.169 пациенти.

Според најавите, имунизацијата со 24.000 дози од вакцината „АстраЗенека“ што преку Ковакс механизмот стасаа викендот, треба да стартува утре со пријавените граѓани над 75 години. Здравствените власти тврдат дека апсолутно нема контраиндикација за граѓани од која било возраст да се вакцинираат со оваа вакцина и порачуваат граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи, како што велат, ова е специфичен период.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека 20 000 граѓани кои се веќе пријавени на возраст над 75 години, во текот на денешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење во кој пункт и во кое точно време да се јават на вакцинација.

Уверува дека за три месеци ќе има дози за ревакцинација, со оглед на најавите дека кон средината на април треба да стигнат уште 76.000 дози од „Астра Зенека“ преку Ковакс механимот.

Април ќе биде месец кога очекуваме вакцините да стигнат од повеќе места и после оваа приоритетна група граѓани над 75 години и други граѓани да се повикаат и да бидат вакцинирани, рече Филипче, кој информираше и дека за граѓаните кои ја искористија можноста и се вакцинираа во Србија побарал да му биде испратен електронски список со цел ревакцинацијата да ја примат во нашата земја.

Во делот на масовната имунизација најави дека почнуваат подготовките и се очекува во текот на следната недела да биде целосно подготвен големиот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“. Тука ќе има 30-тина позиции во кои вработени лекари, сестри од Здравствениот дом ќе ја спроведуваат вакцинацијата тогаш кога ќе стасааат и дополнителните количини вакцини што се очекуваат од Кина.

Во болниците изминатата недела посебно и викендот исто така огромен број пациенти побарале болничка заштита или им била индицирана после направените прегледи.

– Во делот координација и консултација со сите директори на јавните здравствените установи каде се лекуваат пациенти од Ковид-19 направивме целосна реорганизација и на хирушките клиники и на Клиниката за педијатрија и сега имаме дополнителни стотина кревети празни во овој момент на Клиниката за урологија и два спрата на Клиниката за педијатрија каде може да се примат пациенти. Тоа е нешто што ќе биде резерва за овие следни денови, изјави Филипче.

Како што најави, од денеска почнува да се користи капацитетот и на Центарот за рехабилитација во Капиштец каде веќе е поставен кислород на еден од катовите. Четириесетина кревети се оспособени да примаат пациенти, а инсталацијата ќе продолжи во следните денови додека не се постави кислород на сите 180 кревети.

Во Куманово, информираше министерот, има голем притисок. Се прават реорганизациски активности во делот на останатите оддели, освен сега зафатените. Штип тоа го координира заедно со болницата во Кочани, Струмица со Гевгелија. Во Кавадарци сериозно е намален притисокот, има сериозно намалување на инциденцата во однос на тоа што беше претходен двонеделен просек, што, вели Филипче, дава за право да мислиме дека тоа е циклусот од шест до осум недели така како што беше оној бран во ноември. Исто така, вели, има доволен капацитет во Велес, Тетово и Гостивар кои им излегуваат во пресрет на третман на пациентите и од Кичево. На истиот начин има координација меѓу Струшката и Охридската болница. Во Прилеп и во Битола се уште не се во функција модуларните болници, нема потреба, а се подготвени да бидат ставени во функција ако за тоа се укаже потреба како резултат на поголем наплив на пациенти.

Во болниците низ земјава хоспитализирани се 1537 ковид-пациенти и има околу 330 празни болнички кревети. На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 869 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19. Во ковид центрите во другите градови, пак, се лекуваат вкупно 704 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, најмногу во Куманово 143, Прилеп 112, Охрид 100 и во Битола 76.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 127.240, на оздравени е 105.524, а на починати 3.716. Досега во земјава се направени вкупно 616.862 тестирања за Ковид-19.

Промовирани огласи »

Валтек, глобална дигитална агенција чиј фокус е деловна трансформација, денес ја објави аквизицијата на компанијата Кодфлер. Со оваа аквизиција, Валтек, една од врвните светски агенции за дигитална стратегија и деловна трансформација, ја продолжува својата глобална експанзија преку влегувањето на македонскиот ИТ-пазар.

Со преземањето на овој чекор, Валтек се обврзува на инвестирање во македонскиот ИТ-пазар, нудејќи можности за нови вработувања, како и подигнување на нивото на професионалност на ИТ-експертите во регионот.

Со оваа аквизиција на Кодфлер, Валтек дополнително ги зајакнува своите Adobe и MACH (Microservices, API-First, Cloud-native and Headless development) способности ставајќи особен фокус во испорачување на високо квалитетни решенија на Adobe Enterprise платформата.

ЗА ВАЛТЕК

Валтек е глобална агенција за деловна трансформација која испорачува иновација која има цел. Валтек им овозможува на клиентите да ги антиципираат трендовите на утрешнината и директно да се поврзат со своите потрошувачи низ сите свои дигитални и физички допирни точки, истовремено оптимизирајќи го time-to-market времето до пазар како и ROI(поврат на инвестиција).

Валтек е глобално позиционирана мрежа основана во 1993 година со над 3500 иноватори, дизајнери, маркетери, креативци и девелопери кои, покрај канцелариите во Македонија, се простираат на 5 континенти во 49 канцеларии во 18 земји (Аргентина, Бразил, Велика Британија, Германија, Данска, Индија, Канада, Кина, Мексико,Обединетите Арапски Емирати, САД , Сингапур, Украина, Франција, Холандија, Швајцарија, Шведска).

Близу 30 години Валтек успешно испорачува проекти за клиенти во сите индустрии, од Audi, BMW, Toyota и многу други во автомобилската; Novo Nordisk, Bayer, Philips и многу други во здравствената; Schroders, Lloyds Bank и многу други во финансиската; L’Oréal, Louis Vuitton, Heineken и многу други за малопродажба и луксузни брендови; Disney, Hoyts, Ziggo и многу други во медиумската и забавна индустрија; Lufthansa, Qantas, Hyatt и многу други во индустријата за патување и угостителство и листата продолжува натаму.

Валтек поседува експертиза во дизајн на корисничко искуство, технологија и маркетинг, како и пасија за решавање на предизвиците при деловна трансформација на клиентите. Предизвици каде патот на корисникот низ процесот на продажба се реинвентира преку создавање на нови поврзани искуства. Предизвици, каде Валтек во оваа нова дигитална ера и им помага на клиентите да го трансформираат својот начин на работење.

Услугите на Valtech вклучуваат стратешки консалтинг, дизајн на услуги, технолошки услуги, и оптимизација на дигитални платформи за трговија и маркетинг на повеќе канали.

За повеќе информации, посетете ја страницата VALTECH.COM.

“Работејќи со Кодфлер го препознавме докажаниот успех во испорачување на софистицирани деловни решенија за глобални клиенти. Нивната експертиза, особено во просторот на Adobe и MACH технологиите, заедно со нивниот енергичен и квалификуван млад тим, кулминира со силно чувство на посветеност и цел,” рече Оливие Падиу, Главен оперативен директор на Валтек групацијата

“По низа години успешно партнерство, станувањето на дел од Валтек семејството беше следниот логичен чекор. Здружување на силите претставува исклучителна можност за раст, како и континуитет на наша посветеност кон инвестирање во македонскиот пазар.      

Навистина сме многу возбудени што стануваме дел од глобално поврзана агенција и што со Валтек го носиме нашето патешествие на следното ниво.” - истакна Кристоф Томен, Основач и извршен директор на Кодфлер АГ

“Многу сме возбудени за ова ново заедничко поглавје со нашиот партнер Валтек. Заедничката соработка во изминативе години само покажа дека нашата визија да станеме компанија од светски ранг за развој на софтвер и технологии, во целост се поклопува со мисијата, вредностите и позицијата на Валтек. Наш приоритет во следните години ќе биде инвестирањето во можности за вработување на млади ИТ- професионалци од земјава и да им понудиме континуиран развој како и можност да работата за најголемите интернационални брендови користејќи ги најновите индустриски трендови. Станувањето на дел од Валтек, глобален стратешки партнер за дигитална трансформација, ќе ни овозможи да споделуваме меѓународно знаење и долгогодишно искуство меѓу ИТ-професионалците. Сето ова ќе овозможи и забрза градење на силен и посветен тим кој ќе испорачува квалитетни решенија кои најдобро ќе ги опслужуваат нашите клиенти,” – акцентираше Раде Георгиев, Извршен директор на Кодфлер, Македонија

ЗА КОДФЛЕР

Со канцеларии лоцирани во Швајцарија и Македонија (Скопје), Кодфлер се фокусира на обезбедување високо квалитетни софтверски услуги на пазарот, користејќи ги најновите индустриски стандарди и технологии. На клиентите им испорачуваме иновативни и висококвалитетни услуги и софтверски решенија од новата генерација. Нашата експертиза лежи во Adobe Enterprise WCMS (Adobe Experience Manager), Cloud и развој на API (MACH) и Quality Assurance.

Делувањето на Кодфлер се менува и расте со голема брзина, следејќи го дигиталниот свет кој непрестајно се менува. Особено сега, ги разбираме огромното влијание и предизвиците на дигиталната трансформација врз денешните организации, но истовремено и можностите кои таа ги нуди. Дигитализацијата генерира вредности од кои сите може да имаат корист. 

Кодфлер започна со работа во Македонија во 2018 година со мал тим на ИТ-експерти. Денес е брзорастечка компанија сочинета од висококвалификувани професионалци, консултанти, инженери и развивачи на софтвер опремени со најновите алатки кои обезбедуваат највисок квалитет на испорачаните проекти.

Посебен фокус ставаме на културата во нашата компанија. За нас, културата на компанијата е повеќе од изјава за мисија или имање на големи бенефиции. Се работи за тоа како се однесуваме со нашите колеги, како работиме заедно, споделуваме знаење, како и разбирање на вредностите кои поттикнуваат инспирација кај нашиот тим и нашите клиенти. 

Искрено веруваме дека нашата култура секогаш ќе не одржува заедно, и заедно може да правиме промени.

За повеќе информации, посетете ја страницата CODEFLAIR.CH

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »